Далеку е од среќен и далеку од точка за славење. Се додека има глупи жени кои одт против жени, се дотогаш мажи ќе ни ги пишуваат законите за женски права. А ќерки родивме, ако не во наше време направете нешто за нивно!
Среќен 8- ми март на сите жени, мајки, баби.... Вчера бев на гинеколог но бебуштот никако не сака да си го покаже полот. Ги стави рачињата напред и не ги тргнуваше ни под разно. Изгледа е женско па се срами. . Ми даде гинекологот за пиење Vital pregna па реков да ми кажете мислење за нив. Дали некоја од Вас ги пие, искуства?
Вчера ги купив па ќе ги почнам а понатака ќе видам што како. Му инсистирав на гинекологот да ми даде пре мама такви сестра ми користеше ама ево то е. А читам фемибион дека се добри. Фала ти
Изборот на жената да биде она што таа самата сака да биде е слобода, а слободата е избор. Женички драги, никогаш не ја спуштајте главата ниту гласот пред наметнатите норми на општеството!! Само да ве поздравам и посакам убав светол и топол ден.
Искрено се надевам дека нашите ќерки ќе живеат во општество подобро од нашето каде ќе владее рамноправност помеѓу мажите и жените. Нека денешниот ден биде поттик за тоа . @NNA многу ми е мило што бебушка си расте супер, ајде уште малку остана, ќе се гушкаш со синчето . Ти посакувам да си поминеш најлесно.
Добар ден Женчиња и мешиња Денот кој по втор пат ми почнува денес ке го започнам со по едно за секоја од Вас На овој форум баш има доста примери за Жени Мајки Женишта поради кој овој празник си има убаво значење. Може не сме идеални и совршени но секоја од нас на некој начин има придонес за славењето на овој ден Срекен празник најмили нека не само овој туку секој ден биде наш празник
авач да ти е жено како успеа да си земеш боледување а притоа матичен да ти дозволи. јас за тоа бев многу изреволтирана понеделникот и вторникот што дури вторникот утрото ми се слоши на работа па морав да напуштам,си сменив матичен си бев на преглед и си добив боледување. Долга приказна. Само првиот ден одмарав потоа и јас како тебе што за шетање што за домашни обврски... е богами не знам ни јас како издржав,само ете се трудев мислите да си ги оттргнам од тоа хахах. Во моментов мислам дека е женско и се надевам дека е така зашто во спротивно малку ќе се разочарам. Знаеш трудна жена со триста мисли и се на разочарување не тера хахах. Битно е да е здраво и живо.
зашто вакви негативни мисли и изјави ти се молам. Нека е и овој ден како и сите други. Нека е среќен затоа што е уште еден добар и сончев ден без проблеми без болести без лоши мисли.
инаку и од мене честит празник. и секој ден а не само овој нека биде наш ден,секој ден нека ни биде среќен ден. Заслужуваме и многу повеќе.
Па искрено далеку сме догурани последниве години. Сега, има жени потиснати, карактер, сваќања. Ако не се потрудиш сам неможе мајкати да те подгурне доволно силно зошто ќе паднеш ако не си силна. Читајќи те наназад многу имаш негативно сваќање општо, дали имаш негативни искуства во животот наназад што вака размислуваш незнам. Но биди малку повеќе позитивна, не е се црно бело.
Нешто безвеза се осеќам од сабајле,се разбудив на лева страна легната несакајќи на полустомак,и станав со болка на таа страна..се исплашив да не го повредив бебчето и сеуште ме држи тој страв и напнатостМи попушти болката сега малку,но грбот ужасно ме боли..нешто и движењата на бебе ми се послаби овие 2-3 дена,дали нема веќе толку простор,ги има но не толку нагли него како бранови некако,побавни .. Како беше кај вас во 38 н.? Ме мачи грижа на совест да не сум го притиснала и повредила детето во текот на спиењето..може глупо и смешно звучи ама дај боже се да е во ред
Ајде малце чил аут, сосема ја разбирам @FreeMind но, глупави жени имало и ќе има исто како што има и глупави мажи !! Да доминираат паметните жени со нивниот пример, но, во корелација со паметни мажи, па да се надеваме дека ќе има значителни промени ...
Добар ден мешиња... ние со бебушко сме супер, денеска повеќе расположени и раздвижени.. веќе сме 25 недела и 5 ден а малово како да знае дека денес е празник па лудува по стомаков.. врти кругови без престан .. изгледа сака на мама да и честита 8-ми март.. ма не само на мама еве слушам како вика и на другите убавици тука на форумов. Епа дами мои нека Ви е среќен 8-ми март од мене и од мојов палавковец
Да имало и ќе има глупви жени. Но не е наше да ги анализираме и уште повеќе да се замараме со нив, посебно на овој ден. Посветете се на себе! Револтирана сум јас од општо простиот народ веќе подолго време. Но решив да не го перцепирам воопшто, и тие шо ми се во близина(од таквата сорта) или ги оддалечвам или не ги земам здраво за готово. Уживајте во денот, гледајте позитива и ќе ја зголемите дупло!