@ivanshe и моете бебе уште ика по неколку пати во ден а сме 36 недела. Нормално е. @Nane26 одмарај колку што можеш повеќе, ќе се среди сигурно. Уживај, гледај филмчиња, разгалувај се, мора да се издржи се за бебките. @Yowannty , многу ми е жал за стресот што си го доживеала, но драго ми е што сте живи и здрави сите, одмори се, релаксирај, добро ќе и дојде на бебушка
Значи најгадно било да настинеш во бременост Луѓе енергија 0,дури и под 0 сум. Матно гледам, затната цела, неможам да дишам. Сега најде абе аман. Среќа мм е на одмор па го чува малиот, ама и тој златен на мама умен Се отрув со витамин ц и чаеви, реков од денес чаеви јас со вас скарана, ги баталив, секако ги мразев. Се изнажалив а само грлото и носот ме мачат, а тек да беше побетер дека трудна иначе силна сум си а и имам еден малечок одвај видлив херпес, сигурно од внатрешна температура, валда не штети на бебе а? @Yowannty мила господ ве чувал, среќа се поминало без никаква повреда.
@Adeline Исто како јас да сум пишувала. Три дена ме мачи грло и нос. Цела зима издржавме ,сега на крај не зезна Ајде ќе издржиме
@Adeline исто и јас, нос и грло. Од работа среќа денес слободна, па цел ден цедам портокали, лимони, чаеви и ц витамин. Инаку пак почна да ме чеша доле, тоа уште повеќе ме утепува. Кај матична сум за 2 недели до тогаш ќе се шекнам понеделник здравје уринокулутура правам. Кажете ми крвна слика со уринокултура со упат од матичен гинеколог е бесплатно во Авицена?
Леле мила Господ ве чувал.одмарај сега не ги навраќај мислите опушти се сега.се стресив кога читав што си пишала најбитно ти и бебуш сте супер.те
Добро вечер женички како сте ми @Yowannty многу ми е жал ова што ти се случило , Господ ве чувал , најважно е што сите сте добри Јас денес бев да ги земам резултатите за крвта и урината и излегоа одлични , не треба ништо додатно да земам (само фолната и железото да си ги пијам секој ден нормално). Заборавив да им кажам зошто не ми даваат да пијам калциум , во првата бременост си пиев најнормално.. Прашав да ми дадат нешто и за против повраќање и мачнини (да си ги имам лековите за не дај Боже ако нешто се зачести повеќе) па ќе отидам да ги земам. Станува збор за Primperan. Некоја да не ги има пиено?
Страшно. Битно што не сте повредени. Сигурно стрес голем доживеа. Мисли сега позитивно, било-поминало. Сестра ми во 8 ми месец имаше сообраќaјка, ја чукна камион. Сама беше во колата.Среќа немаше повреди, само стресот е голем.
Мешковци, дали на некоја и се случило при одење во вц, мочање, да има тапи болки во долниот преден дел од стомакот... ко некој напон осекам... вчера бев на преглед па едно ли е да прашам, заборавив на тоа скроз
Јас пијам флорадикс сируп, ми помогна.. Пробај го, мене реално ми е многу грд на вкус. Или пробај на природна база, во пола тегло мед додади семе од коприва сето промешај го и по една лажица на ден од тоа, можеш и малку лимон да додадеш но тоа не е задолжително... со сигурност помага
Моето бебе нешто е многу мирно, да не се спрема за излегување, утре здравје сум на преглед кај матичната и на цтг, па ќе видаме до кај сме Сакав да прашам, @FreeMind и другите во Германија, што користивте за папокот кај бебето?
Бабицата се грижи за папокот. Ти не го чепкаш. Ако немаш бабица ќе ти сликам утре од веледа е еден прашок за дезинфекција и една течност користеше немам поим што беше тоа го фрлив. Ќе си прашаш во болница.
Со дезинфекција Octenisept и чепкалки за уши ја дезинфицираше бабицата , зашто имаше непријатен мирис и после 4 дена тоа се исуши и користев пудра. На мојава за 5 дена падна папокот, нормално е да има малку крварење откако ке падне ама оздравува брзо.
Па ќе мора да пробам така... а не сакам со сирупи или апчиња... матичниот ми рече дека во месото има доста железо но проблем е шо не можам да јадам месо.. повраќам од самиот мирис а не па да јадам.. фалаа ти многу... медот е добра солуција... се надевам ќе ми помогне
Ајјјј сега и никад више зошто јас незнаев дека е толку глупав вагиналниот преглед цела рака ли ја стават бре ајј колку незгодно па и мм до мене потонав од срам значи се е во ред со бебушот чекаме да не изненади ама од дома ке одмараме уште некој ден Поздрав мешиња имајте убава вечер
Со ракавици беше не е нешто болно ама глупаво е зарибано хахахах јас мислев некој инструмент имаат а оно кратко трае се издржува ама непријатно е богами
епа добро, дека многумина за болно го опишуваат, па после со крвови со свашта... ајде не се секирај тој не знае ни сам во колку ја брцнал раката, сигурно ко тиква те глеал или ко мисирка за Thanksgiving day