Ма се колсултирав и со гинекологот и со уште неколку лекари специјалисти... ми рекоа антибиотици така од појаките да не сум помислила да користам.. само нешто што е на природна база... сеа мака си мачам ама ако бар бебко да е ок... ваљда ова кашлањево нема да се одрази на него.. нема да има последици нели?!?
тогаш пробувај со оние „бабски„ лекови. чај мед лимон.... нешто мораш да не ти се спушти на плуќа па тогаш да не знаеш кој крај да го фатиш. имаше еден рецепт со кромид за смирување на кашлица не се сеќавам баш некој на форумов имаше пишувано
Здрасти, како сте? Јас арна, чекам мм од работа, имам контрола денеска пак, и денеска ако немам контракции или потпишуваме за царски или одиме директно со провокации, неможам повеќе
Јас од тука прочитав, кромид голем исечен на 4 и во тегла со две лажици мед и во фрижидер. За два часа сируп имаш. Исто мене и салеп ми помогна.
Да имав сега како би ми дошле мх мх Зошто инекција ако сте позитив? Мислам дека само негативните примаат само незнам кога се прима.
Ќе те разочарам али овде нема царски ни по 41 недела. Речи им дека сакаш со провокација имаш право на тоа од +40 ќе ти дадат хомеопатски стимулации јас бев со тоа. Тоа се таблети на природна база секој саат по едно за добивање контракции и тампон со уље на шест саати се става доле за омекнување на грлото. Ќе ти понудат и коктел тоа е мешавина од сект и сок од кајсија може да ти се повраќа од него исто е за провокација на малото. Ако трпиш лошење тој е поефикасен од овие претходно. И на крај ако ова не бива следна недела во вена провокација онаа што ја знаеш и не е страшна. Царски само ако има компликација и никако поинаку макар била 43та недела.
Оф бе срцко, ако ти не си алергична ич не му ја мисли, слободно јади. Бебуш не може да има алергиска реакција во матката бидејќи не му е развиен имунолошкиот систем. Ако имаа алергии уште во стомак ќе не знаевме што да јадеме, никогаш неможеш да претпоставиш на што може да е алергично. А @srekice ќе направиш некоја вафла и за мене? Јас не смеам од кревет да станам
@tetoviranta не да ќе направам ,и ќе те хранам ако треба маче само ти и бебушот да сте добри Беше ли на контрола вчера? Што ти кажаа?
Срце си Бев, и мн е подобра ситуацијата. Јас бев убедена дека ќе нема подобрување и дека ќе ме задржат, а мм вика не ве служам и тинтрам за џабе мора да е подобро Скоро е затворен е фанелингот. Продолжуваме уште две недели со иста терапија и строго мирување па контрола. Бебка одлично напредува, дури и некој ден понапредна е. Се уби од зевање за време на преглед, пушти докторката 4д и ја гледавме како зева, спанка на мајка. Абе уште што не полетав од среќа Мн ми олесни што успева терапијата и сега имам уште поише сила да издржам
@tetoviranta е баш ме радува што е подобрена ситуацијата.Така и да продолжи па да те примат женскине у групата 42+
Да ни се убациш мила ќе ти извадам пропусница само ти не се нервирај и лежи. @srekice ќе ми тропнеш на порта да влезеш ќути си
Значи како што сфатив инекцијата се прима само ако мајката е негатив? Кај нас е обратно јас сум 0+ ,мм 0-
Дали ви се случило да си го слушате пулсот во уво? Овие неколку дена приметив,кога ќе го опуштам телото пред спиење ми се појавува и страшно иритира. Прочитав дека е можно ваква појава да се случи во бременост
Јас само што се вратив од контрола, бебе поспано 2 пати ми правеа цтг, не сум ни отворена ни сантим, @FreeMind фала мила, здравје утре ќе се јавам во болницата кај што ќе ме пораѓат. Јас нели Ви кажав дека имам надворешен хемороид, тоа да ми пукне сношти на спиење, цело време крв ми тече, ставам маст од невен, некое друго чаре?