Здраво!Можеби прашањево не е за тука.Ама сакам да прашам дали некој правел скрининзи кај Ложанкивски поликлиника?Таму ми е матичната...Ако може цени.Ако знаете.За Систина знам кај кого трба да одам.На клиника да ми препорачате некој добар?Имам скоро 42 ова ми е втора бременост по 10г,и искрено се плашам.Со првото правев Приска излезе среден ризик,и ми правеа Амницонтеза.Без потреба...не би сакала пак низ истото да поминувам.Ако не мора.
Не ми се плаши мила оди слободно без страв се ќе биде во најдобар ред немој да се грижиш.немам такво искуство со првата бременост ама еве ти праќам многу гушки како што вика ќерка ми и пиши да не те мислам
Колку што знам ехото може и кај матичен лекар, приската 1преку крв секако покажува среден ризик поради возраста и кога нема ризици. Амниоцентеза е препорака за сите над 35г. За да се поштедиш од амниоцентеза и со приближно иста сигурност во резултатот се пренаталните тестови. Ако пренатлниот тест покаже дека нема ризик, тогаш нема потреба ни од приската но од амниоцентеза. Поздрав
@***Najsrekna*** без грижи и паники,смирено. Заспано си е душичка. Ќе се размрда од кока колата и чоколадцето. Не си прави стресови. Пиши ни кога ќе стане бебе
И кај мене ништо на повидок, 39+4 сум, немам болки никакви, ни контракции, чепот го нема уште да падне.... Синко го родив 4 дена по термин, за ова бев речиси сигурна дека ќе го родам штом влезам во 9ти месец ама сум се излажала. Цела бременост сум подвижна максимално, синко го кревам по 100 пати на ден, синоќа го преместував мебелот за да усисам, со маже се галевме неколку пати откако влегов во 9ти и пак ништо. Да знаев и неделава ќе одев на работа, вака седам дома во исчекување и се полнам нервози, па зошто го нема да клоцне, па филмови што ако му се замотала папочната врвца, па дали ќе стигнам на време во Скопје кога ќе ме фатат болките (1 ипол час имам возење до Чаир).... Битно си го наполнив замрзнувачот со месени работи, кој што чини тоа правам, после 1 месец не верувам дека ќе успеам да зготвам нешто, вака барем да имаме што да каснеме.
И тогаш и сега ме води Илиевски. Со синко ме породи Младен Ристевски и овојпат ќе биде тој што ќе се погоди на смена. Планот ми е кога ќе ме фатат болки да отидам прво на преглед и ЦТГ во нашата болница, па ако кажат таму дека имам време да стигнам до Скопје да тргнам. Страв ми е зашто со синко стигнав во Чаир 6 прста отворена без никакви болки. А многу сакам пак таму да се породам.
Во државна е бесплатно.. само треба да имаш упат од гинекологот и резултатите за два три дена ги добива тој на мој термин..
Женски фала ви на поддршка,навистина бев ептен исплашена.Во болница исто ми правеа два пати цтг од кое што првото пак не беше баш баш но после ме свртеа на другата страна и после си имаше убави тонови.Ми рекоа дека најверојатно било заспано или лошо поставено и дека нема место за паника.За два дена треба пак да одиме па се надевам дека нема да имам пак ваков уплав. Фала ви уште еднаш
Добар ден девојки, и јас денеска бев на прво цтг, болки немам, и го искусив прегледот со рака не беше ништо болно ама гинекологот беше жена така што не се усрамотив ич рече не си отворена и рече мора царски многу си тесна нема да можеш да пораѓаш природно, а јас веке знаев дека ке биде царски ама тоа, постелка добра нема лакуни, плодова вода доволно, бебето свртено надоле и затоа сум имала болки бебето со глава притиснал, 2400гр, одговара на неделата што и сум 34+4. Поздрав
Мамички добро утро. Јас да ви се пожалам ноќеска имав кошмар како сум била во болница ме гледале на ехо и ми рекле аа мора да се вади бебето не е добро,мора операција уште во сонот срцето ми се растрепери, а кога се разбудив цела растревожена едвај чекам да дојде 5ти да го видам на ехо... А да ве прашам, на колку време правите крвна слика? Минатиот пат кога бев кај матичната носев резултат, крвта ми беше добра,во мокрачата имаше некои плусевк заради повраќањето. Сега после 3 недели сум на преглед од тогаш,не ми спомна за крвна слика,сама ли да барам?
Секој месец треба да правиш крвна слика и уринарен статус. Луѓе колку и да велам не се нервирам и стресирам сепак страв ме фаќа веќе. Ептен слабо го осеќам бебево овие 2 дена, упат немам за ЦТГ, дали да одам така не знам... Со синко знам исто беше, посебно последните денови пред пораѓај, ама пак немам мира. Туку нешто затишје на темава, @***Bony*** ни ја нема од синоќа, осеќам ќе има новости. И на @m.i.g сакам да и честитам, гледам се породила, да е живо и здраво синчето, голем да расне, па ти кога ќе најдеш време да ни ја раскажеш породилната приказна, знам со тебе имавме ист термин, ама ти не превари.
Тукааа суум Постојано отварам ама гледам нема ништо ново и се гасам а за вчера многу јако си ме зафркнала сакав да ти пишам ама немав сила. Ми даде идеа да правам месени работи и заглавив во кујна 4ч во 40гн не сум нормална половината ме скина од болка на толку стоење одвај заспав само офкав и затоа веќе ништо неправам има или нема за јадење не се замарам За движењето и кај мене е исто мн послабо се движе и понежно и јас паничев пошо бев навикната на луди движења ама се навикнав и сега само гледам да се 10 движења на ден. Ако сакаш можеш да појдеш на цтг за да се смириш ама нормално е не се секирај
Сакате да ви раскажам? Сега ќе пишам во породилни,секако сум уште на болница дури ми е точна меморијава