јас бев ваква со првата бременост абер да се немало ни од контракции ни од болки но од отвсрање. Налет све па и плодот не сакаше да се спушти. Само се маткав по болници а јас врска немам што се дешава. На крај завршив со царски. Немаше др чаре. Си реков да се сите бремености вакви уште 50деца ќе родам
и да си се исповедам и јас тука. уморна ненаспана воопшто а обврски допрва ме чекаат. Од понеделник прва смена на работа. Мислам дека ќе си цркнам. Вчера и денес турбо денов а ни утре нема да ме поштеди. Вчера ко јапер станата од 5 саатот а ноќта касно си легнав. За малерот не можев воопшто да заспијам,да поспиев барем уште 3 саати, во 8ипол имав закажано контрола и таман заспав ете го алармот. Испцув прво све живо и диво па станав се спремив и заминав ма преглед. Бебчо си пораснал. Се порасположив малку. Идам дома детето уште спие. Реков да си жив спиј и јас легнувам до тебе. А бев втора на работа. Немаше шанси да издржам до 22:30 часот а станата од 5 со дремка од пола сат. И си се кутнав. Море се изнаспав до 11 саат. станав свежа испив кафе го средив детето и јас па заминав на работа. Денес пак ко јапер. Синко имаше роденден во 14h во игротека па ајде домашни обврски па да спремам нешто за таму. Иде време за роденденот и ете се сите еден по еден се јавуваат на телефон дека не идат. Кој бил на школо кој спиел кој не знам што... И јас - експлодирав. кога да откажам кога за 20мин е закажаниот термин. Само едно девојче дојде. Срамој живи. Плативме зедовме се и идеме дома. Кога ете се сите на телефон дека вечерта ќе дошле а некои утре. и јас турбо да суредам да исчистам да измијам да наредам... И веќе ни нозе држеа ни ништо. Битно дете се израдува на гостите. Сега конечно седнувам легнувам и кичма ме кине. Реков дур ми се истегнат мускулите да прочитам што има овде. Утре 10 тури миење и кумојте ќе идат. се надевам бар после пладне дека ќе се јават да се изнаспијам зашто следно спиење дури другата сабота.
Морген...Јас на поминување само,гледам мирно засега,на запад ништо ново. . Се нервирам од тој носот веќе аман секој ден затната се будам и немам воздух,сеа и плус пролетните алергии ќе пукнам
Добро утро девојки,како сте денес?Ќе имаме нови бебчиња деновиве? Јас вчера бев на цтг бебе беше морно, болки покажува боштум до 60 а јас труп трупосан Попладнето имав зачестени лажни болки со неправилен интервал ама ништо џабе,а баш сакав на 16ти да биде работава,да ни се погоди со датата од венчавка ама јок бре брате.Почнувам да се помирувам со реалноста дека ќе си го износам до крај.Секој нареден ден ми е некако се потежок Фамозниот преглед со рака се уште не сум го имала,навистина е многу непријатен а вчера бога ми навистина ме изнасмеавте во врска со него Туку сакав да прашам тие што се во исчекување на бебе деновиве како ќе го изнесете бебе од болница,мислам за облекување?Во мисла сум дали ќе е доволно тоа што го имам спремано,времето е затоплено,тоа секако ќе си биде со ќебенце валда нема да му биде ладно
Доброутрооо мешиња Да станам или да продолжам да се валкам во кревет ние пак сме сами пак ке треба по дома сама да се шеткам но реков денес се ставам во акција ке ја правам фамозната генералка ке ја предизвикувам малата Ако неке милум хоче силум Човек да незнае што да прави од една страна си велам остави ја кога сака ке си излезе од друга страна 39+1 сум до кога да ја чекам неможам пак на два дена да се вракам досадно е исчекувањето што ке кажат сега @***Najsrekna*** јас имам спакувано: - боди и ѕивриња - шпикозни - капа, чорапчиња и ракавички - кебенце Толку незнам дали е доволно ама за ладно неверувам од болница во кола па дома имаме 10мин пат мислам дека нема да и е ладно мислев и скафандерче од меките (уште не научив како се викаат детските работи) ама ке видам ако не ке го земам па ако и го облечат ок ако не ке го вратиме ти што имаше планирано? Или некој друг да предложи нешто
Тешко ми е кога те читам,се присеќам,те разбирам,ама издржи уште малку остана,не паѓај психички,ние тука може да те утешиме да ти тргнеме мисли. Ти праќам и нема предавање,уште малце остана Оф оф...глупаво така,спремаш,закажуваш па и ти се малтретираш,славиш роденден,кога се поканети тогаш треба да те испоштоваат Многу мразам така,нема кога нив им одговара,тие не слават роденден и готово. Битно синко се израдувал,одмарај сега
@***Bony*** истото и јас го имам спремано но си викам ај да прашам за секој случај.Што велиш од болница во кола и за десетина минути сме дома.Со душа го чекам моментот кога ќе се вратиме со бебчо дома,ептен сакам да ја видам реакцијата на децата и тие едвај чекаат да го видат
Добро утро и од мене мешиња лепотици денес решивме само да шеткаме мажево се договорило на скара во природа па ево спремам се за тргнување.ви посакувам прекрасен неделен ден и ве @thinkerbell ајде миличка ти си лавица силна жена мораш да издржиш мисли на тоа дека за брзо ќе си го гушкаш најубавото нешто на светот твојата смисла за живот.немој да паѓаш психички те ајде ќе не израдуваш со прекрасна вест па мекици ќе правиме овде на форумов
Koristete li bodi namesto dolna maica vo 9ti mesec? Mnogu mi e nisko stomakot i nemozam da odam so dolni maici, ama pa sube me jade sega, a rasteglivo bodi e.
Утрово ми се појавија на ФБ, за поддршка на труднички стомак. Ги има во аптека голд мун спроти гинекологија Чаир. Поздрав
Истото и јас девојки,за од болница тоа е Инаку додека е во болница за под него за лежење спремив една пелена тетра или од тие може што не пропуштаат,и едно ќебенце не многу дебело за покривањеИ памперс секако и павловичева за секој случај,мада негде или имаат нивна или воопшто не ставаат. Спремив и влажни и купка бекутан-за мене,2 спавачи,влечки,навлака за перница,крпа,лабело,и средства за л.хигиена-паста,четка,тоалет хартија една ролна(во државните мора се да си обезбедиш оти не се знае),чорапи,влошки и обични памучни гаќи
Ве читам тешко ви е при крај, леле јас терам 28 па веќе ко патче одам, тешко ми е некои денови, некои денови имам енергија и на Водно да се качам. Денес шетавме малце, временцето топ. Секаде околу мене бебенца во колички, па се радувам и јас така ќе си шетам. Размислуваме за количка периодов, па ко улава гледам по луѓево што колички имаат, како им се расклопуваат, какви рачки имаат количките итн.. Да ме примети некој, срам ќе ме фати, ама не е за лошо де, мерак ми е. Па и им се смешкам уште. Уште ништо немаме купено, ама се имам изначитано се', да помине некое време, списокот е направен а меракот е голем. Ве поздравувам, уживајте во топлите денови.
Се испеков денес на сонце и сега ми е мака, од убавина де Па ај да направам ручек реков,мм спанаќ ми донел,му се израдував Бебушка шутира мислиш дупка ќе отвори и ќе бега некаде,само осеќам некое ноџе како мала тумба горе на средина, па долу некое раче како помала тумба, па здрвување,оние лажнине контракции што ги мразам. Препони корнат кога одам,гради буквално пржат ама ќе се издржи,во глобала ок сум фала му на господ Одам да не загори спанаќот па да не е џабе радувањето со позитива до сите
И јас јс мислам на @thinkerbell, ајде изненади не со позитивни вести Јас се вратив и од кафе, нешто слаби менструални болки имам, ама како што сум тргната со провокации ќе се пораѓам.