Хухуху.... Ти немој некоја дупла доза да си замесила. Јас си правам почесто, ама по помали дози. Морам да мислам јас и за синко, сака да си каснува месени работи, а после ќе немам време за тоа. Ајде да, пиши, ептен беше чкрта на зборови, само бришете ме од термини напиша и те снема.
Цела бев збунета,не очекував дека веднаш ќе се заљубам. Јас мислев како ќе ја делам љубовта со првото ама сега сум супер заљубена во две деца.
Не беше дупла ама две различни дози беа од едната 4 а од другата 2 тави и кујна лом шо вика мм и за комшиите има хахаха не не сега и толку ако треба нешто ке се купе
Кај матичната немаат ЦТГ, а за на одделение ми рече ако ми помине терминот да отидам кај неа прво да ми даде упат. Не се сеќавам убаво, ама така мислам дека ми беше и во првата бременост, на денот на термин ми даде матичната упат за на одделение како за прво ЦТГ, после си одев со истиот цело време.
Да е живо и здраво малото, мило ми е што убаво сте поминале Истиот страв го делам, за љубовта. Ама викаш без потребно а? Многу ќе ми фали синми додека не сум дома Инаку ако некој се запраша што ме нема, навака натака со синко, сонцево ме убива, прекапана сум, немам сила ама ич Ама ќе се издржи.
Дефинитивно е беспотребно,јас мислев дека нема никој да сакам повеќе од првото ама сега се уверив дека е баш обратно. И мене многу ми фали,сакаше да дојдат со мм на посета ама прогласија red alert во градов и никој од дома не излегува,на болница никој не примаат и така си останав сама со бебето,без никој на посета
Моето вечно прашање : дали ќе сакам некого повеќе од синко.. m.I.g го одговори Два дена се мачам со стомачен вирус, и јас и синко...кажете некое решение,ни можам да јадам ни да пијам,што и да каснам повраќам. Омалаксани максимум двајцата...тешко е, загрижена сум дека трудна..и за синко нит јаде ништо. А се замислив да месам и јас залихи ве читам замесени, ама ми се гади само што ќе видам нешто за јадење...ајде кога ќе помине.
Eve me i mene, bev na kontrola, ctg pokazuva do 20 kontrakcii, bebe e dobro ednostavno cekame da izleze, od utre 41 nedela zdravje. Mi izleze nadvoresen hemoroid, koga ke pukne/snema, me boli so da pravam?
Хемороид не пука, треба да се повлече. Барај во аптека крема што е дозволена за трудници. Мислам Rectanal aid од Frezyderm може во бременост.
а да примиш инфузија? Опасен е стомачниот недај боже да дојде до дехидратација. Жени само од повраќање во првото тромесечие завршуваат на инфузии а не па за стомачен вирус. Инаку околу љубовта на дечињата погоре... Јас цело време долги години мислев дека нема да имам друго дете бидејќи нема да можам да го сакам како првото. сега се е ок но по прочитаниве коментари пак ми се врати прашањето околу љубовта спрема децата. Изгледа одговорот ќе си го дознаам одкако ќе си го земам бебето враце
Треба навечер да ставам вагинално една таблета вагисан и две утрогестан. Која прво да ја пикам и дали може заедно или е подобро едната насабајле? Вагисанот пишува навечер дека треба, утрогестан до сега само навечер го имам ставано па ми е страв да не ќе биде мало дејсвото ако го ставам насабајле бидејќи ќе можам да лежам макс пола саат...
Мешиња еве ме пак мене.. сеа да се пожалам... кашлам ептен...мн длабоко.. во градиве како да имам затворено мачка па преде нон стоп... десното уво ми се затна скроз.. го изгубив гласот.. не можам да зборам.. бев на лекар а таму се неписмени примени во клиника ми даваат јаки апчиња, идам во аптека и тие таму ме гледаат и зачудено ме прашуваат за кого се.. кога им кажав дека се за мене се прекрстија и ми рекоа жено дал си ти нормална .. овие се премногу јаки за тебе така бремена. И така јас си ги повлеков рецептите, си купив сирупче на природна база кое ја намалува кашлицата и го ублажува засипнувањето.. е сеа мака мачам со една мисла... дали ова (кашлањево, губењето глас) ќе се одрази на бебко бидејќи веќе влеговме во 7 месец... и сега не е толку активно како шо беше пред да почнам да кашлам.. како со мрза да се движи.. дали еднаш два пати во денот ќе го сетам... се плашам многу
@ocicka2014 Како 2 утрогестан наеднаш? Да не ти кажале 2×1 .Што ефект ќе имаат три вагиналети наеднаш ако ставиш @beba@meba Зашто не си отидеш кај матичен да ти даде антибиотик за кашлањето ако си веќе до тамо стасана,ако ти е на плуќа спуштено.Инаку бебката се движи внатре само не го осеќаш секое движење.Тоа што го осеќаш е појако а оние понежните не ги чуствуваш посебно ако си во движење.
Така ми кажа докторот каде што го правев инф. Од почеток примав кринон секоја вечер па ми ги замени навечер по 2 да ставам утрогестан од 200. Ваљда си знае што прави До сега немав мака ама сега со плус вагисанов се чудам кое попрво и како @beba@meba кои се тие јаки антибиотици? Некои иако се јаки се дозволени во бременост, јас од петокот еве пијам оспен од 1500*3 и тие се јаки ама нешто кога мора-мора, да не си направиш поголема белја?
Прати некој до аптека да ти ја земе смее во бременост. После породување ќе се појават повеќе и ќе ти треба кремава.
Прв пат да пишам на темава. 10+4 сум ама денес цел ден имам боцкање во долниот дел од стомаков. Ми е страв да се движам се трудам појќе да одмарам ама колку можам со дете мало. За лекар немам можност не сум во мк, овде со закажување, па зошто шо како, процедури. Имам само магнезиум 300 во кесички. Колку можам вакви да пијам и дали мора секој ден или по потреба? Скоро се имам забораено од првата бременост во врска со лековиве. Барем ноќва да ја поминам без страв. Ве поздравувам сите мешиња, помали или поголеми.
Колку што се сеќавам на почеткот од бременоста некаде околу 8/9недела имав и јас исто боцкања/сечења во долниот дел од стомакот ама периодично и издржливо, ми рекоа нормално е ако нема крварење и ако не е многу јака остра болка,знам како е во странство се е на закажано ,но во случај на болка,плус и бремена,на emergency ако одиш мора да те видат и ќе ти закажат веднаш за ехо, некогаш за да се смириш дека се е во ред мора малку и да излажиш за да те видат а во меѓувреме одмарај колку што можиш А можеш и еден магнезиум да се напиеш не штети Со лесно
Ќе се напијам за вечерва да сум помирна па недај боже ако треба ќе го имам предвид ова со итнава. Крварење такви работи немам, не дека е некоја силна болка, брзо поминува, сум издржала и појака ама пусто од страв знајш бремена жена на се и сешто помислува. Фала на брзиот одговор
Тука сме со неделите , јас од утре сум 11 недела исто втора бременост и негде 9та недела имав боцкања такви , еднаш се закашлав при спиење и како да ме пресече нешто се извадив од памет да ти кажам. Ама вакви работи ќе се случуваат потоа киселини ќе почнат па отоци , раат нема да сме пријави се во темата за термини