Е фала, тоа сакав да знам дали може да се ослабне бебето, па се јавивме кај првата докторка тааа рече ти гаранѕирам дека бебето е супер одговара на неделата не се замарувајте со матичната, утре одан кај Ливринова па ке видиме, фала . Поздрав
А тој муж ти добар е извини што прашувам вака Мене ми ја потече пи**ата жила кога те читам што ти збори.Наместо да уживаш во бременост ти само се потресуваш и нервираш.Жал ми е за тебе навистина. Па и таа докторка без осет ли е до толку ,пред муж се кажува ли се? НЕ дај нек те олабави детето трпи и осеќа стрес и нервоза од мајка.Ти креваат притисок со нервози па ќе ослаби бебето нормално
Абе, луѓе со паники еднаш се нервирав ама од сите ваши совети веќе се смеам, ако збори нешто мм ич не ме интересира, сега и тој се смири, ама така матичната крева паника, ке се роди слаб па ако се роди слаб нека се роди само здраво да е и живо да се роди, само нека се роди. Фала многу. Поздрав
Да му кажеш на маж ти за мама што ми има кажувано. Брат ми се родил буцко одвај излегол, после тоа само слабеел наместо да качува килажа. А јас сум се родила многу мала и слаба ама машала од вториот ден сум се збуцкала и до ден денес сум буцка. Нема правило дека ако се роди слабо дека такво ќе остане
@NNA на твојот маж или му била желба да специјализира гинекологија или па не му одел тој предмет. Нека те олабави,не се раѓаат сите над 3кг+ си има и ситни здрави и прави дечиња,поздрави него гојазни,а исто и трудници. Да не ги слушаш. Мерки се тоа компјутерски кога ќе си го фатиш во раце па ќе ни напишеш колку колограми сте. Не си се нервирај жено,се си е во најдобар ред. Одбројуваш ситно нека ништо не те допира,еве вака тука напиши си,олесни се и терај даље
Внука ми се роди 1900 гр во 9ти месец.Машала буцка 15 годишна е сега.Така да тоа не е пресудно со колкава килажа е. Ти свиркај си ич да не ти чуе таска
Сабајле се разбудив со болка во крајник. Сега веќе и грло ме боли. Прскам прополис,друго чаре? 12та недела
Се повторувам ама.... Со првото 30+кг се здебелив и родив глувче од 2900 за кое ми велеа докторите дека е 3550гр Со второто 15кг ослабнав и го родив 3100гр, живеев на кока кола и јагоди,и тоа малку што јадев не беше воопшто, здраво ни многу Не се потпирајте на мерите што се предпоставуваат на прегледите,во повеќето случаи се грешни
И да се роди слабо побитно е да е здраво. Ќе си надомести во килажата ич да не се секираш. Јас сум родена 2200, дома ме пуштиле со 2000. Нормално доносено бебе, па еве ме здрава права. За брзо сум ги стигнала другите во килажата. Така да не паничи. Се најдобро!
Еве цедиме пијам лимон и цитрон. Општата матична докторка ми даде пантенол таблети за лижење и гаргара со жалфија да правам. Некој искуство со таблетиве?
Мене пантенол ми се никакви,искрено воопшто не ми помогнаа,со препорака од матичната зимав пастили од жалфија за шмукање,мн ми помогнаа
Од 26 - 28 недела имаш скриен шеќер за испитување (зависи кога гинекологот ќе ти предложи) .. др испитувања нема мислам.. т.е јас немам правено други... денес тестирав скриен шеќер зошто веќе сум 28 недела и 2 дена
Јас имам качено 15 кила, бебињата најнормално ми се развиваат и се соодветни на неделата во која се наоѓам. Дека твојата докторка знае многу убаво за нездрави и здрави бремености, што не си ја слушаш нејзе за се, што бараш совети од форум, или селектираш што ти одговара а што не. Ај бе малце осет имајте со изјавиве, разбирам дека ја тешите NN ама па по цена да се тресне било што без да се размисли каков одраз ќе има и на други членки, стварно е во најмала рака глупаво!!!! Чим јас имам "нездрава" бременост, повеќе од мене совет не добиваш за ништо! Ајде секое добро...