Јас мислам дека нема... матичниот исто така ми рече дека не е штетно.. јас два дена еден по друг правев ехо.. ( си имав некои компликации).. така ми се случи три пати.. значи еден по друг ден ја да правам ехо... се загрижив и одма прашав.. па малку ме ослободиа.. и сега си одам на ехо на 1 месец... бидејќи со бебче си е се ок.. достигна 1200 грама а денес влегов во 27 недела... така да опушти се и не мисли на штетно не штетно.. како ти кажале така прави..
Тогаш штом е сменет терминот не би требало да те малтретираат уште од сега со ЦТГ на секои 2 дена. Многу е малтретирање, во Чаир гужва у пм, претходниот пат чекав 3 часа за ЦТГ, затоа и сега петоков кога требаше пак да отидам на контрола не отидов таму туку си отидов кај матичната. Како и да е бриши негативните мисли и шеткај повеќе, наутро и навечер, па и некоја партија плус деновиве со мажето за да убрзате процес.
Не да е гужва 3ч обавезно чекам и јас реков не одам додека не ме фатат јаки болки ама пак се плашам немој нешто да биде а мажето ич не ми помага бега од мене ризично било многу чита по нет па си прави филмови не дека јас имам желба ама за да ми помогни ама ништо
Ми се блуе од Ивановски .. нит сум доктор нит можам да те упатувам како е најисправно...јас на 2 недели си ги испитувам, сеа малце забушавав ми испадна скоро месец дена ама декс примам клексан од неодамна па затоа се опуштив малку... Еве некои и прашуваат дали е штетно ехото, ако ти е штетно не оди често... по мене нема штета од редовни контроли, Побогу за здравје се работи !!!! да не биде после леле зошто не си следев на време. Ама слушај си го Ивановски како ти рекол Ко да само он е на светов
Девојки дали по прекинување на аспиринот,сте го продолжиле пак да го пиете и како сте го поднеле.Има ли некој како мене.Ви благодарам
Аааа многу е штетно што ни е како дрога богами. Што се замараш со глупости, чкрапај си таму без мака. Мене ми е помачно лап топ да отварам,тука се си имам нели Се е штетно околу нас неможеме да се изолираме, сигурно воздухот во Ск е поштетен од 35 телефони да имаш во рака. И мене ми е постелка на преден,31ва сум, искрено стомак машала се испакнува од сите страни бранови, според мене биди мирна штом си го осеќаш,тука е си мрцка, едноставно може е помирничко бебе, а може и допрва бранови да прави,не се сите мешиња исти. Едноставно опушти се.
@Софија 88 нема штета од ехо на две недели. Јас од почеток до сега одев на две недели. Сега во 9 и на една недела. @***Bony*** само грижи ни создаваат на крај. И кај мене главчето го покажуваше помало за две недели сега во 36 но матичната ми објасни дека сега на крај неможат убаво да измерат и дека често е со грешки поради тоа што се веќе големи бебињата. За плодовата вода ако е повеќе нема што да се секираш значи има во што да си пливка бебо. Се реагира ако е намалена. @thinkerbell те мислеме, пиши ни кога ќе можеш, навистина се надевам дека веќе се гушкаш со бебчето и завршила тортурата
Те разбирам целосно,и јас сум доста нестрплива,но стварно не знам зошто би имало потреба да се гњавиш на 2 дена на ЦТГ кога немаш болки..Јас бев на 09.03 ништо,слабо ЦТГ..Денес сабајле се разбудив со грчеви како за вц,а ептен јаки болки немав.Си реков да се спремам јас белки до после ќе ме фатат појаки.Спремив торба се,рекоа дежурен Др шо го сакам-супер,излегувам хепи одам да раѓамАјде помина цтг-коментар од Др ништо слабо е,да не те малтретирам со вагинален преглед,дојди накај 18:00-19:00.Значи еве веќе 39+1 сеуште не сум гледана вагинално.Дома се акнувам со чистење,џогирање,се ведам,се тегнам абе ништо уштеДента бев кај 12:00,еве пројд денот абер немам ни б од болки.И јас на маж му велам дај една партија да удриме уше тоа остана да пробам и пак ако не биде ќе пукнам веќе,ама бега се плаши ме нервира. Иначе мене последна дата циклус ми е 19.06,последен термин ме водат 26.03,а по апликацииве по нет 23.03.Нема правило ден-два плус минус,не си набивај филм толку за датите..Ќе си чекаме болки и тоа е,тешко е веќе на крај знам ама тоа е.Кога чекаш спонтано такво е,не се знае кога што како.Опушти се со филмче,прошетка не мисли многу ќе биде..Јас со првото мн. пешачев,не се замарав толку,и 10 дена пред термин наеднаш добив болки и од прва отидов се породив брзо.Претходно ни еднаш не правев ни ЦТГ ни вагинални прегледи,ништо..Кога треба само ќе си дојде,ќе осетиш,само стискам палци да биде што поскоро и се да мине во ред
Девојки вие што правите ехо на почести интервали,контролите ги правите кај матичните,систина,ремедика,њу борн или....?Ви благодарам
Крајот и исчекувањето е навистина неподносливо мислам цела бременост не се замарав како сега несакам ни јас да одам на два дена незнам што ме замараат демек да следат а се е во ред. Си бев до кај матичниот се ми објасни џабе ме потресуваат бебето си е во ред и така и ќе биде само преовеличуват некои ствари овие од Чаир. Мажите ни е се жени значи а за чистење незбори овие денови цела сила ја трошам на чистење прередување движење навечер а и скали незнам по колку пати симнувам и качувам на ден, и се надевав дека тоа ке помогне а нема реакција секој преглед исто. Може и тоа ме разочарува што премногу калкулирам и се надевам. Решив веке не се замарам ке си бидам опуштена и нема да мислам кога ке биде, сакав да е рибче како мене ама сеедно ми кога сака нека дојде само да е жива и здрава Ние сме тука со термини ти посакувам најлесно да поминеш да е опуштено и лесно, помалку болно и неосетно
И јас така си мислам не поминува времево и сабајле случајно во термини кога гледам март се чистит пола е веќе си викам уште април и мај и тука сме и ние леле стравов поголем и поголем ми е
Жено машала, шо убаво влагаш во трет триместар,љети време. Јас одам секој месец на контрола на трансфузиологија, да ги следам и д димери и хемостаза. Од минатата среда резултатите ми се 1900, и др. ми вика ок ти се, си терам и понатака клексан и аспирин,со оглед дека си со близнаци, а сум 19 та недела, од среда 20та. @Martka Драга,не ја гледај горната граница во листата,што пишува 500,тоа е за нормално испитување,а не за бремени. Среќиче имаше во темата Д димери мислам дека ставено реф. Листа со вредности за бремени жени. Позздравввв
Еј вчераси викам леле 5 кутии вагиналети имам за ставање кога ќе ги доставам.Таман ќе завршам ќе дојде време за пороѓај За страв не збори ,како дува ветерот така ми е расположението.Ако прочитам убаво искуство онда ми е супер,но кога чита некој тешко поминал е онда ми се набива страв у коски
Јас претходната бременост одев на еден месец кај матичната, на еден кај докторот што ме води во Ремедика, распределено на две недели ми доаѓаше. Значи сега кај матичната, па за две недели во Ремедика, па за две недели кај матичната... Сега почесто одев во Ремедика, најмногу заради боледувањето, така ми се поклопи, но понатаму исто планирам да одам на две недели. Докторот од Ремедика еве почна да ми закажува на еден месец контрола, па измеѓу ќе си одам кај матичната.
Кога ти го прочитав првиот пост одма сакав да ти пишам ама реков чекај да дочитам па ќе ти пишам и сега гледам си се свестила значи си кажа да не се замараш мила моја да се опуштиш се ќе биде најдобро.секој доктор со различно мислење нема потреба да се штекнуваш само слушај ги и да да климај со главата ти си го знаеш терминот по него си се водиш и готово.ајде ќе биде се во најдобар ред и наскоро ќе го гушкаш лепотичето само уживај ми и не ми се сеќирај.а за маживе да ти кажам право мислиш тие ќе одат на раѓање абе аман овој мојов пак и во друга соба да спиел да не ме удрел по стомак во спиење оф мајко моја му викам абе седи не ме нервирај те и само позитива ти испраќам не заборавај дека си жена мајка кралица и лавица
И јас го мислам девојчево што ни се пораѓа тагнете ме ако пише негде. Бонче мила опуштено и сами ќе си дојдат болките. Трпа нервоза иначе. Сукај кора ќе ти избегаат мислите и ќе имаш за јадење во билница
Фала ти Иве секогаш кога читам нешто пишано од тебе те замислувам како бебушот што ти е на сликичката нежно кровко мило да го грабнеш и да бегаш помина ете и јас колку и да се правав јака и недопирлива успеаа да не извадат од кожа, денес ме погодија во најслабата точка ама веќе нема да дозволам За мажите нема чаре освен лисици и да ги врзиме да не ни избегаат Те најсилно
Девојки да ве прашам нешто веќе 2 дена многу ме боли кичмата, и не работам ништо само што правев вчера ручек така се блокирав неможев нозете сама да ги кренам на спална и цела нок од половина надоле све ми беше како здрвени од болки не можев да спијам, сабајле малку подобро ама сега пак ме фати а пак ништо не работев само измив 3 садови, инаку сум 33+6 дали е нормално ило да фатам правец за на лекар, пијам по 2 магнезиуми ама не помага. Поздрав
Девојки, да ве прашам дали некоја била на нефрологија, дали брзо се завршува работа, ми дадоа приоритетен, треба холтер на носам, да знам што да очекувам. 33+2 сум почнав притисок да качувам не многу ама до кај 150 со 100, некоја искуства?
Ти си моја лепотица поминавме низ се и сешто овде на форумов секакви приказни добри и за жал лоши ама мора да издржиме за сите нас да си бидеме подршка до крај за се за совети за смешки за бебушките.само напред и за брзо и за тебе ќе правиме мекици па со ред за сите сегашни и идни мамички овде на нашиов форум.имај си пријатна вечер миличка моја