Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    мене ми е под граница па ништо. Мислам од 10 нагоре беше јас пред еден месец 8.4 сега 7.2 шта да се ради. А во апчињата што ги пијам има железо. А јадам и намирници со железо. Џабе
    оти штетно? Мене па ми рекоа и дека не чини да се шишаш,а што со долга коса да одам на пораѓај? Да ми се стутка собрана и лежејќи па и со тоа да се замарам дополнително?
    а јас па се отепав јадејќи туни :worried::worried::worried: и сега што ќе ни се случи?
     
    На beba@meba, NNA и Ladyyyy567* им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    каква е сега состојбата женска?
    и тоа наше,охридско патрмче.
     
    На NNA и Nane26 им се допаѓа ова.
  3. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Епа не јади веќе :!: се шо е конзервирано не чини, свежо си е свежо, здрава храна Побогу! и паштети не чини, и колбаси,такви стваштарии... не верувам дека нешо ќе ви биде,ама зошто да не прима здрава храна тоа нежно душиче во развој? мислам нели? квалитетно кркање за квалитетно организмиче на бебчето.

    И да, секако охридска пастрмка бејби... се даваааам во неа.... се трудам пастрмка и спанаќ на редовна база ^_^
     
    На Magic13, marchi-cool, Ive13 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Nane26

    Nane26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    @Emma2 Не ме задржаа,дома сум,само ми рекоа да лежам, да мирувам, особено што плацентата ми е ниско поставена, и дека ќе се среди. А за депото,не ни препрашав зашо може да наштети. И сега ќе мирувам повеќе,само се да биде како што треба.

    @marchi-cool Фала на грижа,добра сум сега, малку ми беше денов поприлично турбулентен и тежок, али се надевам дека се ќе се среди и ќе бидат добро бебките.
     
    На Emma2, marchi-cool и NNA им се допаѓа ова.
  5. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Nisto. Pasteta od tuna. Mjam. Argeta
     
  6. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Веројатно ништо. :)
    Инаку туната се избегнува поради содржината на жива која се поврзува со појава на аутизам, но не мора да значи. И во принцип колку е поголема морската риба толку поголема концентрација на жива има. Затоа сардината и ослиќот, а потоа и лососот се сметаат за безбедни и здрави риби. Квалитетот и нутритивната вредност е не споредлива со слаководните риби во корист на морските, но затоа па слатководните се побезбедни во смисла на загаденост на истите со тешки метали.
    Додека се што е конзервирано или сувомеснато е секако штетно и полно со адитиви, емулгатори, задилувачи на вкус, конзервансии... Колку повеќе Е букви на производот толку полошо макар што и не секоја Е буква значи дека е штетна. Со Е се означуваат и природни бои и додатоци во храната. Јас цела бременост не каснав ништо конзервирано ни субомеснато, но за жал и никаква риба не можев да јадам. Ми се гадеше од помислата на риба. Др од ништо немав мака и имав релативно лесна бременост без гадење, ама само да помислев на риба можев да повратам. Се трудев да јадам здраво и правично да ја комбинирам храната. Бременоста ја забршив со железоннад 30 и хемоглобин над 136. Не пиев никаков суплемент освен пре мама.
    Моја тајња состојка беше аронијата. Додека зелена пиперка јадев со се... која изобилува со вит Ц. Бев бремена летно време па и тоа ми ја олесни работата. Јадев мн лубеница и секакво овошје. Друго што сметам дека ми помогна е црвената леќа и секако тоа што не пиев воопшто кафе. Не комбинирав млечни производи со храна што содржи железо додека пак затоа гледав да внесувам нешш со витамин ц за подобра апсорција на истотот.
    После пораѓај хемоглобин ми беше 128 иако се породив со царски рез и др ми се чудеа кога кажав дека само со храна цела бременост одржав крв.
    Сега немам проверено, ама се хранам катастрофа бидејќи немам време со бебе да си се посветам на исхраната и ми е ужасно мака. Се надевам на некоја ќе и помогнам со мојов пост и моето искуство. Со лесно на сите мамички. Уживајте во најубавиот период од животот. Многу ми фали и едвај чекам да ви се приклучам пак. Благословени сте сите. :inlove:
     
    На Софија 88, beba@meba, Adeline и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Многу убав и квалитетен пост. Обожавам кога ќе прочитам вакви издржани работи кои секако ни се од корист. :bow: Фала ти на одвоеното време, да сте благословени со малото!
    П.С гледај да најдеш време за да продолжиш со таквиот стил на исхрана, затоа што му требаш здрава и силна! :muscle: :hug:
     
    На marchi-cool, Milaаа991, NNA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Не купувајте облека која треба да се облекува преку глава ќе си заштедите многу нерви, мнооогу нерви. Значи се на преклоп да ви биде со закопчување, нема полесно од тоа за неискусни, ма не знам колку да се слатки (прво дете).
    Ќе ми речете фала после сега не треба :)
     
    На Софија 88, ocicka2014, koritsaki и 10 други им се допаѓа ова.
  9. ivanshe

    ivanshe Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Како нежно ритмично движење, слично на пулсирање, на исти интервали, одприлика трае 5 мин, барем кај мене е така.
     
    На marchi-cool, srekice и NNA им се допаѓа ова.
  10. ivanshe

    ivanshe Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Да не се секираш, кај мене плацентата беше ниско поставена, не знам дали од тоа или од друго исто имав крварење не обилно ама на бришење секој месец, докторот ми рече може да е поврзано со менструација затоа што точно кога требаше да добивам ми се случуваше, и така до 5 месец, и си знаев тие денови си одмарав уште пред да се појави. Во врска со постелката, само мирување, седење лежење, да не и пркосиш на гравитација и ќе ти се крене сама.
     
    На Nane26 и NNA им се допаѓа ова.
  11. Nane26

    Nane26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу на одговорот, јас на пример не знам кога би ми била менструацијата,затоа што пред да останам бремена,имав неуспешен трансфер, и крварев скоро две недели, и се спремав одма за наредниов успешен трансфер, а во апликацијата што си ја имам за циклус,сум ставила 31.10 и така се водам. А за постелката се надевам дека се ќе биде во ред. Ти благодарам уште еднаш:hug:
     
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Па во план ми е да ѝ побарам на докторката уринокултура. Инаку сѐ ми се врти во умот, од шеќер дека имам до некоја бактерија.
    И кожата ме чеша. Особено кај градите.
    И не се замарам многу, само почнав да си мислам зошто така, и ме јаде што ми немаат направено уринокултура. Ќе си бев мирна.
     
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.482
    Допаѓања:
    183.762
    Пол:
    Женски
    Добар ден труднички.
    Вчера со маж имавме сообраќајка, односно еден сероња не учука нас. Ми се скратија 20 години од животов ми се чини. ;( Среќа во несреќа сите сме добро, а и најбитното нели бебето е добро.
    Викендов требаше да доаѓаме за Македонија и многу се радував, а секако мора да се доаѓа оти морам да обновам пасош кој ми истекува наскоро иначе што ќе влезев пак во кола скоро..
    Уште сум под шок, само среќна сум што сите сме добро и што маж изреагира на време и го забележа кретенот кој доаѓаше директно во мене, па сврте нагло лево и место мене, идиот ни ја смачка задната врата. Цела ноќ не можев да заспијам... Не ми се верува дека вакви работи се случуваат во период кој треба да ми е најубав.. или еден од најубавите..

    Еден лош ден зад мене, и лошото по него да поминува.
    Јас влегов во 5ти месец. Сега морам да го елиминирам стресот и да ја насочам енергијава кон убави работи.
    Галите мешковци и бидете среќни!
     
    На Софија 88, koritsaki, Ive13 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    само смиреност,одмор релаксирање колку што се може. Секое напрегање е стресно за бебките.
    ме просветли искрено. Јас со првата бременост јадев само салама мајонез и бисквити со млеко. Ништо друго не можев. Добро и тек тук некое овошје. Сега во досегашниве месеци гледам да е поразновидно ама пак што ќе посакам тоа јадам. На работа ни е оброкот така поздрав секојдневно сум со салати ама пак ме тера на хамбургери понекогаш :lol: а нели викаат нарани ја душата со тоа што ти бара :rofl: летно време па општо живеам само на смути така да се надевам дека летово добро ќе ми дојде на здравјето. А и многу ослабувам летно време.
     
    На Larahappy, Milaаа991, NNA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    леле жено што зборуваш??? :worried::| ајде Господ бил со вас со многу лесно сте поминале. Ама да стресот е невиден. Не мисли на тоа гледај насочи ги мислите сосема на друга страна. Инаку психички ќе страдаш. ме потресе и мене. И маж ми со детето пред околу 9 месеци доживеаа потешка сообраќајна незгода штетата беше голема на среќата беше што поминаа без ниту гребаница. Па рачунајте дете од типол години како треба да го утешуваш и психички да го одвлекуваш а заборави на таа ситуација
     
    На koritsaki, Milaаа991, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Nane26

    Nane26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    О мај гат!!!!Битно е што сте добри сите, стресно било како и да е,добро што се поминало добро, гледај да мислиш на убави работи само,да отргнеш мисли. Секое добро:hug:.
     
    На NNA и Yowannty им се допаѓа ова.
  17. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Земи си денес упат и направи утре и мирна глава, не мисли многу што и да е има решение а замарањето без потреба може да те заморува само ;)

    @Yowannty многу ми жал што сте го преживеале тој стрес :( ама важно поминало и вие сте добри се поминува во животот ке помине и ова :* :hug: живи и здрави да сме тоа е најважно :)

    Јас сум пак само мама си замина а мм на работа и сега пак ке се досадувам :smoke: ке чекам да одам на фамозниот преглед денес ако ми рече да останам ке се карам :D
     
    На koritsaki, Kaetana, NNA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Лежи дома и одмарај,тешко е да не се навраќаш со мислите.Пробај да си го отргнеш вниманието со некоја занимација.
    Ти посакувам брзо закрепнување:*:hug:
     
    На Софија 88, NNA и Yowannty им се допаѓа ова.
  19. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Страшно,значи не знаеш каде што ќе те снајде(facepalm)Штом сте сите добро,тоа е најважно:)..Продолжи со позитивни мисли и уживај во бременоста :inlove:
     
    На NNA и Yowannty им се допаѓа ова.
  20. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал што си доживеала таков стрес, се потресов само што прочитав, не можам ни да замислам како ти е. Најбитно е што сите сте добро! Не е на одмет да се напиеш некој Б6, колку толку смирува.
    Одмарај поише деновиве, пробувај да не се навраќаш на случката, прави работи што те прават среќна и гали си го мешето. Нека оди на тоа лошото, од сега само убави момемнти! Те гушкам :hug::hug:
     
    На Yowannty и NNA им се допаѓа ова.