Хехе абе овде ми велат 17.10, мојот др 18.10. Не дека е голема разлика ама не сум сигурна. Плус сакав прво да дознаам шо е. (Со синко термин ми беше 21.10, зошто п.м ми беше 14.01. Е сега п.м ми е 11.01 и според то мислам дека 18.10 е поточно) За раат се знае до крај нема, еве сега само шо исповратив се од цел ден и сум за никаде. А тамам реков ми се поднамали лошењето.
Па и матичниот ми даде едни таблетки за шмукање, мислам трахизан се викаа... само со две таблетки во денот јас до вечерта почнав да крварам.. кренав паника бев кај гинекологот и одма ми ги преќинаа, ми рекоа дека мојата бременост била таква при било кое користење на некаков лек можно е да ми се појавува крварењето... сега штом ќе слушнам дека е јак лекот воопшто не го ни земам за да не ми се повтори истото ко минатиот пат.. премногу се плашам за бебко.. за мене не.. мене ќе ми помине .. ќе се опоравам, малку ќе се мачам но не сакам да му се деси нешто нему... ваљда оваа настинка нема да влијае на него...
Анги септ, септаназал, стрептилс.. некои капки проанги плус јакиов лек...(на слика)... можеби тие горе не се толку јаки колку овој но откако фармацевтот кажа дека е јак јас ниту еден не земав... не сакам да имам пак крварење предизвикано од лековите како што имав минатиот пат.. сепак страв лозје брани...
јас негде 3та - 4та недела кога баш е ризичен период за оформување на ембрионот јас примав инекции и антибиотик зинат кој е јак. Но мораш,нема друго.
Ама страв ми е бидејќи пред недела дена користев трахизан таблетки и само со две таблетки во денот јас до вечерта прокрварев.. и гинекологот ми рече дека таквс ми била бременоста, реагира на секој антибиотик... подобро јас да се мачам отколку да има некој проблем... а таман стигнав до 28 недела...
@***Bony*** до кај стигна Бони, пиши нешто овде Јас арна, денеска во 41 недела влегувам, немам ни болки ни паднат чеп, само болки од хемороидот, ама тоа е ќе си седам и трпам, фала @FreeMind ќе ја земам кремата, тебе ти помогна ли, после пораѓај како се справи со хемороидите. Сакав да те прашам и за ланолин кремата, откако ќе почне бебе да цица се мачкат градите или и од сега може? За антибиотиците, јас во 3 месец примив цела доза на Панцеф, докторот ми кажа дека спаѓал во антибиотик дозволен за трудници, ама матичниот гинеколог не ми го препиша, специјалист беше, сепак не е лошо и друго мислење да си побараш.
@Nenna97 во бременост ми помогна. На породување се расцепив цела и ништо до сега ми нема помогнато. Стојат уште само не болат. Се мачкам со една на природн база крема со цел да се повлечат али еве 2 месеца си стојат за успомен. Ланолин кога почна да цица тогаш мачкав. Кога ќе почувствуваш дека те боли тоа е на почеток. Сега веќе се навикнав и не мачкам. Ако имаш гради на кои им треба претходно спремање ( пупките внатре) треба да почнеш од 9ти месец да се мачкаш.
Го имам и го користам.. покрај тоа користам и еден сируп на природна база од исландски лишај а планирам да го земам и сирупот кој е од бел слез... па да видиме како ќе делува...
Азитромицин е всушност сумамед, ако имаш воспаление на белите дробови, не поминува без антибиотик. Трахисан таблети за лижење не се антибиотик. Можеш да консултираш и некој за второ мислење,само внимавај да не си направиш поголема беља. Секое добро.
Женски имам неколку прашања до поискусните. 1.Дали е можно водењакот да пушта по малку а да не е пукнат?Кога бев во тоалет на бришење видов малечко тенко влакненце баш како од бебе и плус жолтеникав секрет? 2.Дали ако ме фатат болки или пукне водењак може сама од дома да се прочистам(имам чепчиња)? 3.Дали ако бебето е многу размрдано може да покажува лажни болки на цтг па дури до 100 а јас ни б од болки немам? 4.Дали имате приметено од бременоста да ви потемнат некои делови на лицето,како флеки,како да е сменет пигментот?Дали ќе се повлечат или пак крема некоја да препорачате?
Јас ќе ти одговорам за флеките .Да во бременост се јавуваат и јас имав порано на 10% од лицето е сега имам на 90 % од лицето.Тоа се труднички флеки ,некои ми викаат нема да се повлечат некои викаат ќе се повлечат.Јас користам крема за корекции на неправилности и тоа со заштитен фактор но џабе е.После само ќе бараме нешто за избелување инаку тешко за тргање
1. Да, ако е високо пукнат тече по малку. Али и тоа се чувствува како протекување по малку. 2. Не знам 3. Да. Може да имаш и породилни контракции, а ти ништо да не чувствуваш. Мислам дека тебе ти е трето и најлесно излага.
Фалаааааа @FreeMind Дајте и мене некои болки да ме фанат да ми падне чепот, тоа не се трпи веќе секој ден чекам
Јас ова ја користам и плус пилинзи редовно правам.Инаку кога ќе пројде бременоста има една од Neostrata за избелување на флеки но сега несмее да се користи.
Девојки јас и мм сме 0 позитив. Кажете ми треба да ја примам инекцијата од 28 недела или само за 0 негатив е?