Мила 10 движења на ден да има значи нормално е ако е повеќе не е страшно ако е послабо активно треба да се јавиш на доктор. Движењата треба да се преку цел ден
Ај сега јас со потпрашање за ова движењава, тоа се брои и мери таму последни недели или ? Јас сум 18 та недела, но не верувам дека ги осеќам толку мн како вас, насабајле кога ќе станам од кревет одма чим префрлам нога и после во денот уште два до три пати максимум и толку..и тоа некако едното највеке прета, другово не бар така мислам по странава каде удира... Јас се тешам дека уште сум близу половина пат па затоа дека не се мн активни...или дека се две па нема мн место кај да претаат или грешам ?
Движењата се важни за цела бременост но на крај се бројат само, затоа што во тек на бременост има денови кога се поактивни или понеактивни бебињата. нормално можеш и тогаш да појдеш на ехо за да се смириш ама нормално е, кај тебе е рано опушти се и ке ги сетиш
18 недела е многу рано да мериш движења. Некои мајки уште немаат ни осетено движење во тој период. Некаде од 28/30 недела па и покасно се мерат тие 10 во 24 саати.
Да по некоја логика што се вика сега почнав да ги чувствувам и си викам да мора да претаат и имаат сила по цел ден некако ми беше несватливо али сепак немам искуство да знам што како, и викам дај да си прашам зошто имам уште две недели до наредно ехо
Па не секогаш се 10 во еден ден после 28 недела... еве на пример моево некој ден е нон стоп активно.. преку цел ден само клоца удира мрда прета а некој ден само два до три пати ќе мрдне и тоа само навечер кога ќе си легнам да спијам...најчесто бебињатаа се поактивни кога конзумираме благи работи.. тоа го имам приметено кај мене... без гајле бебето си се движи се врти ама тие движења некогаш не ги ни чувствуваме бидејќи тоа се нежни вртења додека пак оние појаките и те како ги чувствуваме... убав ден, ..
тоа се смеев со моја братучетка вика ова моево бебе мрзливо толку е што и трудна кога бев не го ни чувствував да мрда, се убивав од благо јадење за да претне не бре вика нејкеше и нејкеше и еве вика и сега е таква мрзелива
Да ви кажам само дека нема врска какво е бебе во стомак во споредба кога ќе се роди. Зошто некои викаат ако е поактивно во стомак ќе биде исто и надвор. Не е тоа пресудно, не е секогаш поклопено и нема никаква врска.
Помало бебе нормално појќе се осеќа, има простор за вртење колку сака. Зато најчесто при крајот сме позагрижени ако не мрда, нема простор кутрото, па броиме колку пати мрднало во денот, чисто да си посмирена.
Женчиња имам закажано за приска на гинекологија на 8ми април во соба 37. Дали знаете кој доктор е таму бидејќи не пишува име на упатот?
Мила да не грешам душа,ама кога и да одам во таа соба прегледуваат стажанти,доктор не сум видела(но ќе одиш ти и дај Боже да ме демантираш).Извини ако те замислив,ама тоа е моето видување.Но еве@monik55 мислам ги има правено таму двата скрининзи и нека ме демантира.Секое добро
Тоа е обична лабаратороја и во неа се вади крв.Не се стажанти него вработени луѓе од гинекологија.Приска ти е најобично одговарање на 5 прашања,ти мерат килажа и те боцкаат во вена.Што ќе ти е доктор не е преглед тоа маченце.
Мислам дека 37 е амбулантата одма после лабараторијата. Ако сум во право, таму го прават скринингот па те праќаат во лаб и до сега секогаш имало доктор таму. Само што секој ден е различен доктор, па неможеш да знаеш кој ќе биде. На пример мојава докторка секоја Среда е таму. Ама може да сум грешка, не памтам бројки
Да ама прво треба мерки на плодот да се земат, па после крв. @Sofi.ja дали мерките ќе ти ги зима матичниот па ќе одиш на гак за крв само или комплет ќе праиш на гак?
Стажантите не прегледуват само гледат што мери докторот јас вчера бев кај Ливринова таа е секој четворток од 11 прегледува, имаше стажанти ама си седат настрана без докторот не почнуват ич не се секирај. Инаку да ви кажам димерите ми беа 1033. Бебето ненстоп се движи докторката рече да бидат 10 движење за 12 часа ама ова бебе мое за 8 часа има правено 20 и нагоре движења, сега што да мислам не знам дали е лошо или не. Поздрав
Абе не се замарај многу! Супер си е чим го осеќаш да мрдка.. Ниту да броиш, ниту да мислиш дали е доволно. Никој неможе да ти каже колку точно треба да мрдне во тие саати. Остај го нека си прави тоа како што сака, а ти уживај си во бременоста. Најди си некоја занимација и ич не се оптеретувај со не потребни работи.