Мене половината ми е најосетлива во бременоста на почеток баш тој период што си ти имав слаби болки и крцкања во неа. Сега се многу појаки како да не е моја без разлика дали седам или лежам првите чекори ми се како да проодувам прв пат. И секој преглед прашувам дали е нормално и секогаш ми велат дека е во ред и дека е очекувано да боли и да не ја осекам како моја како скапана. Незнам ако сакаш прашај си види може кај различни организми е различно
Јас незнам зошто, ама толку ми се плаче т.е рика, мислам дека од пред 2 недели животот ми се смени овде поради некои личности, сакам дома да си одам, многу сакам. Незнам дали е до хормоните, незнам дали се случува тоа кај мене само, што сум толку осетлива.
И јас се чудам од каде такви крокодилски солзи ми налеваат и се тешам дека се од хормоните вака не сум плачела којзнае од кога само прст покажи ми и ке си почнам да плачам
нема потреба од ехо на недела дена или на две недели. Тоа го прават првите 2 месеци за да се следи развојот на ембрионот. Таман си е на месец дена
@NNA ти притиска нерв бебчето и затоа се укочуваш. Ако потрае ќе се јавиш во болница да те видат. @Nenna97 каде бе ќе бегаш дома? Абе има да им седиш и кран да не те дига еј. Нема ликови ме изнервираа сега се твои пет минути ти да нервираш. Пцуј! И плачи
Јас па за чудо да не се заречам, претходно имав со години мака со половината а сега од кога сум бремена не ме боли нешто баш Ама затоа препоните ми плачат
Фала за одговорот, да тоа што велиш мене ме болеше например кога работев нешто дома и ако почнам да пешачам ке помине ама овие два дена не поминува ни со седење ни со одење и кога одам ме боли. Ама ке видам утре како ке биде. Ти посакувам лесен пораѓај а за бебето ич не се секирај јас одам кај 2 докторки никогаш мерењето не бил исто едната секогаш го ваѓа бебто 2 недели напред а другата 1 недела назад ич не ги слушај ако бебето мрда све ке биде во ред. Поздрав Фала многу, ке чекам и утре ако не помине ке одам да ме видат. Поздрав до тебе и твоето девојче.
Од денес 19та недела. Средував прееска низ дома и најдов пакети со алишта од првото дете. Сум ги заборавила скрос. Многу имало. Од радозналост земав еден пакет да си ги разгледам па јас све сум била обезбедена ова за унисекс со оглед на тоа што уште не го знаеме полот.
Добро утро женички. Јас од денес стартувам со 21 недела. Матичниот ми даде да пијам испив од нив една лента и многу ми се зголеми апетитот. Сега ако продолжам вака незнам кај ќе стигнам. Не сакам да се поправам повеќе од 15 килограми. Не ми сметаат на ништо, значи немам ни киселини во желудник само што многу ми се јаде. Што ме советувате? Да ги допијам овие па да барам само Фемибион 2 или нечто слично? Плус тоа воопшто не јадев благо а оваа недела како некој наркоман сум. Никако неможам да престанам да јадам.. Дајте некој совет.
Честито анитче.Живи ,здрави и ве Не срце не ти е апетитот од нив.Бебето си бара да јаде.Залажувај се грицкање нешто ситно колку да ти се засити желудникот.И јас ко термит се движам низ куќава,се што се движи би изела ,за благо да не збори во живот не сум сакала а сега шеќер би сркала со лажица ама несмеам
И јас тој период јадев мноооооогу, мислам тогаш најмногу килца качив Не верувам дека е од нив, бебе си бара, затоа ти е отворен апетитот Навечер знаете стандард процедура по 4 пати во вц. На два пати кога легнав горе во стомак осетив како чудна вибрација,досега непозната ми се чини. Како ноџето на бебето да му извибрира,незнам како да објаснам... Еве сега си мрда стандард. Чудно ми беше мн.
Јас пиев прегназон до 22 недела, и докторот ми ги прекина, ми даде само железо да пијам, со образложение дека ќе се здебелам многу од витамините, и така поголема штета се прави. И мене ми беше чудно, ама стварно од кога престанав да ги пијам не качував на килажа толку т.е по едно кило во месец, претходно по 2-3 качував.
Мешиња јас вчера бев на контрола за цервиксот кај матичен. Ми го мери, 15мм со фанелинг. Од таму правац патолошка. Ме прегледуваат и таму, иста дијагноза, ајде рачен преглед, на око добро изгледа ама омекнат цервиксот, уз пат и брисеви ми земаа и викаат те задржуваме да примиш инекции за зреење. Ама им текна дека инекциите ги даваат од 26та недела, а јас 25та. Па држ не дај, ѕвонат по телефони, што како да се прави. Викаат и да те задржиме нема што да ти праиме, немаш контракции, инекции неможеш да примиш...На крај одлучија да ме боцнат прогестерон и ме пуштија дома на строго мирување до понеделник. Во понеделник здравје на контрола, па ќе се одлучи што понатаму. А периодов и онака ми е тежок, лани на денешен ден ме примија во болница, на 22ри родив мртво бебе. Сакав да можам деновиве да искочам од дома и да не мислам на тоа, да си купам нешто за бебка да се расположам. А сега закована во кревет. Нз како ќе преживеам. Од вчера само читам за тие инекции, има некоја искуство? Извинете вака малку подолга, ама тешко ми е, морав некако да се испразнам.... Ве гушкам
А тебе до сега никој не ти мереше цервикс??? Да видат и да предложат церклаж да се направи Лежи ама стриктно кревет вц да ти биде релација и ништо друго.
Na mene pred okolu eden saat, mi protece nesto, ne sum sigurna dali bese vodenjak, ama mokra bev i gakji i trenerki, sega za sega nema bolki i ne se sluci pak takvo nesto.