За пост породилно ова ви го препорачувам оти нема да биде лесно со одмивање и бришење: https://www.amazon.de/gp/product/B07CJQPFDK/ref=ppx_yo_dt_b_asin_title_o03_s00?ie=UTF8&psc=1 Јас на твое место менувам друг во истата секунда. Нема трета шанса на таа пара што ја плаќаш. Плус близначка бременост имаш.
Еј извини сум ти пишала 20та недела, всушност беше 12та, точно 12та полна. Грешка. Незнам зошто не ти дале депо, да не има врска со неделите. Јас и тогаш кога примав инекции,навечер ставав Кринон. Па, тек после некое време ме префрлија на утрогестан и уште сум. Крвариш ли и денес?
Стварно? Јас викам таква ли среќа имам само со мене да е таква, читајки тука дека ја фалеа мн ... затоа убаво е да се пишуваат и лоши искуства со докторкиве не само убавите ...ќе мора да размислам сега одново што да правам и ксј кого...Палчески надмен ли е, брза ли или ти обрнува внимание..и стручен ли е зошто освен за преглед би сакала ист доктор и за пораѓај ? Ми помина пола бременост барајки стручен доктор , внимателен и човечен
Добар ден трудни женички. Денес се смени времето се смени и расположението. Како сте денес? Утрово сум поспана,пак некако слабо спиев лошо спиев се будев... Рано станав на синко му проверував крв сега ќе варам кафе па идам по резултатите. Уште денес ми е слободен ден дома. Од утре на работа. Од денес 18та г.н на пола сум. Како што пишуваше една членка претгодно осеќам пуканки ми пукаат во стомаков понеделник сум на контрола но ќе се ценкам со сестрата да ми премести за 2 дена порано. Ќе се изналежам денес. Имајте пријатен ден
Најтопло ти го препорачувам можеш да прочиташ за него тука многу позитивни коментари. Мноогу е темелен, 100 пати ти објаснува едно исто ако треба, достапен на моб во секое време. Мене ме породи презадоволна сум од се поврзано со него. Плус е стварно многу стручен. Гордана е стручна нема збор ама се кај неа трае 3 мин, како на лента се пациентите. Палчевски е спротивно од неа скроз.
Девојки ајде помош. Испитував скриен шеќер ама матичната не е тука да ги зирне резултативе. Знае ли некоја дали имам? Последната вредност е покачена од нормално
Сите доктори за жал по ново се бизнисмени и зафатени. На мој коментар дека трудница ништо не плаќа (зборам матичен) ми вели земи си го картонот таква е процедурата не треба ра плаќаш вели но такви се околностите.
Постави го прашањево и во темата Скриен шеќер, може по се разбираат. Иначе,на референтниве вредности вика за вон бременост,зошто не пишале за во бременост не ми е јасно
Не крварам денес. Тоа ми се случи минатата недела прокрварев еднаш,и имав на бришење само, и сега пак во петокот исто така и wc кога бев на бришење,и од време на време знае како конци да ми се појават кафеаво - крвави. А на депо,не ми ни текна жими се да им кажам,ниту пак ми дадоа???? Требаше да одам денес,ама се договорив за утре да одам, па ќе видам шо ќе ми кажат. Фала ти драга.
Добри се резултатите, не знам зошто ти правеле после 1 саат, мене само после 2 саати ми правеа и тогаш вредноста за трудници е до 7.
Во ред ти се. Баш ги гледав и моите, слични ни се, последната вредност за трудници е до 7. Не се секирај немаш скриен шеќер. Инаку јас да си се пофалам почнав со перење на алиштенцата на бебка и многу сум возбудена, сакам до крајот на оваа недела да си ги доспремам и да ни биде спремно. Не ми се верува дека најмногу за еден месец ќе си имаме бебче дома, дека ќе ни се зголеми фамилијата . Инаку јас сум супер, полна со позитивна енергија, навечер спијам без проблем, немам болки никакви сега за сега. Бебка си мрда, некој ден е помалку некој ден повеќе активна. Си се галеме и со нетрпение очекуваме да се запознаеме. Како читам во породилни приказни се повеќе и повеќе возбуда ме фаќа, се соживувам со секоја приказна . Имајте убава недела
@FreeMind интересна ствар ама кај нас малку потешко дека има такво нешто пушти еден хуманитатен пакет за мк @Софија 88 јас веднаш би ја сменила а успат и би ја пријавила сепак е систина нели @cinderella5 одлични се така треба и моите на крај беа 6.1 @Sofi.ja што и да мачкаш докажано е дека најглавна улога има составот на кожата @paleska3 најубавиот дел јас би уште еднаш да си преперам сите ствари баш вчера за тоа размислував ама сепак не уживај во спремањето Каде ни се поускусните да ме просветлат на што да обрнам внимание освен водењак и чеп кои се јако видливи кои други симптоми ги имаме пред пораѓај бебето е како лудо мава на сите страни и тоа болно мавање навечер сум стандард со тапа менструална болка на цел стомак а и преку ден понекогаш, проследено со притисок на цела карлица утре сум на ЦТГ одвај чекам дали ке каже нешто ново Успат ја видовте ли веста за бебето на ГАК машала прав дечко Spoiler: ГАК БЕБЕ ЕДИТ: Ке заборавев од вчера од свете гради ми тече млеко од едната жолто бела а од другата денес видов млеко млекооо
Ај пишете ми хитно ми е да си купам од аптека што смеам за кашлање цела вечер неможев да спијам од што кашлав суво матичниот ми рече можиш исчандски лишај и во зегин ми рекоа не ти го препорачуваме ние тој
Маче ти со мене заедно денес да не испитуваше скриен шеќер у авицена И мојот е 6.2 и тоа е ваљда на диета ќе не стават.Еве јас нема да јадам благо веќе,и ќе почнам стевија да користам Кај матичната кога ќе отидам у ваздух ќе ја кренам. Дај кажувајте јест да сум на праг на 7ми месец ама мора да ја сменам или затвор ќе лежам . На 27.02 праев брисеви и уште не им биле донесени курирот ги изгубил упатите бе и таа ме мафта по телефон,или па ич не ни крева