Јас сум си летно дете,и онака обожавам лето,топло,мразам студ,а немав фала богу отоци,ништо..така да супер поминав ПС.Честитки за креветчето,со многу љубов и здравје да си го користите..и нашето е веќе спремно во спална,едвај чекам да стигне цуцката мамина да си ја гледам до мене
Јас луѓе мака мачам со притисокот 80 со 40, како во кома сум. Ни кафе помага, ни течности, малку ќе се крени до кај 90 со 55 и од кревет не можам да станам. Немам воља за ништо, сама не можам да се поднесам. Гадење имам цело време, се надевав мачнините ќе се намалат, но сега повеќе ми се гади отколку на почетокот. Од денес сум 11 та недела, наредна недела имам закажано за скрининг и брисеви. Ајде на сите со лесно.
Тоа е ПРИСКА... матичниот ти прави преглед мери вратна коска .. главче на бебето после тоа дава упат за во државна... таму ти земаат крв од вена и чекаш резултати за ден два и тоа кај матичниот стигнуваат на мој термин...
Здраво мешиња, Јас незнам како ја преживеав ноќва.. повраќање, киселини, главоболка, притисок скоро нула...времево ќе ме убие Туку бев денес да проверам крв и урина. Крвта ми е супер, ама уринава нешто сомнителна ми е. Дали некоја знае да протолкува што се случува? На лекар сум во понеделеник, нема да ми биде мирна душава до тогаш... Ве гушкам .
Сум прашувала и јас за кристалите и протеини и кетони, ама ок си е да ги има, не се грижи. Битно е данема бактерии, а нема.
Здр слатки мешиња, бев на преглед денес бебуш е скоро 952 гр ( плус минус некој грам), си натежнува машала.. ако нека натежнува... докторката рече дека 4 дена бега напред со тежината.. јас сум 26 недела и 1 ден а бебуш изгледа како за 26 недела и 5-6 ден... ми рекоа само да мирувам и пак ми го продолжиа патолошкото уште за 1 месец... ух ќе мора да најдам некоја занимација инаку ќе полудам од досада.. некој предлог?!?!
И јас денес правев, мене ми е заматена,имам трагови од протеини, ++ кетони, - епителни клетки (треба да е плус) ++ слуз ??
За протеините знам дека е нормално да ги има во бременост, кетоните колку што читав се појавувале кога организмот троши од резервните масти најчесто при гладување или зголемена физичка активност, и за нив е нормално да се присутни во бременост (ова според гугл). За другово незнам....
@Adeline со здравје да си го користете креветчето, убавини . @***Bony*** беше ли на цтг денес? Како помина? Јас сум на прво цтг тек за 10 дена и ептен сум нестрплива . @thinkerbell се изнамачи , уф ајде се надевам дека за брзо ќе пишеш дека си се породила. Другите што сте во исчекување, има ли некаква промена?
@marchi-cool да ти кажам да по дома сум си по тренерки , е сега надвор за на работа некако се фармерки си носам ама морам да земам нешто било што дали хеланки , дали труднички пантолони.. воопшто не ми се купува нешто што знам дека ќе го носам 2-3 месеца - ептен и лето ако залади нешто.. ќе гледам да не е скапо , најверојатно ќе одам во Waikiki , бев до H&M ама за едни фармерки 45 евра прескапо е..
Ти благодарам мила Инаку и јас ептен мразам зима, обожавам лето ама во бременоста не ми годеше како што мислев. А сега одвај го чекам @paleska3
Маја јас на секое проверување на мокрача имам бактерии . Некогаш пишува- доста бактерии или некогаш - мал број бактерии. Гинекологот ми вели прво настрана па после останата урина се проверува, пазење за чашката и така излегувало, не било страшно. А кај мене цело време е така и години наназад памтам секогаш бактерии има, кога поќе кога помалку. Прашањето ми е . Дали се можни некакви компликации??? Или воопшто последици и слично ? Не мора да е за во бременост, и општо како влијае? Се загрижив сега.
Кајј мене цела бременост имам бактерии на секое покажува и кога ќе направам уринокултура нема ништо за да си посигурна барај упут за уринокултура
Здраво мешиња Денес малку покасно ви се приклучувам ама кома бев до сега, од што бев нестрплива за денешниот преглед одвај заспав синока па и денес чекање за преглед и кома бев до сега но еве ме на рапорт @paleska3 мила фала на прашање се беше во ред бебе си одговара на недела конечно за 38гн тежиме околу 3400г. наместени спремни за изглегување со доволна количина на плодова вода со нормална постелка има само една ствар по менструација утре ми е термин ама нели касниме 2недели па ке си почекаме, ама за секој случај треба во четврток да одам да бидеме сигурни да не сум случајно отворена уффф ме ваќа пак возбуда инаку на ЦТГ немаше ништо кај мене не покажува болки, др кажа одлично е ама јас колку што можам да видам болки немам еве слика нека пише некој ако знае да прочита Спојлер: ЦТГ од минатиот вторник и денес И така хепи дека се е во ред спиевме 4ч а сега ке се гушкам со мама ми дојде на гости да ме дружи и неможам да и се израдувам Ке биде малку подолг постот ама ке пишам тука @Yowannty за полот велат најсигурно е после 18гн затоа што тогаш ако е машко се спуштаат тестисите и се познаваат затоа ако е порано може да се згреши бар така ми објасни мојот доктор. @Adeline честитки за креветчето со здравје да си го користите мирно да спие бебушот во него @eci85 утрогестанот не е штетен тој ти е за подршка и да е подолг период несмета првиот скрининг го прави или матичниот или подобро е да одеш на второ мислење, во државна те праќа матичниот каде ти прават обично ехо и се бројат наборите на вратот кај бебето и според добиените вредност се гледа дали има простор за даунов синдром не е ништо страшно кратко трае а успат ти земаат и крв за приска и резултати има за недела дена кај матичниот. Со лесно @thinkerbell се надевам веќе си завршила работа ти ја пуштаме цела срекичка за убаво да пројдеш @Makedonka007 незнам дали грешам ама мене некако нормално ми е да има во урина бактерии да не се многу, можеш со уринокултура да си провериш дали има нешто за плашење ама кај мене секогаш иако пишува дека има на ури.култура е чисто значи нормално е пиј повеќе вода и течности треба да ги филтрираш бубрезите така нема да има покажува бактерии Се изнапишав, мислам на сите пишав извинете на долгиот пост можете да го скокате Убава вечер мешиња
@***Bony*** мило ми е шо се си е како шо треба. Опушти се и уживај си максимално сега. Ќе проверам уринокултура и Анита истото ми го посоче. Фала мила.