охоо ја никогаш 20 сум немала. Ни бремена ни небремена Минатиот месец 8.4 ми беше сега 7.2 иди да не е стомачен вирус скраја дачеку. Мора на лекар
Значи начисто ќе полудам. Еден проблем ќе се реши, на негово место одма друг. Како сум тргнала на крај во Бардовци ќе се породам. Сега доаѓам од конзилијарно и ми рекоа дека ми е скратен цервиксот. 23+ недела сум, цервиксот ми е 26мм. Ми рекоа само да си продолжам со досегашната терапија и да одмарам. Некоја има искуство со ова?
И јас се прашував кај се губиш ти во мелодрами си влегла главечки Абе будалче кој бремена жена во осми изневерува? Абе коските му се тресат само што те гледа да не се случи нешто, како ќе се “активира” кај швалерката? Во бременост јок потоа од обврски може да се разбегаат зависи од мажот нели колкави му се мудата за фамилија да гледа. Ама потоа ќе си земеш секирче и така ќе бидеш на раб на нервен слом и ќе го средиш на спиење. На глава ќе му оставиш лист: сакаше дете ете му га на! Многу нас не читаше затоа најстрашно го доживуваш. Опушти се може ќе ти биде лесен. Ти иде терминот наскоро се ќе биде во ред!
Здраво мамички, некое чаре на природна база за болка во уво? Од стално имам мака ама сега ми е страв и од капки и од се Ве гушкам
Ајде одиме..'Иди иди несаницее'Да си подежурам јас Нема никој,ова некое предосмомартовско затишје..Дента шубо си станав,енергична,си викам да излезам на сонцето,изнакупив поклони за баби,мајки ..онака едно турбо низ град и за саат-два се вратив ко прегазенаАаа толку е од мене си викам дефинитивно,веќе и од најмал напор се осеќа тој умор,мом.се будам после 2 часа само сон и ќе ме најде сигурно 3 и повеќе дур заспијам пак,а што ме болат ребра,кичма и грб нешто ауу страшноНе можам да се поднесам веќе.Планирам сабота контрола-38 таман ќе почнам,да видам баш што ќе биде,белки ќе се изненадам,ја осеќам малата и се излегува веќе..ко шо ми даваат и стално недела плус демек,таман ќе одговарам на 39 Пуста нестрпливост,само филмови си правам и надевам..ама давам предност уште некој ден барем на мамички пред мене,навивам да се роди некој Мартин или Мартија на 08.03 па да си направиме една чајанка тука Ај да пробам да дремнам уш некој саат
Жени кај сте,што ве нема сабајлево?Ова ќе му излезе затишје пред бура Јас денес фала Богу нормално се осеќам,имам каква таква енергија па си зедов да си спремам торбата,и си реков ај да видам тука да се потсетам што треба да си спакувам да не пропуштам нешто.Ми остана пењоарчето да си го ставам па го пикнав во машина ене се пере (често си го користам за по дома вака сабајлечки)и мислам дека сум спремна. Сега на крај станав мочка невидена,навечер станувам минимум 3 пати за во вц,претхпдно еднаш дали ќе се разбудев.Вчера не знам како ме истрпија дома,само се жалев само офкав и лелекав и на секое приболување на кичма молев Бога да биде веќе работава ама нема тоа јас кога сакам. Денес во план ми е да се фарбам инаку после пораѓај тешко дека ќе имам време за таков луксуз. Туку дајте идеа за ручек смачено ми е веќе од се...
Добар ден труднички Јас многу слабо спиена ноќеска, маж ‘рчеше цела ноќ. Едно време дирекно кај мене во уво. Има среќа што не го удавив со перницата. Го туркав, тискав, штипев, не бе брате, труп!! Ама заборавиме да го пуштиме сингерот да ја намали влажноста на воздухот, па и мене носот ми се затна, едвај дишев.. За 10тина дена ми е во план да си дојдам за Македонија. И маж ќе зеам со мене. Сеа сме пакет. Па деновиве да излезам да зеам по некое поклонче за домашните, и за свеки нешто за празников да и земам, ме гледаше ко кралица неколку месеци дур сама не можев да се глеам. Убав ден ви посакувам
Добро '' утро'' и од мене мешиња. Утрото има наводници затоа што два дена по ред син ми ме буди во 7 сабајле И 2-3 пати навечер, жешко му е се отскрива и ми бара млеко. Е сеа на тоа додадете и 3 станувања за во вц. Претепана сум мислам, ми се спие, досада ме фатила, некако ми е цел редослед испревртен. Ќе помине ај. Е сега се мислам што попрво да купам за бебушка. Дали количка или креветче. Ги имаме и двете работи но синко уште ги користи па треба нови. Па излеа ќе купиме креветче прво, транспортер имаме 5 пати искористен, нов, ќе купам кенгур, па количка. Многу се возбудувам вака за купување бебешка облека, мислам кој не а Почнавме со ситници дури и памперс 1 купивме средно(мало) паковање за почеток. Добар ви ден и од мене
која недела беше? Многу сте,човек тешко да ви ги запамти датумите јас би уште од сега да се спремам да си купувам малку помалку како што кажа кој не е возбуден за шопинк за бебче. Инаку јас прво купив креветче мислев дека е најнеопходно уште од првата минута ко ќе влеземе дома. За количка рано е додека поминат оние фамозни 6 недели плус и прилагодувањето надвор кратко трае за бебе на почеток така да количка не е толку битна на почеток. е сега за разлика од моето мислење/искуство, братучеда од маж ми која се породи 4 месеци пред мене купи количка за кревет вика рано е. Бебче подвижно е на почеток спие на мало место и не можеш да го оставиш само всоба додека ти си вкујна на пр. И си заспиваше вколичка,на тој начин можеш каде сакаш да го однесеш. или ако ти е од оние деца што не спие никаде освен во своето легло каде ќе го носиш сосе кревет ако сакаш на пр кај мајка ти да појдеш на гости? Значи според неа попрактично беше количка.
Јас за првото купив прво количка, така испадна, но според искуство побитно е креветчето за почеток(го купивме 1 недела пред да се породам) Се надевам ќе спие и ова во креветче, а за брзо на големиов батко да му правиме детска соба. Веќе 30та влегувам за 2 дена, ама додека имам сила да почнам малку по малку, не е едно
епа женска времето за среќа е погодено,сончево со пријатно расположение. Иди пиј си кафенце во чаршија и разгледај си детатлно додека ти трае енергијата па одкако ќе видиш одлучи си.
Јас исто купив прво креветче ,веќе е спремно во спална,набавив и транспортер,за во дневна планирам корпа за преку дента тука да си спие..имам и релаксатор,количка ќе набавам за скоро,но мислам за почеток креветче си треба секако,да се научи бебе таму да си спие,а знам доста користат и количка за низ дома за спиење,наместо корпа за во дневна..кој како сака и му одговара.Корпите се по-ограничувачки и се користат само првите неколку месеци Е немам коритце,уште тоа ми остана да земам
Јас првото кога се роди преку ден го оставав на кревет да спие во дневна, а навечер во креветче. Имам сега и релаксатор 0+.
Добар ден и од мене мешиња Јас само да ве поздравам и легнувам да спијам, синока око не склопив до 3ч а утрово станав во 7 ипол, испив кафенце со другарка ми прошетавме малку, јадев па ги исправ новите работи на малата и сега веќе сум кома срце ми спие За креветче и количка ние купивме на крај на 7м гнездо несакам не ми се убави без лудба ама ме асицираат како гнездата за кутренца ми фале релаксатор и треба да одлучиме каков гледав еден во локо кроко ама ме мрзе да одам до таму инаку за спиење многу се нервирам што секој, речиси секој ме убедува дека за џабе сме ја спремале детската кога таа ке спиела со нас е добро де здравје ке пробаме каде сака таму немора пред време филм да ми кршат, тоа е луѓе Убав ден на сите да сте ми расположени како надвор
И јас спремам детска соба и има да спие тамо,и мене исто ми мрчат ама мене ми се фатија како сум можела монтажно креветче да земам.Ете така такво си сакам и такво си купив.Количка купивме ,релаксатор несакам зашто имаме лулка дрвена.Горе доле се имам