ddevojce сакам да те прашам во која недела од бременоста ги примаше вагиналетите полигинакс и зошто ти беа препорачани од докторот?? Мене докторот ми рече да ги ставам 1 неделно ама аптекарката во аптека ми рече да се распрашам повторно кај докторот за сигурно па те молам ако можеш да ми одговориш ,инаку јас сум 15 недела сега поздрав
не се сеќавам баш најдобро мислам дека и јас бев тука некаде дали 13-14 недела.. за белото прање ги ставав.. затоашто на два трипти ми се случи да имам кафенко од тоа прањето па правев брисеви и беше окк со брисевите.. па матичниот како превентива да ми се намали белото прање ми ги даде.. ги ставав 6 дена по едно навечер... малку ми се подсмири белото прање па сега пак го имам.. неможам на гаќи и на секојдневни да наваксам..и јас многу се двоумев дали да ги ставам зошто пишуваше у упатство дека не се препорачуваат ама докторот убаво ме испеја и ги ставав.. тебе зошто ти ги даде ??
заради бактерија уреоплазма,кој ти е матичен тебе во ред ли беше со бебето?Мене ми ги препиша Стамболиев и ми рече една неделно да ставам,докторот е супер и се ама пусто страв те фаќа некој ако ти рече макар еден збор .Фала ти за брзиот одговор.
секако да во ред е со бебето.. вагиналетите не стигаат до бебето немој да се грижиш ( уу јас бев целата испаничена пред да се осудам да ги ставам лежев у кревет расчепатена со вагиналетата и се мислев дали да ја ставам и ги ставев) иначе јас од Струмица сум... штом ти рекол докторот ставај ги.. мора даа бактерија да се излечи.. нема друг начин жалосна - cloud како сте вие подобри ли сте ??
да речам дека сум подобро само што се вратив од кај док. бебенцето си е ок си се здебелило до пред 4 дена беше 1.336 г а денеска док ми кажа дека е 1.850 г машала иначе лично јас сум за никаде не можам да спијам плус тоа се ме боли и едвај се движам имам еден куп работа со другиве дечки по дома ама тоа е лека полека се че издржам уште 9 недели
дневен рапорт! значи и денешниов ден се сведува на такозвани лажни болки (менструални болки), штукање на пировчево и негово активно демолирање на мојот стомак а од излегување ни трага ни глас место да си излезе да си поигра со снегчево , имам појачан исцедок и ко нешто да ме гура надолу со што ми ствара пецкање на онаквото долу страв ми е да не надмашам термин па да треба да се мачам со провокации ,ама ајде се тешиме дека има уште време
заради бактерија уреоплазма,кој ти е матичен тебе во ред ли беше со бебето?Мене ми ги препиша Стамболиев и ми рече една неделно да ставам,докторот е супер и се ама пусто страв те фаќа некој ако ти рече макар еден збор .Фала ти за брзиот одговор.[/quote] DUNJUCKA И јас ги ставав полигинакс вагиналетите заради инфекцијата уреоплазма, ми излезе тоа на микробиолошките резултати, другото се беше во ред па матичната бидејќи бев некаде 10 или 11 недела ми ги препиша овие, по едно на ден, мислам дека 6 беа во кутивчето.
Мамички денес јас сум ептен тажна бев денес цел ден на болница имам шеќер во крвта и е многу висок, па поради тоа на бебчето моје стомачето му е големко и денес така се возбудив што кога правев ехо срцето и чукаше силно, и ме пратија на цтг и бев на тоа скоро сат време па не му се допаѓаше на докторката па ајде уште еднаш на цтг и вториот пат беше во ред и тоа ме уплаши ама помина ама сега се плашам за ова ке треба или диета или инсулин да примам ама докторот рече најверојатно инсулин па ке видам утре што ке ми речат што мислите со соодветна терапија дали ке и биди нормално стомачето ве молам пишите дали имате слично искуство барем малце да ми олесни оти вечерва нема да спијам
Да не ми ги читаше мислите? Потполно исто ми се случува денес. Значи менструални болки речиси константно, а овие 2 дена навечер ми се случи да имам многу јаки болки, сигурна сум дека беа контракции, и тоа асални. Ама кратко треаеа. Имам закажано на лекар идната недела ама како ми тргнала работава...може и да не дочекам. А за термин надминување, неееееее. Зачинета храна, шетање, дружење со мажето и имам прочитано масло од рицинус 3л-ци и ете провокации (баш вака по овој редослед го имаа напишано жените на еден странски форум)
Немој да се нервираш срцка, знаеш дека со нервози повеќе се качува шеќерот. Знаат докторите што ќе ти дадат, се ќе си биде во ред, само мирно и одмарај колку повеќе можеш и не мисли на тоа, мисли си на убаво, на радосно, на розево
фала ти срцка на утешните зборови стварно од срце ти посакувам да ти се исполни желбата за и ти еден ден што поскоро да не дружиш во ова тема затоа што навистина си срце фала уште еднаш
Здраво мамички...абе знаете како...последниве неколку дена постојано читам за предности/слабости за спиењето со бебето во ист кревет ..Што мислите вие? како би правеле или правите?
ddevojce фала за помош сега сум посмирена инаку синојќа се пшрестрашив и ставив една,уште еднаш фала многу ми значеа твоите зборови позз
мешковци како сте? Ние сме супер, не сме биле од првиот скрининг на лекар, наредна недела здравје боже планирам да идам, наредно што ме очекува читам по нет е вториот скрининг за аномалија на плодот и веројатно како и првиот пат ќе треба да идам кај матичниот па да ми закаже за државна. На овој скрининг се гледа на 4 д ехо, така? Инаку мешето колку и да е наоблечено веќе е испакнато пред се друго Уште не го знаеме полот ама не сме ни малку љубопитни, прво бебенце ни е па битно е да е живо и здраво и да се нашалам, шо е битно какво ќе се роди, кога ќе порасне само ќе си одлучи што сака да биде дали женско или машко На многумина читам им се ближи крајот, ви посакувам со лесно да си поминете. Поздравче до сите, имајте убав ден.
Епа ај со лесно Ќе се гушкате и мирисате со бебушот Ах првата средба... Кое чувство..неопишливо,незаменливо