Касно гледам си пишала.Јас имам две лакуни ама ми мереа протоци и ок е се.И јас сум покриена со фраксипарин 0.4 од старт па ми рекоа да не се секирам демек ок е се.Испитуваш ли димери? Ама ти си со близнаци мислам.
Мамички јас почнав со мачкање на меше, во аптека ми препорачаа оригинална павличева со АД капки заедно измешани. Чисто за препорака ако на некоја е потребно
Да,со близнаци сум, секој месец идам на контрола кај Јани, и ди димери и хемостаза испитувам, минатиот пат ми беа д димерите 1300,и др. ми рече дека се ок,сега сум во среда пак на контрола кај др. Јани. Јас во неделата кога прокрварев, кога ми рекоа дека имам лакуни, протокот ми беше ок, бебките беа пораснати како што треба,само ме мачи што и вчера вечерта пак имав на бришење крв, и од време на време како кафеаво крвави конци имам. А ти крвариш или не? Наредна контрола ми е на 20 Март,вториот скрининг.
мораш. Со нешто треба да си го поткрепиш имунитетот една моја другарка така ништо не земаше се додека не се доведе во состојба да не може од кревет да стане ем болна ем крвта катастрофа сите параметри намалени
Оф, точно е дека прокрварев еден ден во точно 20+0 недела. Ме проверија, се беше во ред. Наредните ден два имав минијатурно на бришење ко тебе вака... Терапија беше прогестерон депо инекција на 4,5 -7 дена, и тоа примив се на се 3 или 4 не се сеќавам баш. Не ми дадоа објаснување зошто како се деси тоа. Лакуни случајно видов кога отидов на мислење плус, кај друг гинеколог ама не ми кажа дали беше тоа од нив. Примај си прогестерон депо или што и да ти рекле, без нервоза, знам како е, мене мини инфаркт ми беше тој Таман го заборавив.... со лесно...!! иначе, видов д димери ти се 1300, бравос...моиве постепено ги спуштам на 2 недели... ми беа 3800, последен пат 2500, па сеа ќе видам деновиве дали дошле на кец...
Дури во 8 месец почнав да се мачкам и сега во 9 ти почнаа да ми се појсвуваат стрии 2 3 имав а сега скоро 5 од едната страна само а пред тоа ништо не мачкав сепак мислам зависи од кожата џабе е мислам мачкање а и сега почнаа да ме ми бидат важни оти сепак ќе бидеме мајки
Ма све е тоа поткожно, џабе и мачкања и се, ако треба да ги имаш ќе имаш... ја до сеа нишо ама ме плаши тој фамозен 9ти, да не ми рипнат тогаш
јас па заборавам да се мачкам. Во првата бременост цело време си се мачкав,си користев креми лосиони и масла и веќе навика ми беше,стрии последните 2 недели пред пораѓај ми излегоа. Не беа страшни не беа многу но чешаа. Сега еве 4ти месец си имам дома такви препарати ама заборавам или ме мрзи или немам време
Еве сум пр јас ми излегоа баш вп 9ти од како почнав а до тогаш ни една сега 5 баш имам ама бебка олку цела бременост не се тегнеше и преткаше како сега и мислам дека ми пука повеќе од тоа секаде се испапчува
Не јас немав никаков проблем од лакуните.Ти пак денес отиди на ехо да те видат ,не ми се свиѓаат тие конци што кажуваш дека ги имаш,а со близнаци си бремена .А ти мереа цервикс така? Тоа во ред си беше нели?
Доброутро рано будни мешиња Касно легнав а станав како навиена во 7ч мислиш сум се наспала неможам да се сетам дали сонував и стварно имав болки синоќа како тапа на цел стомак а и коските на карлицата како да ми биле скапани мн болеа ама незнам дали беше сон или јаве сега важно не болат само глупо чувство дека имам потреба за одење во вц а неможам да одам може ке изненаде лепотицата на апликацијата пишува уште само 12дена ме факааа возбуда
После породување искачаат исто. Кај мене на градите после 4 тони масло измачкани во 9 месеци со надоаѓање на млекото три стрии на десната. Сега парите барам да ми ги вратат од улјето специјално за стрии што им е.
Ќе видам денес како ќе бидам, човек раат да нема,да да ми рекоа дека цервиксот супер ми е 3,9 е, и бебињата си беа добри кога ме гледаа. Фала ти драга.
Од прогестеронска поддршка не ми дадоа овој пат ништо,во смисла на депо, ставам само утрогестан навечер, со депо се боцкав до 12 недела и толку. А за инфаркт ќути, ќе припаднев кога видов крв . Ќе видам у среда д димерите колку ми се, на контрола сум, ама сега за сега се ок. Фала ти Емка.
Ништо денес депресивно време, дома седење покрај оганче со кафенце, кулирање, сепак во се има нешто убаво Бебе мрда па е умно и тоа кулира, убаво му е кај мама, нека расте убавецот
Страшно се изнервирав значи...кога одбирав доктор за водење бременост и здравје тој да ме породи уште што не истражив за да " не згрешам" и си реков супер на прав пат сум нема лош збор за Гордана Петровска од систина, првиот скрининг прегледот траеше 5 мин, си реков ајде сигурно е се ок и само тоа се гледа на тој преглед и прогледав низ прсти што се вика ... сега дојдов брисеви да ми земе и луге на трчање ги зема ја прашав за грлото што ме боли што смеам да зимам добив одговор опушти се така страдаат сите органи "затоа ме болело" и излета низ врата и не успеав да ја прашам се што сакав од дома, ја начекав во канцеларија слободна да ја прашам дали треба калциум, дали смеам да патувам, да одам на забар ...и она дури дрско ти реков опушти се и сврти глава ! Па да му се не видам извинете на израз за што им плаќам толку пари ? И што сега дали да и давам уште шанси или да си барам нов доктор кој ќе ме ислуша и даде совет за да не тупам глава дома што смеам, а што не Ифрит лута сум не ми замерувајте морав да се искажам се надевам ќе ме разберете ..
Да си бараш нов. Тоа што плајќаш е плус,секој си сака да му се објаснат некои работи и фала богу да знаевме се, немаше потреба да имаме од нив. Да си најдеш доктор кој ќе ти посветува внимание и да добиваш одговор и за најпростото прашање. За тоа они плаата си зимаат.