Почитувани, дали некој од вас пиел но-спа таблети, и каде ги најдовте да ги купите. Денес ми препорачаа,но во аптека не ги сретнале повеќе од 20 год.
не сум ни ја на боловање. имам две шифри на упутот o26 i o20. Може само така ги пишуваат, за да им даде термин. Баш ќе прашам на следна контрола.
Јас ги пиев една недела во 17 недела имав болки, веднаш ми престанаа, ги земав од локална приватна аптека. Лесно ги најдов. Не се опасни за бебето.
Ви благодарам, денес ги барав во повеќе аптеки низ Скопје ама не успеав да ги најдам, само во Ремедика аптеката беше затворена, ке прашам таму.
Види и во ново лисиче во Бети аптеката во близина на кам, некои лекови што ги немало сум ги наоѓала таму.
@Софија 88 За првото ќе ти одговорам, да, често ми се чини ќе експлодирам, понекогаш толку ми тежи на десна страна ми се чини ќе ми пукне кожа. Таму е бебето повеќе со грбчето и тегне ненормално, не како камен туку како карпа.
Девојки имам едно прашање. 30 недела сум и константно имам како притисок долу и се подмочувам. Ова се дешава овие два три дена. Ми е страв да не е водењакот. Паничам знам
Sakam da prasam, prva bremenost mi e i ne znam sto e dozvoleno, a sto ne. Mnogu mi e strav od kleknuvanje vitkanje na primer pri vrzuvanje patiki l, brisenje pod i slicno. Dali so toa moze da mu se nasteti na bebeto, momentalno sum 15ta nedela.
Не се плаши до толку, тие што имаат дома по уште едно или две деца како се Не прави активности што те заморуваат, слушај си го телото, се што ти смета не прави. Живеј си нормално. Поздрав
Да бидам искрена и мене по некогаш така ми се случуваше со претходната бременост, па дури и првите два месеци после пораѓајот. Само се среди со тек на време, од самата тежина олабавуваат мускулите, нормално е.
Мешиња, јас пак да ве замолам за совет или мислење. Како што знаете со скратен цервикс сум и на строго мирување. Три пати на ден ставам вагиналети. Од вчера ме мачеше запек и сеа конечно успеав да се олеснам и таман да ставам вагиналета. Ама едвај ја напикав. Некако се ми е многу стегнато и цврсто внатре. Дури не можев да ја пикнам до крај, едвај малку поише од пола прст успеав да внесам. Дали е од што какав пред тоа па се згрчило или се случува нешто...многу ме фати страв. Да напоменам пред тоа имав малку болки, ама секогаш кога имам запек ме боли така, а сега немам никакви болки...
Луѓе зошто не пиете вода Донат, по литар на ден ако пијам имам диареа, еве вторник влегувам во 9 месец ниту еднаш немам запек. Ви го препорчувам нема да имате никаков проблем, го прашав матичната дали смеам да го пијам рече слободно. Поздрав
Не се секирај, ништо не се случува, само се згрчила мускулатурата, и обавезно превземи нешто за столицата за да не се напрегаш, тоа е пострашно во твојата ситуација. Со претходната бременост имав размекнато грло уште многу рано, така да сум била во некоја слична ситуација со твојата. Само лежи си и биди си опуштена, ке биде се ок.
Не сум имала проблеми со столицата последниве 4 месеци, само на почетокот имав. Нз сеа зашто ми беше така потврда. Ама не се напрегав воопшто. Намерно се напив кафе прееска и чекав да ми дојде убаво за да не напнувам. Ти благодарам многу, ме подсмири малце. И јас мислев дека е тоа во прашање, ама пуста паника...
Мила и од самото лежење, дигестијата се забавува. И мене истото ми се случуваше, иако никогаш не сум имала проблем со столицата.
Добро утро како сте мешиња Јас добро еве на работа си пијам какао. Од утре 12та недела а задутре сум на преглед ги бројам саатите едвај чекам да го видам бебето Сакам да ве прашам дали е дозволено чистењето на уши во бременост? Може нема врска едното со другото ана викам да си прашам.. Очекувано , левото уво ми се затнува па треба да одам на ОРЛ да го чистам