Друштво може да ми каже некоја кога се прави втор скрининг, а кога фетална ехокардиографија ...дали ова ќе биде се во еден преглед или посебно се ... и што да се очекува да се види на тие прегледи...јас имам некои претпоставки, но сакам лични ваши искуства .. и уште нешто дали е нормално градите на одредени делови да ми се црвени ко да на сонце ми се печеле и кога ќе ги допрам врели се ?
Епа ако треба да се извади и миомот тогаш царски една операција 2 работи ке завршиш ама пак ти си знаеш. Ти посакувам да одлучаш правилно. Докторката го остави мм да одлучи тој е анестезиолог и рече докторе ти како мислиш и мм рече царски епа тогаш рече царски ке биде. Поздрав
Супер штом си имаш стручно лице до тебе,секако правилна е одлуката Кај мене не одговара сега да се извади,надворешен е над матката,затоа и преферираат нормално породување,дека нема да смета а за вадење после некое време е препорачливо.Секако како ќе кажат лекарите-така,јас може да изберам царски по моја желба,но ќе видиме сепак им го давам последниот збор.Убава вечер да си имате
Бремена сум 10 недела, но од мојот матичен гиниколог воопшто не сум задоволна ништо не кажува што како треба да де испитува редоследно, се мора да прашувам или да допрашувам блиски или по форумиве, некако како изгубена ми е, сакам да ја сменам но не знам дали може или доцна е веќе. Предлог за добар матичен во Скопје која би ми ја водела бременоста (ако можеда ја сменам мојава) и се добро би ми објаснил што, како треба??
Втор скрининг 18-22 недела. Јас на 20та го праев. И ти ги гледаат детално органите мозоче, срце, желудник, бубрези итн. Ги мерат бутната коска и на надлактица. И то е то. И полот ако ти го немат кажано ти го кажуваат. А тоа второто - За ехо на срцето е. Изгледа покасно, не сум толку упатена. А и башка уморена сум, немам концентрација ни да мислам многу набрзина ти пишам. Ајде добра ноќ мила. Ми паѓат очите.
ако имаш миом што расте вади го,ако е во фаза на стагнирање ако не расте нека стои. Една моја пријателка со второто испадна дека има миом и докторот освен бременоста го следел и миомот,гледа дека долго време стои во местп не расте и одлучува дека подобро решение е да стои и се породи природно. Додека кај друга исто со миом се породи со царски отстранија миом и сега пак и се појавил мене вториот скрининг ќе ми дојде крајот на 21ва или почеток ма 22ра недела,докторот и рече на сестрата веќе да закаже па накнадно мене ќе ме известат за терминот. Тоа нели беше 4д? Ќе си прашам и за полот,едвај до сега ја издржав оваа неизвесност ќе издржам уште малку.
Стандард а дојде 3ч мора да сме будни без разлика дали има потреба или не сега ке си подремам малку и ке се надевам дека брзо ке ме фати дремка
Ајде помина твоето дежурство,сега јас сум на ред,дури и 'доцнам'денесСтанав за вц и нормално после нема одма спиење..ќе си се повртам малце,белки скоро ќе ми дојде сон,таман докај 6-7,па после пак вц,и уште саат спиење и така ..иста шема секој ден
Додека сум будна да искористам да ви го честитам празникот,и да ви посакам не само денес,туку секој ден од годината да бидете храбри,успешни,сакани и почитувани..
Жени мајки кралици нека ви е среќен празникот да ми бидете здрави живи и успешни во секоја секунда од животот. Имајте убав ден
Среќен празник и од мене женички!  Се што сонуваме можиме да го оствариме- тоа е Женска Моќ! Ве сите!
Женски, Среќен 8ми Март и останете и понатаму уникатна комбинација на моќ, ум и убавина!! Имајте убав ден!!
Добар ден женски Среќен 8ми март Мене ме нема си зедов боледување и секој ден го искористувам за шетање, незнам од каде таа сила во мене ама убаво ми е.. Така да 8ми месец воопшто не е тежок, само што меше тежи, ама ако си шетаме со паузи 32ра недела ни е при крај, бебушка убаво си е наместен што ме радува Ве поздравувам сите искористете го секој момент најубаво што можете и избркајте ги негативните мисли
Добро утро мамички, убав ден денес, одмарање на кревет од 7 и пол сабајле со сонце во глава, се сончам Се мислев што да направам за денов, и ај кифлички ми се пријадоа, ќе месам, бујрумте
Да да на 4д е гледање. Леле како си дочекала до сега ? Сакав да го знам полот, не ми менваше ништо само да е се во ред, но сакав да знам. Уште во 16та ми потврди за ќеркичка. Ајде и кај тебе се во ред да биди, и полот ќе си го знаеш.