Во 12та недела беа чисти, од тогаш не сум правела. Вака во исцедок немав приметено некои промени за да посомневам дека можеби има нешто. Вчера ми земаа на клиника и кога ми зимаа рекоа дека на око изгледа чисто. За секој случај ми направија премивка со некоја теност оцтисепт мислам се викаше за дезинфекција и ми препишаа антибиотик. Сеа ќе видиме резултати...
Добро превенција направиле значи.Мора да си чиста за да не направат беља бактерии па да навлезат во цервикс.
Лежи и мисли позитивно станувај само до вц,знам дека е тешко ама ќе издржиме се за нашите бебки. Те гушкам,ќе биде се во ред.Не читај на нет за дијагнози.
Јас со претходната примив две дози, тоа ги зрее белите дробови на бебето, во случај да се роди предвреме, да може самостојно да дише. Во оваа ситуација може само да ти помогнат, и строго најстрого мирување, јас го износив до 37гн. Еве јас едно позитивно искуство за кураж.
Мешиња добар ден... убав е и денес денот.. се крои план каде да се шетне .. е сега овие ги видов и некако ме примамиа да прочитам се за нив.. ко добри ми се видоа .. кој знае дал се ефикасни .. цената им е добра некаде околу 400 ден а демек добри се, имаат железо, витамин Б, 12 и фолна киселина... Што мислите Вие, ги користела ли некоја од тука, искуство?!?
Само строго мирување гледај филмови да ти помине време ама станување за во вц само ништо друго. Со лесно Нате да се надеваме дека е водењакот тркни до лекар
Јас сум утре на цтг кај матичната, денеска она само сабајле работи, ама ми даде упат за на гинекологија ако има нешто, ама еве чекам некој друг знак за раѓање ама нема.
Да на мене уште од 30 недела овде ми прават вагинален преглед, бев во петокот не бев ни прст отворена, а минатата среда бев на ехо во болницата кај што ќе се пораѓам, има доволно плодова вода, папочната врвца е добра, плацентата исто и затоа ми кажа докторот од овој понеделник т.е вчера ми дава плус 10 дена фора за раѓање
@Nenna97 Одлично се си е во ред тогаш чекај болки се надевам наскоро ке бидат и поскоро ке се гушкаш со бебушката
Да, ми рекоа и среќа што не сум отворена. Докторката беше сигурна дека ќе истераме до при крај. Фала ти најмногу. Мн ми е полесно кога ќе прочитам позитивни искуства. Мм ми вика ајде ма што све не издржа па ова, лежи таму уживај и понашај се ко султанка наредувај само знам дека се е индивидуално, и да прочитам нешто лошо игнорирам, само позитивните искуства ги регистрирам да ми дадат поттик дека и други поминале низ ова фала ти за поддршката, те гушкам најсилно
Женички како точно да знам кога мрдаат бебињата, немам искуство какво е тоа чувство, па и кога нешто се дешава си викам тоа е или не е филм си правам
Која недела си? На почеток ќе ги осеќаш како пеперутки да ти прелетуваат нежно, како скокоткање. После како да имаш гасови или како да ти кркорат црева. После тоа веќе ќе бидеш сигурна дека се бебињата без двоумење.
Јас минатата недела т.е 16-та осеќав како еднаш ми мрдна нешто си помислив мускул некој е па ми рипна што викаш, утредента пак два пати едно по друго и така од тогаш секој ден истите " удари" ги чувствувам така кратко трае удар и го снемува ... убаво го опиша ова со риба во мрежа фатена па рипка така некако и моево ми делува.. и се од истата страна на стомакот, ко да само едното е активно, другово не сум го сетила уште не знам дали во исто време и двете би почнале да мрдаат.. @tetoviranta јас не ги чувствувам така како пеперутки што викаш , моиве веројатно ова се мрдања или само пусти радости се
Кај секој е различно, јас сум мн слаба и доста рано почна да ми се гледа на стомак коа ќе се раздвижи малава. А од понемирните е, си прави журки внатре. Сега и преку облека ми се познаваат бранови на стомак кога си се занимава внатре. Гали меше и уживај, за мене нема поубаво чуство
Токму така и јас почнав да ја осеќам бебка. Како мускул да ми играе околу 16 недела. Потоа секој ден се појавуваше и знаев дека не е мускул дека е бебушка. Веќе од 18 недела чувствував убави удари. Кај секој е индивидуално. Не си правеш филмови, бебињата се. Уживај во чувството