Богами и на фаца изгледаше така не јас немам крварење бар сеуште а за болно не е така неиздржливо нормално е ти става рака во тебе ама одма поминува тоа е најважно сега ни останува да чекаме
Пробај со сигурност ке ти помогне на братучедка ми за 3 дена и се крена железото..а мене за 2 недели од сирупот...пиј пиј уште има а гласен ми е.. го прекинав.
Сигурно комшиите ти тропале преку ѕид дур си го пиела, да намалиш малце, дека Гласен .... сори,морав!
земај од оние кесичкине цинк + вит ц. Исто како магнезиум директ се. Цинкот го крева имунитетот. за грло ќе земеш една лажичка мед да изедеш но да не пиеш воопшто вода после тоа. Кога медот ќе се налепи на крајници невероватно е тоа колку ја намалув болката. Јас имав неиздржливи болки ни да голтнам ни да се накашлам а секакви пастили и спрејови истовремено користев. Една вечер доцна не можев да издржам и случајно пробав со медот. Многу полесно заспав и ми се намали болката. еднаш маж ми на ваква случка ме праша добро не ти е срамота (срам) од таков преглед? Му викам па ти ко маж што не му рече да не ме чепка? згодно незгодно срам несрам нема друго.
Хаха закон на мојот пак реакцијата беше дека и он сакал гинеколог да биде хахаха па ме имитира како сум реагирала бе хаха јас од срам потонав мислам а докторот пак опушти се не се стегај ми вика дешавки
Ааа не бива лева патика без десна Патем дали знаеш зошто јас се породив со две бабици, а доктор ниеден?
Хахаха а јас давајќи напон се дерам каде е докторот, бабицата изгледа примети дека немам поим дека со неа ќе раѓам, па ми рече кога ќе излезе главата докторот веднаш ќе дојде во собата до нас е
Хахаххахахаххахахаххахаххахах И стварно е таму за ако има потреба. Кој знае како те доживеала бабицата
Фала ви девојчици на сите на поддршка од срце. Свесна сум дека стресот ќе беше каде-каде помал доколку не бев трудна, ама во ваква ситуација сите чувства и сетила се интензивирани пута 100. Како и да е, нов ден денес веќе сум подобра, колата успеа во еден дел да се среди, за да можеме да дојдеме до МК, а и веќе имам термин закажано за пасош онлајн уште пред една недела.. па на крајот се надевам се ќе биде во ред. Стомаков ми е згрчен 2 дена претпоставувам од стресот, оти на ехо се беше во ред. Веќе некое време ме болат куковите ако спијам подолго време на иста стран без да се завртам, а и препониве не се ништо подобри. Ќе да почнуваат болките како растам и се ширам.. Ме плаши што летно време ќе гурам трудна.. мене и онака раце ми отекуваат од топло.. а тек сега.. Ама со господ напред, ќе се преживее
Кога ќе дојде тета ќе ја изнагушка до бесвест, па ќе ја земе мајка и под рака со @Emma2 и седнуваме на целодневна во Наџак да оплакнеме црева од сокови.
е ко ќе ми рече доктор при таков вагинален преглед ОПУШТИ СЕ.... се опушта за друга работа за тоа малку тешко
Каде ни е @thinkerbell ? Има ли новини? @marchi-cool е ајде де опушти се ако можеш нареден пат ке одам спремна сега свакам зошто некои практикуваат во 9м да се активни
Мојот фамозен вагинален преглед сеуште не стигнал на дневен редПоследен пат само на ЦТГ,мирно беше,Др рече немаш болки нема потреба од вагинално да те гледам...Јас си чекам болки и тогаш се надевам ќе биде прв и последен пат да ме 'бркнат'Така беше и со првата бременост,се надевам така ќе биде и сега..Да сум си отворена доволно и да се заврши работа набрзинка Се надевам викендот ќе изненадам ама шу знам..се гушам веќе се потешко ми е да дишам,да спијам,мислам сега бебе уште погоре се качило,до грло се осеќам фул како да ме притиска после јадење посебно толку се осеќам без воздух,гледам почесто по малце да каснам..инаку мислам дека ќе пукнам. Туку имам поинтензивен густ исцедок деновиве како бело-зелен мрсулКористев до пред недела дена едни вагиналети превентивно,но сега ми се појави ова..читам нормално било зголемен исцедок при крај ама не знам,страв ми е од инфекција,кај вас што сте при крај како е?
при тие прегледи со раце треба да ги прашуваме да не барате злато или нешто друго хм ? инаку сега сериозна сум што проверуваат со тоа рацете ?