Да Ви се јавам дека уште не сум породена Денеска 40+4, вчера бев на цтг, контракции од 0 до 4, ни сантим а не па прст отворена и така
Диазапам пијат цела бременост оние со висок притисок. Не делува на плодот. Фактички во бременоста не би требало да влијае ниту еден лек али нема врз која трудница да ги испитаат, во тоа е проблемот на ограниченост на медицински решенија. Ако има каде да ги испитаат би ги дозволиле. Пиши што си направила и не ќе е лошо кај докторот кој те води да се јавиш на преглед ако продолжи состојбата и денес. Земи си второ мислење.
Труднички што ми правите? Имаме ли нови бебчиња за гушкање во меѓувреме? Ајде, што се чека? Јас конечно си дојдов при мајка. Со маж од излежавање не стигам ни мобилен да наполнам, а не па да прочачкам нешто. Па дур спие сега, да ве поздравам. Иначе за тие што тек сега мака мачат со запек, не сте сами јас имам болно искуство, одам во тоалет на неколку денови, боли и има крв на бришење. Засега ништо не ми помага. Почнав пак да пивнувам кафе на утро после доручек, па само тоа знае чат пат да помогне. Друга мака ми е што куковиве во линија надолу ме болат многу на спиење. Никогаш порано сум немала вакви болки. Некои ноќи ми се многу мачни... На почеток бебето го чувствував само кога ќе си легнав навечер, и тоа како многу благо скокоткање од внатре, поретко како пуканка ама се случуваше. А сега овие 3 дена последни во исто време на пладне како да ми кркорат црева, ама само од левата страна на стомакот. Чудно ми е оти црева ми кркореле на средина до сега, ама па од друга страна кркорењето е со забележлив тон, па не знам дали се стварно црева или бебе...
На сета мака сега на крај,на толку неспиење,болки во кичма,кукови и ребра капак беше да ме фати и умникот кај баш сега му текна да расте,уста не можам да отворам а не пак да јадам.Не знам што да правам веќе памет немам,се плашам да не ме фати ептен појако таман кога ќе се породам кога ќе треба да се доиме е тек тогаш ќе биде весело. Инаку денес сме 39+1 нема абер бебе за излегување.Дури ни чепот сеуште не е паднат,секое одење во вц само гледам дали има нешто ама јок,апсолутно ништо освен зголемен секрет и влажни гаѓички од што притиска бебе на бешика. Уфффф ме убива ова чекање
Пробај со парацетамол и мене знае овие денови да ме фати тапа забна болка и само со еден успевам некако да ја смирам. Пробај види
Мамички вчера бев на ехо, го видовме бебето, докторката ни покажа раче, газе, ноџија. Леле каква среќа е Срцето му чукаше 170 @koritsaki според ова девојче? Сега сме на првиот скринингот, каков е прегледот искусни мамички? Убав ден
Помислив на парацетамол,секогаш ми помага,но исто се мислев и за оние гелчињата што се за бебиња што се мачкаат на непцата кога им растат заби.Ќе видам и денес како ќе биде,ако не поминува болката ќе морам нешто да превземам. Не знам што би ми правеле на забар,забот сеуште не е избиен,освен малку да го разрежат непцето(барем така ми правеа претходниот пат кога ми растеше) гаргара со солен раствор и мастика џвакав на таа страна па не знам...ќе видам како ќе биде
Пробај види а и за анестезија може јас вадев заб 7ка два дена пред да влезам во 9ти и ми рекоа пак да се вратам за умникот ама не се вратив после пораѓај ќе ги средам сега неможам а инаку многу лесно поминав не боле ич да знаеш а и на плод несмета без адреналиснска е, едино незнам шти си 39гн дали смееш. Види белки ке ти помине без да треба интервенција
Нате не те задржаа во болница? Мене ме плашат дека ако поминам термин ке треба да останам таму јас несакам шо ке правам таму
Се јавив на забарот ми рече дека можело да го извадам,само ќе морам да направам снимка па после да видат што како,ќе одам кај орален хирург и тој нека одлучи што е најдобро.Како што кажав страв ми е да не не фати лош период кога ќе треба да доим па ќе ми биде криво после.Се надевам дека добро ќе заврши се
E јас затоа не го средив умникот рекоа имаат заштитна опрема од зрачење што ке снимаат ама поделено ми беше мислењето и затоа оставив мада немора да значи еве мене месец дена ми мирува умникот може така да тера подолг период ама тоа никогаш не се знае. Незнам што би во таква ситуација ни јас
Не не сум задржена, ми кажаа до среда имам фора за раѓање после тоа здравје ќе ме задржат. Ептен ми е страв знам дека ќе сум со провокации, ако не успеам да се породам и со провокации на царски рез.
Larahappy , денес си и ти како мене , 10+2 нели? Пријави се во темата за термини да не се мешам со дативе Леле значи веќе се познаваат раце , нозе уфуф не можам да дочекам до 3ти да отидам и јас на преглед А за срцевата акција така би требало да биде ќе видиме дали така ќе се потврди. За скринингот (приска) кога ти рекоа да го правиш? Мислам дека до 14та недела се правеше јас баш кога ќе отидам за 2 недели 12 недела ќе бидам изгледа тогаш ќе ми кажат повеќе сум заборавила од првата бременост како беше
Ахх кога ќе се потсетам јас со ова колку имав мака,ама имав од многу порано ти среќа во трет триместар Бебето ме стискаше кај ребрата и тоа многу дури мислев заглавено е таму од што се чинеше како фатен мускул,и болката беше константна..на доктор ми рекоа нема спас за тоа така си е наместено бебчето(а јас си правев филмови да не сум се изместила на спиење),само што се породив болката ја снема скроз не се грижи ќе помине
Офф милата таа за умникот јас користев каранфилче го има и во маркетиве и во аптека сув цвет е го ставаш на местото кај што те боли и држиш притиснато со забите мене многу ми помогна чувствував како ми ја влече болката.таа болка е страшна значи кај те најде сега на крај.ама баба ми вели умот ти доаѓа затоа растеле умниците еве ти и слика за каранфилчето
И мене од тоа ми е страв ама се мислам на крај така ке завршам пошо ништо не осекам ама ајде само нека биде
Да да тогаш ми е терминот и мене, 10+3 сме и двете , моја грешка Ќе ме обавестиш што ќе ти кажат на 28ми