Не дај да се тревожиш. Јас до второ тромесечие се збуцав добро, се наредив на слоеви и во трето немаше смисла да јадам веќе. Значи не слушај “доктори” јади слободно што ти душа сака нема здрава и нездрава бременост.
А бе шо се расправате за глупости. Претходната бременост во исто време бевме бремени со една колешка од работа. Она качи 30 кила и одеше на работа, јас качив 11кг.и лежев дома. И она и јас имаме здрави и живи деца. Се родија со килажата тука некаде. Битно е плодот да се развива согласно неделите, секоја бременост е приказна сама за себе. Ајт уживајте и радувајте им се на мешињата. Поздрав н сите
Ич не се тревожам за таму некоја си докторка што рекла, јас демек немам изјави за пренесување од доктори ама се воздржувам бидејќи ако на секое прашање за боцкање,стегање,болки ова она ако кажуваме "Ауууу доктор ми има кажано дека тоа е опасно и ако ти се деси да ме бараш одма", тие први ќе испопаѓаат у несвест... А постојат и такви што баш тоа им го прават, да не ги именувам,први за ширење негатива и страв свесно намерно. Како и да е, неаме сите ист памет, некогаш го подзаборавам тоа... Поздраааав! И јас лежам дома по цел ден и си јадам а не важам за дебела особа, едноставно си имам апетит во бременост и тоа е тоа..
Јас мили мои нормално си јадам,а колку и дали ќе се поправам ич не ми чуе.Е сега ако доктор ми рече да повнимавам и да треба да слабеам тогаш ќе почитувам,а иначе после ќе слабееме.Досега никој не ме мерел,и не знам колку и дали сум поправена.Дома немам вага(а и општо вагата не ја сакам ич,и некој апарат за мерење),вака сум си нормална килажа.Гледајте ги бебувчињата и слушајте доктори и не се секирајте.БацкиНема бремена жена што не ослабела,затоа што ќе трчка по малото "цел живот".
Е па емче тоа беше мојата претходна приказна, а оваа бременост како што ми е тргнато, ке си ги замениме местата со колешката...немам толку многу апетит,јадам како и претходно, и не лежам толку строго...ама веројатно и водата ми се лепи на гзот...најбитно живи и здрави да се родат, па линијата сама ке дојде после со се неспиењето хихихи...
Се ми е јасно мене тоа ама дека Имаме НЕЗДРАВА БРЕМЕНОСТ???? Шо мака видов од бременоста јас? Н и к а к в а!! Пу пу да не се урочам, имам уште малце до крај. И некој да ти рече дека си нездрав
Лелеее што се не изначитав , а ни нешто сум ти кажала но ок е ти си знаеш за твоето однесување и коментари... А јас тука секогаш ќе побарам совет и искуства, затоа и постои групата за подршка и помош те молам без негативна енергија овде... Девојчето премногу ја загрижиле зошто да не кажеме дека постои и друга страна дека може да биде и она и бебето да се здрави и прави... незнам што толку се пронајде ти што си качила 15 к, ок супер само напред живи и здрави да сме сите, ...докторката моја имаше друга цел која ти не си ја сватила не присуствуваше за да го знаеш цел муабет но ок ...отприлика на кратко е дека не значи јас ако не качувам килажа од 20,30 кила дека нема да имам здрави бебиња тие секако ќе си качеле на килажа и земале што треба, а секое плус кило јас сум го качувала, а не тие...и по таа логика она одеше здраво и нездраво дебелеење во бременост ... Да не разглабам повеќе форум е ова свакам некогаш пораките погрешно се толкуваат отколку кога се во живо кажани, не замерувам ...но сепак со вакви препукавања и на ваква убава тема не би сакала да читам и имам, не ми е ни место ни ни личи мислам..сакам да продолжи убавата тема, а не оваа но морав да се изјаснам...а со твојов коментар од тебе ништо не "добивам " ко совети фала мн не ни имам намера посебно не по ова... позз и секое добро, да уживаш во бременоста, и без тензии на бебињата!
Аии, зошто толку се тревожи душо таа имаше друг цел да ме утеши мене, и ти знаеш па и тааа колку е тежок процесот на ивф и за нас секој збор утешителен од страна на доктор е добродојден затоа што јас сама приметувам дека стомакот не ми е за 9 месец ама ај си мислам дека до ивф ме водат со последната местрација а ембрионот е ставен кај мене 2 недели подоцна, и јас сакам да качам на кг ама е не можам. Поздрав
па ако се храни добро и напредува во развојот јас не гледам проблем тука. Баш ме интересира како ја мерат килажата на бебето? као ова температура е па со термометар ќе мериме. Додека не ставиш бебе на вага нема да му ја знаеш килажата нека не те заплашуваат за џабе.
За едни тешење, за други загрижување, и баш од тие причини што ги наброја за ивф и останато, треба да се внимава што се објавува! Сите сме осетливи, никој не е имун на заплашувачки зборови, посебно за вакви теми. Бидете добри и со Господ напред!
Душо накриви капата и насмеј се, се ќе биде во животот супер само нас очигледно не... само ние си знаеме што се сме поминале и што стои зад се ова... слободно пишувај и барај искуства и совети тука сме за тоа сите. Благодарам на модераторите што реагираа и ги избришаа навредливите коментари кон мене, посакувам темата да си остане како најубава за сите нас поздрав имајте убав ден.
Лепотици мои уживајте си во овој период најмногу па нели сите ни угодуваат сакаш ова сакаш она.САКАМ БЕ БРЕМЕНА СУМ СЕ МИ СЕ ЈАДЕ.што ви душа сака да ми јадете и пиете за тие мали кралчина и кралици да пораснат и да се родат здрави и прави друго па и ништо не е битно.имајте ми убав ден (иако во Охридов е тмурно) и уживајте ми  и една слика заборавив
Девојки, бев денеска кај Ливринова, бебето рече расте , 1 недела е помал ама рече не е некој проблем, 2450гр, ама проблемот е друг малку е намален плодовата вода, ми рече да лежам на левата страна да пијам вода, кокакола и да јадам благи работи контрола следната недела рече да издржиме до 38 недела, да не работам само да одморам. И на сите ви благодарам за советите и убавите зборови, да даде Господ сите до една да истерате школска бременост и лесен пораѓај. Поздрав
Тука сум да не ме мислите се навикнуваме една на друга полека мене млеко не ми дојде па и давам вештачко уште ми е страв во раце да ја фатам се повампирив се жалев не можам да спијам од болки сеа како аларм е и да сакаш не можеш да спиеш
Мајкички денес бев на прв скрининг и прво го гледаме бебе го цуца прстето, се стопив. Докторот вели еве го шмука палецот. Си правеше некои мерки но ништо не кажа освен дека матичната треба да ми го прочита извештајот. Ми земаа и крф.
Добро утро девојки, јас пак со прашањата па заборавив да прашам, ми рече да следам движење на бебе за 12 сати 10 пати ама јас не разбрав треба да бројам 10 клоцење или треба 10 пати на ден да почне да клоца, ај ве молам помагајте ме зошто цела ноќ со тоа се занимавам па и во сон мислам бројам несвесно. Поздрав