Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Мешиња како е денес :)
    Колку беше убаво синоќа, сум спиела со чорапчиња и фротирка, мераци :$
    Колку сакам да биде вакво времето до мај, па после пак нека затопли, а во меѓувреме да нема снегови :lol:
    Јас вчера прошетав, бев да разгледам за бебуш ствари, а и си купив влошки , огромни се :worried: кога ги видов тогаш сфатив дека е тешко мене :?:
    Но, ете тоа е, мора и така.
    Да не знаете каде има тетра пелени, пакување или како се продаваат??
     
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Меу тетра пелени имаш во Стружанка и во Македонка, убави,квалитетни,памучни, идат на парче, по 60 денари една е. Има и по други продавници за бебешки работи што се, ама овие највише ми се бендисаа, и македонски памук се плус. Таму можеш и од оние шведските да си најдеш, тие се малце поскапи, околу 100 денари мислам.

    А од каде ги зема влошките? Од аптека? И колку се потребни за породување?
    Поздравче, и да, ноќеска беше милина за спиење...
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    :) незнаеш колку ќе ти биде смешно прашањево кога здравје боже ќе се вратите домче и ќе најдеш време да ни пишеш.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Не зимам шведски, сакам тетра за да ми се најдат, нема да ставам широк повој.
    Ќе проверам обавезно деновиве, барем 5 да земам за сега, па после ќе ми докупат уште 5 , се надевам доста ќе ми се.
    Влошките ги земав од аптека, вир80 се викаат, во Зегин се 56ден, во Виола 65ден.
    Јас ќе земам 3пакетчиња(пакетишта) со мене, ако ми требаат уште ќе донесе сопругот.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Што влошки тие ќе да се МеУ? Како обичнива само макси издание или? Јас тука видов пакување влошки што се како би дошло, хм како гаќички за една употреба. Не знам дали ќе завршат работа. А и баагички скапи се. Каде ни се некои од поискуснива мамички да кажат со колку паковања Вирови :lol: завршиле работа од прилика?
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Во едно пакување има 10 парчиња, дебели се и големи , всушност му доаѓа како памук. Зошто не смее други да се ставаат на раната.

    Мене ми кажаа да си земам 2пакетчиња за во болница, но како што сум саклетџика, мислам дека ќе ми требаат повеќе, сепак јас за почеток земав две. Инаку кај нас ваму не даваат гаќи да се носат, така да, само улошката меѓу нозе и толку.
    А исто ми кажаа и да ги препеглам дома , па пред да одам на пораѓај планирам да ги поминам со пегла.
     
  7. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    sanjaeva знам дека ке се смеам на прашањево и дека и да земам книга нема да имам време да ја прочитам во болница или ке бидам со бебуш или ке спијам ама ајде пак да си земам :)
    Јас денес земав и плик кебенце и многу е убаво плишано , мекичкоо абе мерации :)
    Земав и од оние алкичките за бебенца што се за уроци, тие со окцето..
    А за улошки земав 3 пакетчиња па ако требаат повеќе ке ми донесат не е проблем, мислев и пумпица да купам ама викам ајде ако ми биде потребна ке ми земат, мајками работи на детска клиника па во близина ке ми биде што и да треба ке ми донесе :)
    сега се мислам за во болница дали да си земам пешкири или бањарка , бањаркава многу ми е дебела некако... :)
    поздравче од мене јас одам малку да одморам зошто мртва уморна сум, се изнаодев денес :)
    Имајте убав ден :) :) :)
    едит: за гаќи јас ке си земам, па ке ги облекувам некако скришкум ако е можно, ако не ништо битно да си имам со мене :)
     
  8. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И јас си земав гаки,па не можам без нив ем тоа бев царски рез,па од оние партизанските подлабочките да не ми удират на резот,пред да помине визитата ги соблекував хехех смешки невидени сите ме прашуваа стварно ли неможеш без нив абе и пред пораѓај ми рекоа соблечи ги ,ама бидејки бајаги си чекав за царски и на секој преглед си ги свлекував абе не можам без нив така му реков на еден доктор се искина од смеење
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Де бе Меу па не се толку големи :D а рачунај дека по 2 се ставаат одеднаш ,чувството е како да имаш воз меѓу нозе. Што се однесува до гаќите тие не се препорачуваат ,затоа што стискајќи ги влошките со нозе побрзо се враќа тонусот на интимната мускулатура(не знам поинаку како да ја наречам) која во бременоста и при породувањето поприлично попушта.За да си немате проблем понатаму придржувајте се до тоа да не носите гаќи.
    Не знам како е на новата клиника ,но ако и на оваа има бубашваби мој совет е да си земете некои постари пешкири и воопшто работи кои нема да ги враќате дома.Работите кои ќе ви ги носат нека бидат или во кеси или во кутија.
    Тетра пелени на парче има во Анжи .
    Oд влошките имате и на Бони и мене тие ми беа подобри ,а во болница за 4 дена потрошив 4 пакувања.
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    еееее па не се големи, што е САМО еден воз меѓу нозе :rofl:
    Како бре по две, ај не ме зезај, јас една незнам како ќе ја стискам, како ќе ја држам, не пак две, која погоре,која подоле :?:
    Лелел памет ми се врти кога ќе ми текне и баш поради ова сакав што покасно да почнам со спремање. Сега веќе се е многу по реално :worried:

    Уник, и јас имам пликце ќебе, многу ми е симпатично, ќе ви го пратам да го видите. Многу ми е поубавко него торба или транспортер. Тие ич не ги сакам, како од пазар да сум си го донела бебето ми изгледаат :geek:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. busavka88

    busavka88 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    7
    Мамички како сте? Јас денес малку нервозна, се спремам утре за преглед па се секирам дали ќе биде се добро, некако секогаш ме фаќа паника пред преглед :worried: Сакав да ве прашам, веќе сум 13 недела и треба на следниов преглед да ми земат брисеви, дали се средувавте долу за прегледите, мислам на депилација или бричење, пошто ја досега со ножици се подсредувам ама сега ми е срам да одам така. Совет?!
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    нема зошто да си нервозна се ке биде најдобро на прегледот :) мора да се оди секогаш позитивно, а да јас бев средена , секогаш си се средувам со брич и тоа насекаде :lol:
     
  13. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    За влошките Вир80 јас со царски потрошив 3 паковања,бањарка нема да ви треба не верувам дека цели ке имате сила да се туширате барем за мене зборам јас несмеев на раната да дозволам да имам некоја хемија од тип на шампон и слично е за природно неможам да зборам, гаќи само за излегување облеков и тоа со висок струк од бабските до душа и сега по дома си носам такви добри ми с за раната,бубашваби имав срека не видов инаку собитте се ок со клима телевизор купатило само два кревети и храната не е толку лоша.Како и да е ако нешто ви треба не се секирајте ке ви донесат нема да има проблем само чајот еве сега се консултирав со педијатар и ми рече добро било и пред пораагај неколку недели да почне да се пие.
     
    На Regenbogen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    и мене така ми кажаа за на ГАК дека хигиената била добра, и по две биле во соба, само спаваќите и алиштенцата за бебето биле никакви , така да јас ке си земам и мои па ако ми дадат ок ако не пак ок..
    туку сакав да прашам за чајот.. каков е тој чај? и зошто се пие?
     
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Јас користев Вир80 (Бони не ми се допаднаа баш искористив само едно пакло и се вратив на Вирот80) и да СТАВАВ ПО ДВЕ и стварно се вежбаат мускули :D искористив .. ммм не знам колку пакла за 5 дена а и дома продолжив со истите бидејќи се чист памук и многу похигиенски од класичните за мензис. Носев бапски гаќи откако излегов од болница и продолжив уште долго со истите бидејќи ми беа згодни поради раната (цесареа бев). Во Стружанка продаваат тетра на парче. И ондак то. :)

    п.с. влошките не ги препеглував, ми беше излишно... и немав никаков проблем а и ниедна друга родилка со која стапив во контакт во болницата ги немаше пеглано. Инаку се породив во Чаир и бев во соба со уште две "цимерки".
     
  16. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    За алиштата на бебињата вистина е дека се заникаде но нема да ти дозволат да му облецес други спаваќа носи ако не ти дадат чиста можеш да си ја облечеш ,а чајот е за доилки и надоаѓање на млеко имаш три вида од билна аптека за мене најдобар,но и на хип, или хумана инстант чаеви .
    Значи после пораѓај доењето е најбитна работа за една мајка и за бебето и многу жени се соочуваат со проблем при доење па затоа треба повеке да се едуцираат жените но нажалост на болница малку се обрнува внимание за тоа ,ако сам не се заинтересираш.
     
    На Unique.chick и girl1985 им се допаѓа ова.
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Баш така, упорни се дека е најдобро да доиш ама не обрнуваат многу внимание да објаснат освен ако не инсистираш. Највеќе ми помогнаа цимерките родилки кои веќе беа со второ дете таму. Им благодарам :)
     
  18. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Мене ми се погоди една добра сестра што ги пресоблекуваше бебињата,инаку јас имав искуство зошто гледав на една роднина мало девојче и сама си го пресоблекував и облекував,памперси му менев,но доењето не ми одеше баш,жената како од Господ пратена ја замолив да ме научи како што,да ми објасни,се што ја прашав ми одговараше љубозне,таа е една од милион што се потруди во нашата соба никој да не остане да не дои,значи како да ја претискам грдата,како да го поставам детето и ред други работи,мојата снаа кога се породи така немало кој да и објасни во болницата го изгуби млекото градите и се стврдна и ред други патешествија преживеа и вникичката ми е на адаптирано млекце ама тоа е тоа,не се замараат за ништо тие таму,па од што мене ми беше жал да ми е посерано детето цел ден јас си го соблекував инаку тие три пати дневно им менат памперс
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  19. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Eдно прашање девојки: Од каде ги купувате плик кебенцата, ми треба и мене да си купам едно за од болница, ама баш такво подебелко и плишанко, зашто моево јануарско бебе ќе биде ;)
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ај добро утро, уште еден нов ден пред нас, па убав нека ни е :angel:
    @Силк јас моето пликце го најдов сосема случајно дома, ново , не отпакувано беше , а останало од мене. Како ми се погоди ,чудна работа. Пликцето е розово со бело, уште не ни знаевме што е бебушот, а јас бев пресреќна дека имам такво нешто и дека ќе си го искористам :lol:

    Инаку вакви пликциња треба да има на бит пазар низ продавниците за бебиња, всушност во сите продавници за бебешка облека би требало да ги има.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.