Ми ги јавија сеа рез од брисевите, имам Кламидија. Не ми е јасно како, во 12та ми беа чисти, односи со мм немаме уште одкако дознав дека сум трудна, скоро цело време сум дома, внимавам на хигиена, пред да стаам утрогестан ги мијам и ги дезинфицирам рацете... ќе полудам веќе.... веќе почнав да пијам Панцеф во понеделникот превентивно, вајда не е резистентна на него...
Нема раат од бактерии во бременост.За сите ќе дознаеш дур си бремена. 25та недела беше така? Серклаж може ли да се направи да биде посигурно или касно е сега? Што ти кажаа освен мирување
Касно е за серклаж. Првично беше строго мирување, панцеф х1, утрогестан х2, магнезиум х2, прогестерон депо една неделно и аспирин на два дена. Сега ми го сменија антибиотикот и плус некои вагиналетки, чекам да дојде мајка ми да видам што препишале. Во понеделник сум на контрола, па тогаш ќе одлучат што понатаму...
Ништо лежи и пиј антибиотик.Мора да се среди таа за да не го омекнува дополнително грлото на матката.
Знам, затоа и ме уплаши толку, само уште таа фали. Од нервоза веќе ми иде да лупам глава во ѕид, ама не смеам да станам од кревет
Ајде мила биди позитивна мисли на бебушот и не се секирај се ќе се среди само трпение.одмарај лежи наредувај како кралица
Отпорна е на панцефот. Единствени што ја лечат кламидијата се азитромицин (сумамед) и вибрамицин. Во бременост само сумамед е дозволен. Инаку јас односи немав цела бременост, па ми се јави во 12та недела, пиев сумамед се излечи, па во 35 пак се јави. Еден гинеколог ми објасни дека се понаша ко вирус затоа се јавува постојано.
Ништо ќе лежиш па ќе видите во понеделник што ќе ти кажат.Да биде се во ред само дај Боже. Иначе помина она убавото второ тромесечие,сега ово на ново тешкото .Ме болат нозете ко чучњеви да сум правеле мм ми вика дрва ќе земел да сум ги збичкала пошто цела ноќ сум хрчела а јас пуста ненаспана неможам да се вртам
Да, ми го смени веќе докторката, ама уште нз што ми препишала, сеа иде мајка ми да ги земе рецептите. Рече и некој вагиналетки плус. Фала ти многу за информацијата
Со резултатот има антибиограм, според него ке го одредат антибиотикот на кој реагира. Добро е што се видела причината, да се спречи.
Денес за добро утро две црвчиња црвени(по 2 цм) на десна страна од стомак две стриички, welcome им реков. Преку ноќ се појавиле. Епа супер само на нив да останам, се надевам барем. Бев крв испитував кога се вратив како да ме тепал некој со камења во вреќа бев, препони не се мои Одвај се движам ко слонче сум. На мм му викам се осеќам ко слон, ко мајмун, ко хипо, малце како медвед. Се смее ми вика најубава си
Јас цел ден се утепав од чистење, клекни стани, ивиците од ламинатот светат, ни контракции ни ништо, болка имам сега само на десната страна од половината и тоа е. Малце паника ме фаќа бебе е многу успиено денеска самп 1 пат ја осетив.
Ајде @Nenna97 и @***Bony*** вие сте следни, ве очекуваме во секој момент . Леле јас ептен сум нестрплива нешто, неможам да опишам како се чувствувам, и страв и незвесност и преголема желба да заврши се и да ја запознаам мојата мома. Утрово имав мали болки во половината но беа постојани и поминаа за некој час. Интересен е овој момент на неизвесност
Секој ден мила секој ден исто прашање може ке биде денес и на крај од денот ништо, секој ден спремање на торба да не ме задржат и опет леси се врача кучи јас 9м не сум се замарала како сега и да исчекувањето и неизвесноста се најмачни ама тоа е се е божја работа па останува да чекаме секако ке биде за некој ден
Не, туку еднаш ако ја закачиш знае да се врати при секое редуцирање или отсуство на нормалната вагинална микрофлора.
^хахахах, лелеле јас сум една голема коцка, ама за среќа можам да се наведам и клекни стани да правам.
Ајде добровечер мешковци. Јас дури сега наоѓам време за читање тука. Од ко дојдов од работа се изнаспав. Ама не можев цркнав,цела недела станувам во 5 легнувам во 11h и сега да спремам дете кревет да пуштам машина ќе мавнам еден магнезиум и готово. Да му се позлатат коските на тој што го измислил креветот. Денес 19+3 бебенцето денес се размрда како никогаш досега.