Друштво што мислите за ролон од Еуцерин што нема алуминиум и алкохол да се употребува може ли ? И ако не дајте препорака каков смее да се користи ?
Јас и минатата и оваа бременост користам дезодоранси од типот на рексона, нивеа и дове. Не знам шо е ова маркетинг добар или премногу читање по нет што треба што не, ама еве здрави и живи сите сме што користевме и користиме дезодоранси.
форумов тука е за споделување искуства, сите ние си знаеме што ни одговара дали да читаме и примениме или не, како што и ти сега не читаш што пишуваме.. а никој не рекол твоето дали чинело или не ти си знаеш за себе најдобро, а ние за нас.
^Јас божем земав од тие природните, стик на Alverde, луѓе копав повеќе од кога не би ставила, смрди корне после саат време. Сега си земав пак Dove, не можев да се поднесам. Отиде во канта за два дена. Поодвратно нешто не сум ставила. Отров Не експериментирам веќе, колку и да не чини, сакам убаво да мирисам. Кој што му одговара ќе си користи.
Женски сега во бременост да, може од овие дезодоранси, но понатаму во доење ни под разно. Содржат алкохол, ако не алкохол тогаш алуминиум кои се штетни, башкаа од мирисот ќе го одбиете детето.
@***Bony*** и јас сум пак на цтг утре досега сум немала вагинален преглед бебка мо тежи 3300 грама 37 недела бев сега нареден пат ќе видиме, болки никакви немаш?(сега 38+5 сум) Мене одвреме навреме ме фаќаат најдолу како да ме пресекува нешто и потоа поминува и кога ќе ми мрда повеќе време денес некако не ми беше активно се загрижив па преѓе си преткаше се смирив малце инаку само таму паметот ми беше позз женски
има фармерки труднечки бидејќи за на работа така се носиш. Земи си 2-3 пара,мислам доволно ќе ти бидат. Но сега рано е. Јас еве почеток на 5ти месец па уште мал ми е стомакот носам тренерки со повисок струк.
не се препорачува но во бременост. Ги запушува сите жлезди а сметајте на тоа дека млечните жлезди се развиваат во текот на бременоста. Жени маститис фаќаат од запушување на млечните жлезди поради недоволно празнење а не па од запушување користејќи вакви сретства. Но секој за себе си одлучува
Не Ане не сум имала вагинален преглед до сега два пати правев ЦТГ ама не покажа нешто за да треба да ме проверат дали сум отворена но затоа што по последна менструација утре ми е термин се договорив со докторот да ме виде во четврток вагинално за да сме сигурни да не ни е на мисла А за болки имам и тоа какви половината како да не е моја, навечер неможам да најдам положба за спиење како скапани ми се коските едвај се вртам а и малата теже и ја осекам дека се тегне и притиска ама ете на цтг не го регистрира тоа веројатно треба да се многу појаки за да ги регистрира Ајде со лесно утре на тебе па пиши ни како ке пројдеш
Уште сум тука, непородена. Жими се ако сабајле не преземат нешто, си одам од тука и ќе си барам чаре на приватно. Уште сум три прста отворена, само цтг ми прават и повторуваат. Па ако гледаш бре човеку дека нешто не е ок, извади го бебето. Разбирам форсирање природно, ама ова ги поминува сите граници. Девојчиња уште се мачат со уклучени провокации од 6 сабајле (без малку 24 саати) . Навистина нема смисла ова веќе. Претходно терав на заебанција, ама веќе страшно ми е.
Дали мрда или зошто толку мрда е најголемиот страв при крај. Кај мене последните две три недели бебето мрдаше најмногу дотогаш. Кај секого различно. Запомни не се плаши. Ако не го чувствуваш 24 часа оди на цтг да те видат за да се смириш. Не паничи и не мисли на тоа. Морате позитивно до крај. Едноставно немате избор. Вагиналниот фамозен преглед е од 38/39та недела. После 40та редовно на секој преглед има таков преглед. @thinkerbell те мислам пиши.
Ето си Цтг им покажува дека се е во ред чим те чекаат природно. Ако има нешто цтг ќе им каже да те решат царски. Ти ставаат провокации? Звучи глупо во твоите очи али гледај да не се нервираш. Не се нервирај!
Девојчиња не претерувајте однесувајте се како и порано. Само без цигари и алкохол и нема да има проблем.
Цела бременост и еве сега 2 месеци со бебе си користам истиот дезодоранс како и пред да останам бремена. Никаков проблем немав, бебе цица ко лудо, немав проблем и со доењето (мастит, запушени канали и слично). А јас сега жива вода се правам постојано. Претходно бев зимурлива, сега еве склетџика изгледа... Ако не користам стик/дезодоранс сама на себе си мирисам а не на некој друг. Може има жени што имаат проблеми, ама еве само сакав да кажам дека има и такви како мене што никаква мака немале од хемикалиите и немало потреба зошто да менуваат навики. Баш сега сметам дека ми се апсолутно неопходни.
Добро утро мешиња мои како сте?од денес 26 недела па да ја почнам одма со жалење.станав денес со болки кај препоните од лева страна.се напив магнезиум сега па да видиме што ќе биде дали ќе попуштат или треба да паничам досега немав вакви болки инаку на преглед сум петок.
Болките од сега па натака ќе се присутни.. иста сум и јас.. бев испаничена и нон стоп прашував дал е нормално толку да боли... тука исто прашав ми рекоа дека нормално е тоа ... го прашав и гинекологот и тој ми рече дека е нормално... нема да исчезнат болките.. тука ќе се бидејќи бебуш напредува, расте и нон стоп мрда, се врти се превртува .. благо кажано си ужива.. а мама се мачи.. ма нека ужива , нека расте па и мама нека се потруди да поужива малце.. сепак е во најубавиот период .. барем според мене.. јас сум 26 недела и 2 ден... значи со тебе сум, неделите ни се поклопуваат...