Благодарам многу butterfly.mk се надевам дека ептен брзо ке имаш можност да се гушнете, бацнете и себично да си посветувате внимание ти и твојот бебчо!
женче да не си нешто грешка? шеќерот е во граници од 4.2 - 6.5ммол/л а ти пишуваш 203??!!да не мислиш 20.3?! дај појасни ни па да може некако да ти помогнеме...
Во различни клиники различно ги мерат и обележуваат резлутатите. И јас се бунев со хемоглобинот така. Не едно место 8.6 на друго 900 (во различни месеци на различни места) ама сватив дека едните мерат G/l а а другите G/dl. И за шеќерот е исто така и двете сте во право.
Mamicki kako ste mi jas veke se guskam so andrej I ve napustam od ovaa tema ke vi pisuvam veke vo bebe temite.Pozzz I so lesno na site
инаку јас сум дијабетицар и немој да се грижиш само смирено и без стрес со инсулин ке ти биде мноогу подобро тиказувам од искусство а за цимет и јогурт ич не пробувај јас инаку и пред бременоста имав шекер пиев сиофор апчиња ама кога останав трудна се пребацив на инсулин и тоа малку покасно дури во втор месец инаку ми е супер со инсулин и би ти препорацала додека да земеш инсулин јади појке овошје и зеленцук како на пример салати,посни чорби,и гледај да јадеш наутро потпецени две кришки леб со некој овосен цај и варено јајце или посен марагарин тоа помага да имас сила низ целиот ден а кога ке земес инсулин ке мозес да јадес од се ама по малку би требало да ти дадат и ливце со диета мислам не строга ама идеална за да мозес да си ја поминес добро целата бременост и после неа ке си се навкнис да зивеес здраво и убаво сто и да те интересира мозис да ми писис се ке ти објаснам засто знам како е секојн ден да јадис под саат да се бцкас тацно во исто време секој ден и највазно сила за секој нареден ден позз
Фала ти многу, да имам нова електронска ама со моминско презиме 2 месеци и сега значи само да си појдам во фонд за здравствено осигурување со потребни документи и електронски ќе ми го променат, па супер не било комплицирано како што ми кажуваа. А копија од извод и од родени ми треба и од венчани??? Јас ќе носам и тоа и тоа.
Не не сум грешка јас не живеам во мк и тука различно мерат шеќер инаку ѓул фала душо на утешните зборови , добијав листа што треба д јадам што не треба и строго се придружувам кон листата ама не оди мене ми е потребен инсулинот па затоа понеделник ке одам да си земам пошто вака не бива оти ако продолжам вака ке ослабам а баш сега во седмиот месец треба да бидам малце поголема на килажа ама веќе не се грижам се обидувам на тоа д не мислам оти така појке му наштетувам на бебето моје кога бев на болница имаше толку бремени жени што имаа шеќер и некако ми олесна па со господ напред ке биде подобро
Моја пријателка исто имаше дијабетис уште и пред да остане бремена , бременоста и беше ок делумно , се породи пред терминот ..од причина што детето веќе беше поголемо за неделите. Плус и на курсот ѕа бремени има повеќе со дојабетис и се нормално си функционира , си мерат редовно се боцкаат инсулин
Здраво девојки како сте? Сношти бев во веце и се избришав и имав така кафенко на тоалетната многу се исплашив. После пак малку кафенко исто имав втор пат кога бев во веце. И се јавив на докторката ми рече да земам Утрогестан 200 мг. и вагинално да го ставам еднаш во денот навечер пред спиење. Се слушнав со сестра ми на телефон и ми рече дека и таа во 7 недела имала така мало крварење и докторката и рекла дека не е страшно тоа било стара крв. Докторката моја ми рече не е страшно ако немаш обилно. Не е моето воопшто обилно немам ниту болки ни ништо. Се исплашив многу и се уште сум уплашена така. Ми рече дека тоа може да е од што расте матката што се шири па да ми прснал капилар. Како и да е, мене ме фати страв и се уплашив навистина и да бидам искрена и се уште сум уплашена додека не појдам на гинеколог во понеделник. Цел ден лежам денес и утре реков ќе лежам нема да се оптеретувам многу. А и колешките од работа ми рекоа да си земам боледување да одмарам барем една недела. Денес сум почеток на 11 недела. Се уплашив да ви кажам искрено. Денес немам ништо ептен онака мнооогу малку кафенко дури ич да не речам. Па ќе ве замолам да сподели некоја од вас да не имала вакво нешто да ми каже не дај Боже да имала некоја девојка, но ете, да сподели со мене нешто. Зошто многу сум уплашена и немам трпение додека не појдам во понеделник на доктор да ми каже дека се е во ред со плодот. Поздрав девојки.
Јас би ти препорачала да не се оптеретуваш толку...Јас дознав дека сум трудна на 2ипол месеци...што значи сум ги поминала тие 11 недели исто како и ти со крварење(дури и пообилно) надевајќи се дека тоа е месечниот циклус.. И немој да се залажуваш дека ако лежиш нема ништо да ти биди(ако е пишано да се случи нешто-ќе се случи и во одење,седење,лежење,)...Можам само да кажам дека во тие 2ипол месеци дури не знаев дека сум бремена,нон стоп бев излезена,пијана...со еден збор " на гла стоев'' и ете покрај се во мене 8ипол(скоро 9) месеци расти здрава прцулка затоа уживај во бременоста и не се плаши ! имај убава вечер
Срцка не се грижи, и јас колку што имам читано некогаш тоа е нормално, плус и матичната ти кажала да не се грижиш, а и во понеделник ќе те види и се ќе биде во ред со бебчо Одмарај и галкај те се со мешко и те чекаме во понеделник со убави вести
Дали знае некој да ми кажи за каква намена се употребуваат следниве апчиња(препишани од докторката ми се,но заборавив за која намена беа.) -Бедоксин -Утрогестан 200 -Канестен(вагинални таблети -500 мг)
Бедоксин е витамин Б 6, за смирување, ништо страшно Канестен се користи за кожни и вагинални инфекции и бактерии како кандида и сл. За Утрогестан не знам...
Бедоксин е витамин Б6 најчесто се дава при мускулна слабост, нервоза , иритабилност, проблеми со концентрација. Утрогестан 200 вагинално да се спречи предвремен пораѓај. Канестен вагинални таблети се даваат кога пациентот има инфекција од габичката Кандида албиканс.
На рецептите ми беа убаво напишани кое за кое е но кога ги купив лековите рецептите останаа таму и сега незнам за која намена се,а денес докторката не работи... Таа кога ми го препишуваше ми рече едните дека се доколку имам болки во стомакот и грбот(а моментално ги имам),а другите доколку имам гадење,повраќање,и третите доколку имам бело прање.Ме буни тоа што и Утрогестан и канестен се за вагинална употреба... Е сега малку ме збунивте со одговорите најдобро би било да и се јавам на докторкава бидејки имам јаки болки во грбот но тоа ќе треба дури в понеделник...