ти знаеш од прво дете ама второ се раѓа далеку во пократок интервал од првото коа ке стигнат редовни и на 5 мин ако ти е болницата ептен близу тогаш оди ако имаш патување подолго до болница тргни сега за полесно отварање опни една топла бања
Ништо засега,сношти тој саат што мрдаше мноогу силно бебка,дали јако удараше во бешика бев 3 пати едно по друго во вц и толку.после чекав болки ништо..се смири и мрдањето наеднаш па сум заспала.Ќе видиме денес што ќе биде
Јас сум цели перипетии последнава недела. Во четвртокот ме пуштија со објаснување дека нема потреба да ме држат, ниту се отворам, ниту болки имам. Инаку испадна дека само пола прст сум била отворена, 3 прста било надворешно. Супер се, вчера пак на преглед, пак абер нема, докторот ми вика да не паѓам психички, а јас одамна отидов. И сабајле во 6 ми пукна водењакот. Поплава. Прво што помислив откако го викнав маж ми беше "налет веќе, пак на патолошка ќе одам ". И така бидна. Се тушнав, дојдов, ме прегледаа, 1 прст само. Аман. Ме качија на патолошка, дремам на цтг, болки до 40. Ништо од мојот план дома да ги истрпам болкитр. Ќе потрае ова. Бебево се мајтапи со мене поштено уште во стомак.
Не мора да значи дека ќе отечиш. Јас за првото отеков уште во 6ти месец и до крај така си терав иако се роди во ноември. Сега сум во друга држава,38 недела сум и воопшто не отеков. Јас кај што живеам е константно над 40 степени,минатиот викенд 46 овај 43 не се секирај,бременоста е чудна работа,се не нормално е нормално сега
Готово кај и да е ќе биде,ќе се гушкате со бебо за многу кратко време. Мене со првото од кога ми пукна водењакот се породов по 6-7 саати со тоа што не бев на патолошка,туку во предпородилна. Дај Боже само да поминете брзо и лесно
Ајде со лесно и што побрзо да бидне работава овој пат и кога ќе излезе тоа прцле мало да му ги иштипеш тие крофни на газето да знае зашто му се
Аман бе јас си велам пак те нема да пишиш си ушиваш со бебуш ајде нема нервози на крај опуштено помина 9м ке поминат и овие неколку дена стресот не е добар за овој период движи се колку можиш повеќе прави чучњеви со лесно и поскоро нека е Добро и @anita123 ни ја снема или јас пропуштив нешто @Beautymom со лесно нека е @Ladyyyy567* значи почнува прочесот лека полека ке биде наскоро само опуштено женче Кај мене ништо ново си чекам болки или некој знак ме нервира бебушот шо е многу е мирен сакам да лудува како порано ама тесно и е изгледа баш чекам на преглед што ке ми кажат ама не ми се оди кога ништо не осекам
Иста ситуација имав и јас па цтг траеше 1 час Потоа еден ден случајно пред преглед си изедов 100 гр чоколадо и веднаш активно На секое цтг си јадев чоколадо и си немав проблем веќе. Пробај и ти пред преглед јади чоколадо, можеби ќе видат колку немирно е
Најозбилно бебето те мајтапи. Ама со пукнат водењак нема каде веќе. До вечер утре најкасно ќе пристигне. Движи се ако можеш. Ти стискам палци.
https://sdk.mk/index.php/makedonija...sostojbi-vo-bremenosta/#.XIyesn00lDs.facebook Задолжителен преглед стана како и секаде во светот.
За добро расположение до сите мешковци кои со нетрпение ги очекуваат своите бебуши https://www.facebook.com/834802806608476/posts/2121286061293471/