Женчиња добар ден утрото одамна ми помина, станата уште во 7:15 а втора смена на работа Ај се моткав во кревет додека поминаа кризите со лошењето,станав и си почнав низ дома, алишта,садови, ја чистев плотната од шпоретот абе мислиш ко да ме исцеди, енергијата ми ја зема... после тоа пофати нешто,седни одмори... јас не знам што ќе беше ова да немам сила едно ќебе да истресам дали само на почетоков ќе е вака или и после а што сум таква,место не ме држи ако е растурено по дома... Како е кај вас? Дали денес имаме ново бебе? @thinkerbell за поддршка
Ако ти е за утеха во 7ма недела 7 дена од купатило не излегов, цел ден ми се повраќаше не само утрото, сега влегувам во 11та пред некој ден пак почна лошењето, само не е толку страшно како првиот пат (или се навикнав). Плус тоа,ослабев 3кг гинекологот рече дека е нормално за прво тромесечие, бебето си напредува како што треба. Ми дозволи Рупурут или Гастрогард, пијам и Антиметил апчиња на база на ѓумбир и сите други варијанти што можат да помогнат, соленки,леблебија,кока кола, бадеми... ма да подобро ми е да се олеснам да си повратам па после да сум раат.
Да ве прашам вас поголемите мешковци колку ви се активни бебушките? Јас еве 32 недела уште не гледам да ми се испакнува стомак како што гледам на видеа на јутуб и како што ми кажуваат другарки. Мрда моево ама многу е нежно само малку како да ми го здрмува стомакот кога ќе се размрда... има ли потреба од загриженост?
нема потреба да се плашиш трудна си се е нормално тоа и мене од нигде никаде ми дојде и веке два месеци ме држи уште за жал .. инаку и јас ослабев 3 к, и нема абер нагоре да тргне работава ..
Јас сум помала со недели од тебе ама и мојава мава упорна е ама нежна е многу .Знае да откачи понекогаш некој јак удар па да викнам ама релативно нежно е.Можеби ради постелката што е на преден ѕид па ги амортизира ударите и не се глед-осеќа толку.
Јас сум 33+6 ама и моето бебе е така како опишаш ти можеби заради постелката ама во ехо е добро така што мислам дека нема место за паника, иако и јас се секирам зошто луѓето велат дека ке те боли, ова она, кај мене ништо од тоа можеби кај секоја е различна. Поздрав Нема потреба за грижа нормално е јас 33+6 па нр поминува неделата без да повратам 3 пати. Ти посакувам лесна бременост. Поздрав
Знам дека кај бремените жени се толерира до 2000, и кај мене во 26 недела беа 1540 ама после еден месец ми падна на 704, веќе ги немам проверено, тоа треба и на ехо да се гледа ако бебето се развива добро нема потреба од грижа ако има нешто гинекологот ке ти пише да примаш клексан. Поздрав
А кој те прати да ги испиташ? За ова ќе си идеш обавезно на трансфузиолог и тоа добар некој да ги види и димерите и времињатс на коагулација и ако е потребно ќе ти се даде терапија.Обавезно да идеш.
Нормално е Мини, ич да не се секираш. Ако продолжиш со повраќање оди на гинеколог ќе ти каже тој. Мене ми даваја анти метил на природна база ѓумбир и многу ми поможваја, одма ми поминваше.
Не се секирај воопшто. И јас не повраќав а еве од утре влегувам 10та недела и пред некој ден два дена по ред повратив. Јас приметив дека кога ми е празен стомакот ми се случува ова па само што ќе станам од спиење земам си јадам соленки сега овие денови не сум повратила. Друго што забележувам е дека ми сметаат миризби , крема за лице не ставам ми се гади, одредени парфеми што ги користев сега не ги користам.. воглавно мирисите ми сметаат
Мила примам клексани,па се загрижив дека и покрај тоа што примам пак се повисоки,а наодот од транафузиолофот "наод во склоп на бременост"ми пишува,ваљда е нормално.
Zdravo zenicki sakav da ve prasam vo koja nedela go pravevte prviot skrining izvinete na letinica od tel pisuvam
Мила,примам клексани и терапија,и одам на транафузиолог,но и покрај терапијата димерите ми се повисоки,па се загрижив.Мислењето на трансфузиологот е "наод во склоп на бременост"па ваљда е нормално.Иначе сум 17 недела.
Значи ми се плаче на цел глас Некам ни прегледи више ни ништо сакам да заврши ова патешествие секој втор ден прегледи, чекање, глупости слушање и секој различно кажува, веќе незнам ни што да мислам. И стандард најглупото прашање скриниг правеше ли, да правев иии што има нешто??? и нема одговор ке си пукнам BPD 37+6; HC 37+1; AC 40+6.. Наместо да сум 39+2 пак сум 38+4 и термин место 23 сега е 28ми март аман више. Што е уште по глупо 2-3 прста за кој како сум отворена веќе неколку дена а болки никакви стагнираме во место денес фалеше да каже и дека имам повеќе плодова вода бе одкаде тоа сега ЦТГ одвај успеваме да направиме ми го мрдаат цело меше за да биде правилно, кај мене контракции јок рамна линија И најглупавото следи движење кое мавање на психа сега треба да се потресувам ако ја нема саат време да мрдне Разочарана сум премногу плачам како мало дете нормално ли е вака нека кажат нека не ме вртат само, сега ке му одам на матичниот има се да ми објасни инаку нема да можам да функционирам.... Извинете за долгиот пост и негативноста во него
Јас од денеска ја почнувам 40 недела, немам никакви знаци за раѓање. Здравје во среда сум на цтг, па ќе видиме овој пат што ќе покаже. Многу ми е тешко веќе, само на спиење ме тера, болки во препони имам страшни, стомакот ептен ме чеша, не го ни осеќам, градите страшно ми се издуени и болни, муабет не ми сс прави со никој и така.