Поради забрзано чукање на срцето денес докторот ми даде да пијам Б6. Само заборавив да прашам по колку. Во аптека ми рекоа по 3 таблети. Мислам дека е многу. По колку таблети земате вие што го користите? Од алкалоид зедов. Инаку имам генска мутација хетерозигот, дали има некој посебен што треба да се зема за оваа мутациј, како на пример фолната, или може и овој да се користи?
Единствена сум или има и други како мене. Бело прање мислам дека тон имам, тече како ненормално.. пробав со вагинални од матична дадени јок бре, 2 3 дена онака поднамалено и после иста песна... гаки утоп се отепав од мењање. А најсмрт ми е кога густ талог ке видам.
Добро утро мешковци. Денес се разбудив позитивна,дали дека бебчо го осеќам се почесто,и ќе си пукнам од убавини Скринингот ми е наредната недела,и ич не ми се чека,а малце и почнав филмови да си правам Иначе денес славиме Младенци,па нашите ќе ни дојдат на гости да си се видиме сите. И така моите ми фалат,ретко ги гледам. Може ќе се напијам пола чаша пиво нешто ми се уврте во глава последно Ајде
Ајде среќни младенци, да сте вечно заедно, заљубени и што побројни Мене на 5ти април ми е закажано,како поминува време викам ах како порано не закажав
Девојки вие што сте со асистирана репродукција до кога одите на преглед кај ивф докторот,каде потоа продолжувате (дали кај матичната,кај одреден доктор или....)и каде продолжувате до породување.Ви благодарам
До 12гн одев само кај др.што го направи ивф, после микро брисеви правев кај матичната, сега и кај двајцата. Здравје скринингот во 20гн кај др.од ивф. Мојата матична имаше малку суета зошто ја прескокнувам на почетокот, одев само за боловања, па после 12 недела почнав и кај неа.
Доколку можеш да си дозволиш финансиски оди си кај докторот што ти го правеше ивф-от.И доколку ти влева позитивна енергија и доверба кога ти прави преглед.Јас три години одам кај Ивановски ,и ќе одам до крај кај него иако нема да се пораѓам тамо,кај матичната одам на ехо и контрола меѓу прегледите кај Ивановски.
Честито Младенци мила, вечно да сте млади и позитивни како денес П.с пивце да си се напиеш и око да не ти трепне, и да не ти е на мисла... прославете си убаво тоа ќе ви остане .. Инаку претпоставувам како ти е и јас едвај го чекам скринингот , иако мојот е подалечок од твојот и ми изгледа вечност... убав ден да имате
Јас некаде 18-19 недела имав многу секрет направив брис излезе кандида. Со микорил вагиналети за 3 дена се среди. Е сега 37 + исто имам многу секрет но брисевите беа чисти. Докторот ми објасни дека е заради тоа што се ближи породувањето. Како сте другите што сте при крај? Имате ли секрет? @Мариаа. Честито младенци, вечно да сте среќни и заљубени
Честито младенци.. вечни среќни вљубени цел живот.. а бебуш нека Ви биде круна на сето тоа... Значи не сум единствена.. денес славам и јас МЛАДЕНЦИ.. па едвај чекам да ми дојдат најблиските да ги изгушкам сите.. па и моите иако секој ден ги гушкам бидејќи сме блиску... денска и мој бебуш е активен.. цел време го осеќам.. игра внатре се радува за мама и тато .. се радува и дека ќе се дружи со сите наши најблиски.. веќе сме 27 недела и 4 ден .. убав ден на сите меиша тука.. Ве
@Софија 88 Фала Софи срцка @paleska3 Фалааа @beba@meba Убавини бе Среќни и вечни да сте Бебушки само нека мрдкаат,нема поубаво
@Мариаа. @beba@meba и сите други што денес славите честито и само за убаво да се собирате Бебуши знаат дека после ги чека групно галење на меше па се радуваат Ве гушкам
Еве ме и менеее, бев на контрола само еден пат контракциите се дигнаа до 50 и тоа бебето кога ме удри, и пак од 0 до 4, ни сантим отворена, незнам стварно веќе паника ме фаќа, да ми стават на пример провокации незнам дали ќе делуват бидејќи немам контракции, дали на царски ќе завршам, здравје во недела сум на цтг во болницата кај што ќе се пораѓам па ќе видеме.
За тоа е провокацијата, да добиеш контракции, немој да се грижиш. Јас се породив со провокација, а пред неа не бев ни отворена, немав ни контракции, ни болки. Во 13 часот провокации, вечерта почнаа слаби болки утредента во 9 и 20 се породив. Воопшто не ни мисли на тоа, до недела се е можно, до тогаш може во раце веќе ќе ти биде. Не се потресувај без потреба, гали меше додека можеш
Јас веќе сум во 2 план, страв ми е многу за бебето, многу ми е мака да не се мачи, ајде сигурно и да сум со провокации ќе помогнат да се отворам. Јас незнам како може луѓето да се занимават со секојдневно пишење у стилот: има ли нешто, оти не си породена, како ќе се вика бебето, на мене тоа име не ми се допаѓа, ЛУЃЕ ДАЛИ СМЕ НОРМАЛНИ?!