Како сте мешиња Ве читам секој ден ама ме мрзи да пишувам Веќе се ми е тешко, едвај чекам да се олеснам. У четврток имам контрола во болница , инаку 37 + некој ден сум и сеуште никакви знаци за пораѓај. Во странство сме, поточно Австрија па незнам каква е овде процедурата.Се мислам дали да земам Епидурал или да одберам порагај во вода.Првиот порагај ми беше пред 3 год.во Чаир и добро поминав.За вкупно 6h. се породив природно.Посебно се радувам што мм ке биде овој пат до мене да можам у фаца да го пцувам ( ова во текот на отварање, при силни болки ) а не како минатиот пат преку тел.Сега кога ке се сетам многу ми е смешно .Му се јавив 100 пат го опцув и му исклучувам.Човекот неможе да дојде до збор.Јбг... се падна Недела .... Персоналот се крие по соби.... За малку ке се породев сама у ходник....Хаос
Не би знаела, сум немала од октомври П.С. Ти љубоморам, на моменти така ми доаѓа да му скокнам на мм. А хормониве не ми олеснуваат баш, ми се сака ми се плаче. Ама мора да се изджи
Не смеам ни да помислам, а не па да имам. Со скратен цервикс сум. Муки. Ама да, беба е најбитна и за неа се ќе издржам, само нека биде она добра и нека седи внатре. Инаку едно прашање коа сме веќе тука 7ми месец почнува од од 27+ или 28+? Јас сум 27+2 и во апликацијата што ја користам ми пишува дека сум веќе 7ми месец и трето тромесечје. Исто и табелата што ја имам со недели и месеци. Ама гледам во некои табели 7ми го водат од 28ма и сеа сум во збунка
Јеееејјј како се радувам мислиш во 9ти сум влегла дали дека две бремености блиску една до друга, и двете со еден куп проблеми, се осеќам како 3 години да сум трудна и ради ризиков од предвремдно породување му се радувам на секој поминат ден, само викав да влрзам во 7ми да ми олесни малце. Сум заслужила да си се радувам
ајде @tetoviranta не ти е далеку пораѓајот. Јас додека трепнав поминаа 5 месеци а гледам уште недела ипол до почеток на 6ти имам. Со лесно нека е
Нека ни е со лесно на сите тука.. дај Боже на сите да ни прелета времето до моментот кога ќе имаме полни раце, место полно меше, па да се наоѓаме по темине за бебуши
Мене оваа бременост одма ми летна, кога 33 недела влегов се чудам Не ми е страв овој пат, само битно ми е се да е во ред, пораѓајот ќе помине болело не болело. Ама некако паника ме фаќа на моменти...ново бебче, ново ангелче дома па се спремам само прикупувам нешто ново и јас така бев, се радував мн во 7ми кога влегов. Кога влегов во 8ми исто се радував и мислев највечен ќе е ама еве лета бе одма Иии уште малце 9ти....ух, е тогаш ако сака да чека термин ќе збудалам, нејќам до крај, ама ко ме пита мене Морам да се спремам психички, дишење такви работи, ама викам има време а месецот летнал Само господ да не исчува, на дишење ќе мислам тогаш како пишувало..аха
Пак ке речам блазе тебе Кај мене тој хормон е на off потреба никаква сирот маж мој незнам како ме трпи Ако знаеш како да се активирам кажувај, ке ми треба месецов
Јас би те советувала за второ да не земаш епидурал. Толку брзо ќе биде што ни во вода нема да влезеш, ќе можеш само мажот ти да го пцуеш од дома до болница. Во Австрија нема да се породиш во ходник и ќе оди се како подмачкано. Ако решиш за со вода претходно треба да најавиш за да ти ја спремат.
Уфф...нз све ми е хаос моментално во глава.Ме плаши малку и јазикот , знам доволно да се разберам и објаснам ама дур потешко иде да збориш кога те боли нешто.Плус имав гестациски дијабет ( околу месец ипол мерев 4х дневно )па средив со исхрана.Ништо тогаш не ми дадоа терапија.Јас поправена само 7кг.од кои 3 се на беба.Еднаш док.ми спомна ако премине 4кг.бебица можеби би ме порагале царски.Се изнапишав реферат одсабајле. Oдам да правам едно јако турскооо....го обжавам
Дај пиши исхрана за гестациски шеќер.Морам и јас да ја практикувам.Некоја пишана форма или избегнуваше шеќери.