Вака Делфина Таа кога ми го препишуваше ми рече едните дека се доколку имам болки во стомакот и грбот(а моментално ги имам), најверојатно за Утрогестан, а другите доколку имам гадење,повраќање најверојатно Бедоксин и третите доколку имам бело прање најверојатно Канестен. Сепак препрашај си ја докторката.
Се двоумам дали да ги земам на своја рака,а пак имам болки во грбот,а докторкава денес не работи се двоумам дали да ги земам Утрагестанот
ДЕЛФИНА доколку имаш број од докторката најдобро јави и се и прашај. Иначе мој дневен рапорт! Пировчето е сеуште внатре кренато ми е до заби хахаха не сака напоље и бити се уплашило од снегов не знае дека мама ке го носи на санкање инаку се е ок, само лажни болки си имаме и наредно цтг ми рекоја за на 6-ти,баш кога ми е терминот
Да беше достапна ќе и се јавев ама кога не е на работа и телефонот го исклучува....затоа реков некој случајно да не земал од овие лековите што ги наведов па да ми кажи кое за кое е
Канестен е за бело прање го имам земано за кандида, другите две не сум земала за време на бременост ама според индкации се за таа намена како што ти напишав го погорниот пост.
Ако ти ги препишала докторката што се двоумиш? Сигурно на паковањето ти пишува кое кога треба да го земаш. Тоа ти е препишана терапија и треба да се придржуваш до тоа, ако веруваш дека докторката знае што прави, ако не тогаш не ги земај, почекај до утре и најди си друга. Иначе Канестенот ти е за белопрање, Бедоксинот ти е за гадење и повраќање а Утрогестан не знам за што е не сум примала. Спојлер Јас секое залче што ќе го ставев во уста повраќав и ми препишаа Бедоксин, ама докторката ми објасни дека нема ништо штетно и лошо во тоа што повраќам толку многу и дека една чаша сок, едно бонбонче е доволно за бебето и не ги пиев. Мене ми беше важно да му е добро на бебето и не ми беше гајле што поминував цели денови пред шоља
Не се двоумам во врска со докторката,туку се двоумам во врска со апчињата ми е страв да не ги згрешам.Јас немам никакво гадење,туку ми се појавија болки во грбот,значи еве како што напишавте сите значи треба да ги земам Утрагестанот тие се исто вагинални,затоа се двоумев дали беа тие за бело прање.Инаку овие треба да се земаат 2 X 1.
Мила јас во петокот имав кафеавко кога се бришев и многу се уплашив како стара крв заостаната. И се јавив на докторката и ми рече Утрогестан 200 мг. да користам вагинално едно навечер пред спиење. Тие мислам ги даваат како поддршка на бременоста за да се зацврсти плодот уште подобро. Најчесто се ставаат вагинално за да се избегнат нус појавите. Подобро е вагинално, делува директно и локално, а со пиење можеш само и желудникот да си го распиеш, или па ако ти се гади може и да ти се гади повеќе од нив. И во упатството си пишува, дури и подвлечено е дека во првото тромесечје треба да се употребуваат исклучиво вагинално. Се надевам бев од помош. Поздрав !
Јас сум 1 месец до пораѓај и пантолоните и хеланките ги носам под стомак. Впрочем неможеш да ги носиш над стомак освен ако не се труднички
прашав зашо ми дојде на памет дека бебчо не слага надолу ради хеланките под стомак сваштарии...додека се породам којзнае што уште ќе ми текне
Нема што да згрешиш ..не си ни прва ни последна трудница што ги примила...значи уназад од поискусни ти е мн добро објаснато зошто ти се препишани лекарствата ..Утрогестанот како што кажа agrona е за поддршка на бременоста.. Со други зборови спречува спонтан абортус во рана бременост..и доколку ги имаш тие болки (грб-стомак) не чекај до утре туку стависи утрогестан да не се чудиш после...
Јас носам и така и така. И можам драстично да видам дека се симлал бебчо. Имам доста простор измеѓу градите и стомакот каде што претходно беа споени и плус дишењето ми е малце полесно. Мислам дека нема врска тоа со хеланки
добар ден и од мене ... какво е времето таква сум и јас.. сеуште настината затната скисната се надевам дека настинкава ќе ми помине за брзо време оти бело видело не сум видела дома сум у карантин затворена пожолтев од лимони и почнав веќе чај да мочам.. со лепотицата моја си се дружиме само ме клоца ме шутира ако мајка се радува кога е активна ви посакувам убав облачен остаток од денот пс ми се јадат мекици
Во 17 недела сум. Уште малку влегувам во 5 месец. Кога помина времето? Понекогаш се случува да заборавам дека сум трудница, се чувствувам ко пеперутка. За полот не сакам ни да знам што е ама за три недели ме очекува втор скрининг па сакала нејќела ќе каже докторката што е, веќе им се оформени гениталиите во таа фаза. Битно ми е да е живо и здраво и да е искулирано и весело како мама и тато онака си пишувам, како многумина од вас што обожаваат да ја тупат од досада, еве и јас онака, баш досаден неделен ден. Останете ми со здравје и без хиперболи, опуштете се за да можат и вашите бебиња да ја почувствуваат вашата внатрешна убавина. Поздрав, еве баш во моментов си слушам една страшно добра ствар http://www.youtube.com/watch?v=Xgcxd9wtXUE
добра вечер конечно еве ме назад. како сте вие мешиња? еве ме мене со херојчето мое принцезата на мама и тато. после неколку поминати денови до големи грижи за бебушката моја,ехото кое беше закажано повторно се закажа пак,иако овој пат да се потварди дека малата напредува убаво проблемот кај главчето со тоа што расте самото бебуш проблемот исчезна,мочката исто така,значи како расте бебуш Tака се на место си е се израдував дека тоа е кај повекето бебиња во теK на зарастувањето,бидејки покасно зачнато тоа е нормално така да наредниот пат тоа ке се потврди повеке со сигурност. др-крвта и мокрача треба во четворток да ги проверам кога сум на контрола се надевам и тоа ке биде позитивно за нас... поздрав до сите вас,уживајте со мешињата
evali и ivanova89 добредојдовте во трудничкиве муабети....да си имате лесна бременост butterfly.mk, панталони под стомак, хеланки на стомак. Инаку јас сум супер...ете уште некој ден и влегуваме во последниот месец