Ц ц ц не ми се верува значи ц ц ц свашта немам зборови многу ми е жал мила за тоа што си го поминала ајде нека биде поскоро се за да можеш да се олесниш и јас си ветив дека ке терам до сам крај додека можам да трпам болка несакам таму да сум
Ох божее,ова е за мене веќе бездушностНе ми е јасно и не дај боже да ме снајде такво нешто..зошто воопшто толку чекање??Одма право царски и готово,така е мачење а и ризик и мајката и за детето!!
@Emma2 Да ти кажам шо ми се дешаваше овие денови. Во понеделникот сепак бев на преглед, ме видоа, се беше ок, и грло добро, и бебки добри, и ph вредност ми мереа се беше добро, а јас си се лигавев тук там на бришењр со крв . И ми рекоа да не се скирам, прашав дали може да крварам од лакуните,ми рекоа не. Прашав за депо, ми рекоа дека нема да има никаква улога, и дека може да направи штета,и да си терам со утрогестан. Сабајле идам у вц, опет крв,и на бришење парче месо ми испадна, е тука мене инфаркт ќе ме стрефеше. Правец у ремедика, и се востанови дека плацента на левиот бебуш е ниско поставена, и дека е тоа засирена крв што ми испадна. И ме врзаа за кревет,да лежам. И сега се обидувам да не се мрднувам. Што е ту, е.
Не е глупаво мила сите си прашуваме овде затоа сме тука до трет месец не се фарбав после се исфарвабав со фарба без амоњак и супер ми фати
Уфф тоа најмногу ме плаши да не ме брзаат да мислат дека ми е поминат терминот а на нас да не ни е време ама ајде белки ке се разбереме со докторот некако За твојата ситуација мислам дека е нормално и јас на почеток спиев мачнини омалаксаност ама 2то тромесечје беше подобро а за урината ако имало нешто ке покажело можиш да си направиш уринокултура за да се смириш да не мислиш ма да мислам дека ти е од преосетливоста општи се малку најди некоја занјмација да ти мине време за да не мислиш на овие работи
Да се надоврзам, во 7ма недела ми дозволија фарбање, се фарбав со истата фарба како и претходно Syoss без амонијак. Сестрата ми се смееше кога се јавив да прашам,ми вика ехеее трудници се шатираат, бои менуваат ти ќе се секираш за покривање бели влакна. Денес бев на преглед едвај го дочекав денов да видам дали е се во ред со бебка. Зрнцето пораснало станало гравче, цели 23 мм по циклус сум 10+1 а по ехо 9+5, разликава од минатиот пат е намалена за 6 дена, така што др ми рече да очекувам дека и понатака ќе има промени. Срценцето си чука,се формираат рачиња,ноџиња. Вика чекај да се сврти еднаш да го видиме, и јас цела зачудена, па зар уште сега мрда? Ми се смее,мрда мрда црвче едно, и оп ете го Од терапија ќе продолжам со утрогестан и фемибион 1, во 12та недела да одам за брисеви и приска. Ваљда тоа е се? Крвна слика на колку време носите? Од вчера ми се врати лошењето со повраќање едвај чекам да си замине да поуживам малце со мешко
И јас сакав да си чекам до крај, ама ете во понеделникот на контрола непланирано ме задржаа ради лошо цтг. Од тогаш цело време е добро. Ме гледаа на ехо, бебето е скроз спуштено, добро е, има доволно вода, ама не знам зошто не сака да излезе. Многу ми е страв, сакам само да биде добро беблево и конечно да се заврши се.
Мене првата половина од бременоста доста ми помогна Флорадикс сируп,одличен е и на вкус,германски на природна база. После тоа пиев тотхема ампули ми беа гадни малце и тешки,а плус со нив мора и витамин ц да земаш.Сега ги пијам ферсан форте,таблетки кои содржат микс од железо и витамин ц.Секако плус е храната-цвекло,свеж лимон,црвено месо,зелени салати.
Те задржаа таму да лежиш или дома си? И ми е чудно што ти рекле дека прогестерон депо може да штети ама добро сеа белким си знаат по тебе зошо така ти препорачале. Ќе ти престане без брига, и мене така 2,3 дена си имав на бришење ама малце, занемарливо. Овде негде прочитав дека 4та,8ма,12та недела си памти менстуација кога идела до тогаш па може ете да си се појави пак,навика. Мене ти викам точна 12та полна. Чим се поминало добро на ехо, пробај позитивни мисли. Замислувај си ги среќни внатре и смеј си се на тоа. Ќе заборавиш на ова зезањево за некое време, ти давам збор. Фала на рапорт, драго ми е што ми соопшти. Убаво да спиеш и се ќе биде во ред!
Двајца доктори ми имаат кажано дека ништо конзервирано не треба да се јади, вклучувајќи и сардина. Може риба, но не конзервирана.
Епа тешко дека ќе најдеш свежа морска риба. Во тој случај подобра варијанта ти се смрзнатите морски риби како ослиќ.