Девојче од кога знам те малтретираат со килограмиве. Бебето не може да ослабе, тоа ќе си земе од тебе се што му треба, а ти можеш. Што значи ти си ослабена ама бебето е супер, имам читано еден куп примери каде што утнуваат килажа на бебето и е плус пола кило минимум од тоа што гледале во меше. Наместо да уживаш и да се радуваш на крај си ти се замараш со глупости Витамини пиј си само и немаш мака, бебе ќе си биде како што треба. Тешки јас да можев да останам на оваа килажа или да ослабам, знаеш ли колку сакаат како тебе да бидат
НЕ сфаќам узбунава на докториве, но да споделам свое искуство. НА ден на пораѓај ми рекоа бебето е 2.500.Вечерта се роди 3730. 200 грама се да не речам ништо. Или едниот или другиот погрешно измерил. Може и двајцата а точната килажа да е некаде во среде. И 2.200 и 2.400 килажа е добра. Не се паничи. ЈАс цела бременост качив 3кг. Здраво право бебе. @Mari* слабееше цела бременост и роди здраво право бебче. Не мора да се здебелуваш за бебето да си биде добро. Испитај си што ти рекле, оти сепак, тоа е медицинска препорака, и храни си се умерено и балансирано. Со сила не бива и не ни мора. Не си ти крива за ништо. Знам кој пат го помина за да стасаш то тука. Ти си јунак
Абе што и е на таа ? Ај не ја слушај. Уживај си, чим бебе напредува што е битна твоја килажа. Мене никој не ме измери, сама дома се мерев. Јас 4 мес како врабец се направи, ништо не јадев, тие напредува ко за единечна а не близначка бременост. Јас сама викав: " лелеее докторе од што се хранат овие деца, на соленки и сладолед сум, се стопив". Тој ми викаше ти за тебе не се секирај, пиеш витамини, а бебињата се паразити, си земаат се што им треба. Уживај во бременоста, манекенка ќе си бидеш после пораѓај.
Е фала, абе навистина многу ме мачат со ова килажа, мм само вика да не збориш со мене ми вели ти си крива абе јадам колку можам и тоа го повраќам, утре ке видиме што ке ми кажат, мм веви ке те држат во болница а нема никаква друга индикација само бебето е послабо ми велат, постелка добро, вода има, фала за советите. Поздрав
Фала многу, ама ме уплаши, јади па јади, не јади солено не јади сирење ниту кашкавал, ниту маслинки а јас само тие може да ги јадам, не знам веќе и јас што да правам. Фала што го подели ова за мене ке му го прочитам на мм можеби ке се смири. Поздрав
Абе каква болница таму од убавите јадења што ги даваат ќе те направат минус кила наместо плус Од кифла со јогуртче во вода ли ќе те поправат таму дај нека не зеза
килограмите не се мерило за ништо. Ти ако качиш 30кг + не си направила ништо корисно,ако јадеш 10 пати пак не си направила ништо корисно туку само си го оптеретила желудникот безпотребно. Како мери таа бебе жити све?? Да не го става на вага? Ич не се замарај ако е здраво и напредува во развојот килажата не игра никаква улога. На една женичка кутрата во 9ти месец и викаа бебето едвај кило ти тежи ова она мало е и на крај ко се породи испадна 4кг. Нека не те плашат. Гледај храната да е здрава и хранлива за детето да си прима што му треба. Нека не те плашат.
Фала многу, тешко сега на мене еден месец имат да ме прават лом со ово јадење, мм мисли дека јас не јадам заради килажата дека држам диета мене памет не ми оди на диета ама никој не ми верува. Поздрав до тебе и твоето бебе
Стварно нема потреба од со сила здебелување. Бебето влече резервите на мајката, нема врска со твојата килажа. Мајката може 30 кг да качи а бебчето да се роди 2.5. Може 3-4 кг да качи а бебчето да биде 3-4кг. Не е правило и не си стварај нервози.
Па велат бебето се храни добро, постелка добра, плодова вода има, бебето си клоца секој ден свртен е надоле, ама килажата и е малку. Фала многу за советите, ти посакувам лесен бременост. Поздрав
и јас кај и да одам на сите се жалам зошто не качувам килажа и буквално сите ми рекоа дека тоа е нормално...вчера докторка една убаво ми кажа вака...вика здрава бременост знаеш ли како изгледа викам не ... и вика вака прво тромесечие слабееш, ( повракање и сл работи ), второ тромесечие стоиш на иста килажа т.е стагнираш , е веке третото качуваш но качуваш баш онака малку (нормално)...ми вика ти не ги гледај по 20 кила тие што качуваат па ти викаат тебе вака требало онака, тоа вика не е здрава бременост туку нездрава... вика бебињата нема шанси да не се хранат онолку колку нив им е потребно, може вика тебе да ти зафали дали килажа или нешто на имунитетот на нив нема тоа да се случи.... така да по ова немаш потреба да се секираш, иако те свакам потполно
Фала ама ова ми го кажа мојата матична рече немам видено трудница да ослабни на 9 месец, затоа се секирам според нејзината вага јас сум ослабната кило наместо да качам 4 кила, мене мојата килажа ич не ми е грижа ама кога ми рече бебето ти е за 32 недела а јас сум 35+1 тогаш ми падна толку лошо, нема веке да се кренам од јадење само ке јадам и ке повраќам. Фала за советите, ти посакувам лесна бременост. Поздрав
Немој да се потресуваш, на 10 лекари да отидеш сите различна тежина ќе ти кажат за бебето. И другарка така пред пораѓај ја извадија од памет, па роди буце, ене ја сега ја караат дека и е дебело детето. Ти нормално е да варираш во тежината ако повраќаш, се додека крвта ти е добра и се дополнуваш со витамини и минерали бебе си има од што да расте. Твојата "дебелина" нема апсолутно никаква врска со тежината на бебето. Те молам немој вака при крај да се стресуваш да не си направиш некој проблем. Те гушкам и само смирено
Не сум трудна, ама ја читам темава повремено и не можев да не пишам. Мажот ти е лекар-специјалист како што знам. Зарем не му е јасно малку од малку? Зошто те замара за се? Толку го чекаше ова дете, сега низ нос да ти испадне бременоста. Ај ако не сите по дома во уста нека ти бутаат храна, ти повраќај. Се изнервирав значи. Побарајте и второ мислење за неделите на бебчето ако треба, само нека те остават на раат да си истераш до крај и да си родиш здраво, право бебче. Па и да се роди 2800г, наместо 3500, што ако... Само здраво да е.
Неможе да ослабне бебето, сигурно мерките не биле во ред, а и не се секогаш точни, најбитно е да си напредува бебето како што треба а оваја докторкава мафнија незнае кај тера очигледно. Не се потресувај
Фала многу за убавите зборови, ама ете кога тешко добиваш бебе се крева паника, утре пак ке одам па ке видам што ке ми кажат, се смирив малку, и тебе лесно да го износиш до крај. Поздрав
Да специалист анестезиолог е ама ете и тој со паники имаше правено толку узбуни па свекрвата па свекор па сите со совети да јадеш за хатар мој ајде ти не се нервирај, фала многу за зборовите, ако посакуваш бебе да даде Господ што поскоро да ти се исполни желбата. Поздрав