После дежурањата од синока и јас не сум во форма посебно ме плаше тоа што бебушка и кај мене ја нема денес обично таа ме буди или истовремено стануваме и јас си работам или одмарам а таа си игра ама денес ја немааа ме плаше и јас сум 37+6 по мое. Земав се напив какао да ја размрдам ништо, се избањав со потопла вода ништо,го намачкав мешето ништо, еве јадам солено благо ги испив порано и витамините и пак ништо само едно мало нежно движење осетив и тоа беше кратко и толку ме плаше, докторот ми рече ако не ја осекам 10 пати на ден да мрдне да одам на лекар одма, многу се плашам да не е нешто. Пуштив музика се размрдав малку и пак ништо што ли може да е?? Ајдеее маме мрдне не сум навикната вака да си мирна, обично е мн немирна
Најлоши се искомплексираните жени, влијаат негативно на околината и на самите себе, но и на нив им е празник, па нека е честит. А за тоа дали има глупави жени и мажи, посебно жени, да, има, еден куп, со лопата да ги риниш, но да се вреѓаме денес нема смисла, мене глупавите не ми сметаат, како ни паметните.
Јас имам една реченица за таквите и многу често во фаца им ја кажувам "Не сме на иста бранова должина" и толку секој свој пат а и нема да е интересно сите да сме исти нели убаво кажа уживајте во овој ден па и во секој нареден зошто да не
Веќе е друго време,жени се на моќни позиции и тоа не е спорно,но сеуште постојат и ќе постојат за жал средини каде жената е потчинета и тоа тешко да се смени..Битно е секоја жена да се цени прво самата себе,и да е свесна за својата вредност.Да се почитува,цени и сака.Таа самата да одлучува за себе и своите постапки,иако некогаш и погрешни.Се учиме од сопствените грешки,а секое искуство и добро и лошо не прават посилни. Начинот на славење кај нас е веќе друга тема..купувањето разни подароци,кичерај и кафанско славење не дека посебно го одобрувам,но не ми ни смета.Отсекогаш сум флексибилна за сечиј поразличен став и мислење.Не може да знаеме кој каква тажна судбина или тешко минато има зад себе..Така да кој како сака нека си слави,нека се опушти,нека си ужива барем во денешнов ден..иако од срце посакувам да има што повеќе позитивни денови и поводи за радост
И јас 38 и 1 ден не осеќам многу движења и јас на некој пати сезамислувам па потоа малце ќе го осетам па ќе ми помини , на цтг на колку вррме одите? Јас од какп влегов во 9ти и од деснава страна ме боли долу некако кај усните што ги викаат некогаш повеќе дури не знам дали од тежината некако бебка ми е измерена пред 2 дена 3200 грама од прилика негде
Утре планирам да одам на контрола и ЦТГ...пробав и јас со благо и газирано,сега пред малку осетив движења,ми олесна малце..Би требало да е нормално сега при крај да ги нема тие турбо движења на кои си бевме навикнати,па сега и ни фалат Иначе бебка ти е ок со килажа,а усните долу одамна ме болат и осеќам притисок,плус дека имам попуштена вена на десната
@FreeMind жено мори, како успеваш во сите теми да си активна? Поздрав стара екипо, ве читам али слаба со време да ви пишам Да се изнаспиете! И мене ме советувале така ама не слушав.
Вагинално уште не ме имаат прегледано сите сестри ми рркоа дека е сеуште рано немој да дозволуваш оти може ќе искрвариш или да пукне пр водењак ми велат почекај кога ќе има контракции појаки мене ми беа 20 потоа др дена 30... Демек зашто да те гледаат вагинално кога е се во ред бебе уште си качува на килажа не било и баш убаво да се роди порано кога може таман да не знаеш што да слушаш
Мене денес ми е супер, да не се урочам.. баш сум искулирана, никаква негатива, си праиме муабет, никој никого не вреѓа, секој си има свое мислење и како такво е за почит.. не може да те навреди никој ако ти самата знаеш колку вредиш!!! Ми фали традиционалната ружа од колегите (двајца без тројца, све останато е женско) на работа, на чело со шефот што за првпат после 12 години ја немам ... just kidding... си се радувам највеќе на двете цветчиња што растат во мене
Ни ја нема @Natasa87 како е? како е бебката? како со свекрва и Дајте женички мои најубави да се дружиме само со убави мисли баталете све друго, тука сме да си помагаме да се советуваме
Се навикнав со месеци да не спијам па ми доаѓа толку нормално сега. Имав супер тренинг, кој ти е крив што си спиеше кога требаше да тренираш
За постилање ги користат а познати се за широк повој. Порано наместо памперс ги користеле па останале демек за колкчињата заедно со таа осумка, триаголник некој ја вика Но сега ретко кој реди повој
Po materijalite so gi gledam da na pelena od vremeto me podseka skroz bela.. ama vaka sareni gledam ko carsavce vikam so li praaf sea so niv haha.. fala ti ja odgovorot