Исто како кај мене денес. А кога си дојдов дома и еве сега додека пишувам си лудува. Срамежливи ни се момите изгледа . @***Bony*** кај тебе постелката зрела ли е? Јас уште не сум добила преглед со рака, кај и да е не ми бега. За чудо кога ми земаа брисеви некако ич не бев стегната дури ни спеклумот не ме болеше за прв пат. Ќе пробам да не се стегам кога ќе дојде фамозниот преглед
Уште ова.... Понепријатно не се имам чувствувано од рачен преглед од доктор кој беше генерација на мм.... Кога ме задржаа в болница
Не се плаши, сите поминавме одлично на породување. После 40та ќе те чекаат една недела и потоа добиваш по избор средства за полесно отварање на природна база хомеопатски. После термин ако сакаш можеш веднаш со провокација да одиш, ако сакаш. Ако не до 42 ќе те чекаат, зависи од плодова вода и постелка.
Постелката ми е на преден ѕид и е зрела само тоа го знам се си велам ке прашам кој степен е ама па си велам сигурно знае докторот да имаше нешто ке кажеше проблемот за фамозниот преглед беше баш тоа што и јас очекував исто како за брисеви да е, не бев спремна за преглед со рака и затоа ми беше непријатно но веќе кога знам мислам дека нареден пат ке ми е полесно сепак е 5 секунди потоа веднаш се заборава
Абе исто пола саат пред прегледот журка беше опа иха стигнав во ординација се спремам за преглед не бе си спие абер нема ајде вода се напив не бе ич не се замара ххаха
Женски стврднување на мешето што значеше? целото ми е во форма шестоаголна а и неможам да го допрам де се стврднува де се опушта, без болка е само мачнина осекам
Ааааа принцот мој ме чека тој во јуни леле кога ќе ширам нозе да ме прегледа  ќе ми рече ама вие за царски сте а јас ќе му речам абе царски не царски прегледај ме прво ти
Хахахаха you little pervert! Маж ти да го пратиш по пуканки дур се дешава тоа, и музика да ви пушти Now, thats a spirit!
Затнат нос сериозно е дел од периодов наречен бременост? Ако ми е вака цело време,ќе си пукнам Бев настината деновиве,скоро сите симптоми ми поминаа,се олечив а носов и пред тоа и сега ми е затнат. На моменти како Миле паника звучам Ставам капки со морска сол,али јок помага на моменти само Бај д веј @marchi-cool медот ми помогна за грлово многу.Жива и здрава да си уствари ја цело време го користев,ама па чај или вода одма сум пиела,ама сега сфатив
Дечки почна водењак да ми тече очигледно,не можам да престанам да одам во вц,на секоја минута-две ме тера на мочање.бебка е распретана максимално ќе излета од стомак,ама болки сеуште немам.. .си викам да си почекам уште малце да почнат,само ми е страв да не останам без плодова вода..Веќе саат сум вака