Јас сум 38гн и мојата знае да ика ама не сум знаела дека има правило за тоа до кога треба икањето е од тоа што се напиваат од течноста а тоа значи се спремаат за цицање значи би требало да е нормално ај нека пише некој ако знае баш сакам и јас да знам
Недостаток од смисла за хумор ќе те уништи ама ај... СУСАМ ЈАДИ! онака само сусам! пробај! Бони женче, како викаш за утре дека ти е термин според последна м. а во термини си се пишала за 23ти? прашувам пошо и ја сум така пишана по тоа ..
Емче мене циклусот ми е беше на 40, 50 па и на 90дена значи овулација не ми е на 14 ден и бебето е зачнато покасно. Уште на сам старт беше за две недели покасно и така си продолжи затоа така рачунаме. Ама кога појдов во Чаир ме прашаа за последна мен. и излегува дека денес е денот ама не е и така па се објаснуваме секогаш со докторот и така се во круг не ме бива за објаснување се надевам ти појаснив
Сконтав, ииии феноменка си! Ајде уосталом малата кога сака тогаш, ни ти, ни доктор, ни циклус не сте релевантни
Мешиња хелп... што да правам за да го покачам железото... дојдено е до граница.. паѓа цело време... матичниот рече дека ако на следна контрола види дека уште паѓа ќе ми препише терапија ... а мене веќе од терапии ми е преку глава.. пиј вакви апчиња.. пиј онакви... ма се испоотрув со лекарства... се наклукав ко некоја кокошка ... зашеметена сум скоро секој втор трет ден... затоа сакам по природен пат да го покачам.. се надевам ќе успеам ...
Ивче нормално е не се секирај, денес препони, утре половина, задутре пак препони, па опавче, па се што се вика. Како што расте бебе се нови болкички си идат, јас веќе се навикнав Нормално е. Јас сега не го осеќам скоро ич како ика а првото на секое икаше. Тешко срц со природен пат, треба да се отепаш од јадење храна богата со железо и џабе е. Минимално може само да подобриш. Јас пак ќе пишам зошто сум презадоволна од капсулите што ги пијам, од 7 на 12 ми се качи за 1 месец. Од pharmavital
Првото икаше до породување, и тоа икаше многу често. Прв пат слушам ваква информација. Според мене, не бери гајле. И со првото и со второво е исто. Ама сепак водат евиденција према теоретско зачнување, бидејќи над 40 недели (реални) не чини да се чека. Е сега - кога се тие 40 недели, т.е. кога е бебето спремно - сѐ е индивидуално. Кај мене се знаеше овулацијата отприлика така да имавме идеја дека беше околу 21 ден и бебето го чекавме до 42 недела. Во 42 веќе ме викнаа да пробаме со провокации. И второво исто е околу 5-6 дена покасно од термин. Туку, имам неколку прашања. 11+4 сум и досега видов многу мака со гадење и лошење ама без повраќање. И вртење, и омалаксаност, буквално ми треба 25 часа сон дневно. Уморна сум цело време, и кога се движам како да сум орала цел ден. И сето тоа е очекувано, како што и очекувам да престане за недела дена. Одам на работа затоа што сабајлиња ми е за чудо подобро, а лошењето се зголемува во тек на денот. Навечер е кулминација. Туку прашањата - откако останав бремена урината ми има многу јак мирис. Немам никаква болка при мокрење, немам никаков проблем ниту со често мокрење, пијам многу течности - и дури кога е бледа затоа што имам испиено повеќе вода, повторно има јак мирис. Се прашувам дали е од фолната, ама не памтам да ми мирисаше вака претходно. Или се мислам дека ми е од тоа што сум пресензитивна на мириси - работи кои ми мирисаа убаво сега ми мирисаат лошо и јако. На гинеколог дадов урина примерок ама не знам што направија со тоа. Дали ставија стапче колку да видат индикации за бактерии, не знам. Уринокултура ми немаат направено. Си велам, ако имаше нешто ќе ми кажеа... Ќе прашам следниот пат, ама во меѓувреме се насекирав малку затоа што пак со првата бременост немав ништо а на уринокултура имав ешерихија и ентерокока.
Зелени салати, маџун, какао, семе од коприва во мед... и капсули Хемовит..за месец дена го качив од 8 на 14 !
Фала ви многу за одговорите во врска со икањето, ми олесна, знам дека се што прочиташ на интернет не е точно ама ете ми се врза некако во глава. Ми олеснивте, чим на сите ни се случува тогаш е нормално.
Јас денеска бев на контрола, бебчо е напредната, добри протоци, плацентата е добра, исто и плодова вода, преги кога бев по вц почна нешто како засирено бело прање, ама не беше чисто бело, мислев чепот е ама ништо, и така
малку глупаво прашања, ама да прашам. се фарбате? ја морам да се фарбам, а читам штетно било и шубе не фати.
Риба задолжително еднаш неделно. Така ми рече матичен. За туна незнам. Имам јадено претходна бременост.
Ииии ќе ме пуштаат сабајле. Со бебе во стомак секако. Не се нормални. Џабе психички ме утепаа овие 3 дена. @***Bony*** мислам ти рече во Чаир ќе се пораѓаш. Оди си кога ке те фатат убави болки. Никако порано затоа што не се нормални. Гледај да поминеш без провокации затоа што 99%завршуваат царски, па два пати го јадат стапот. Јас разбирам да се чека природно, ама не по секоја цена. Еве една со пукнат водењак од вчера во 4 попладне уште е само еден прст отворена. Ако не се отвори ќе и ставаат провокации сабајле, па ако и така не бива ќе одат царски. Јас психички се уништив денес, го преплакав денов. Сакав природно, ама сега молам за царски.
До 3 месец не се фарбав, после на 2 месеци и сега еднаш здравје пред пораѓај планирам. Ох душа земи потепај ги таму играат играчки, будали. Ајде само храбро не дозволувај вака да те обесхрабрат. Последните денови се најтешки и најдолги, ама што не поминало, ќе помине и ова