Не држев диета или некој посебен начин на исхрана. Јадев црн леб по максимум 2дневно Вода, незасладени кафе и чај- сок никаков дури ни свежо цеден Најчесто за појадок: јајце, зеленчук, по малку млечно. Благо млеко ми рекоа да избегнувам и тос содржело шеќери. За ручек : месо најчесто пилешко динстано или риба , некогаш свинско ... Генерално неограничено зеленчук најдобро зелени салати. Од овошје понекогаш јадев цитрусни најчесно И авокадо може. Банани и грозје многу ретко. Ориз и тестенини во ептен мала количина зш многу ми го качуваа шеќерот. Отприлика јас вака се хранев.По препорака од Дијабетолог.
Нема на што Заборавив да напоменам дека и пешачењето многу помага во намалување на шеќерот. Јас практикував 2х дневно барем по пола саат после појадок и после ручек. После вечера немав ни сила ни желба. Не се плаши се ќе биде во ред само опуштено. После првиот порагај исто имав проблем со шеќерот и бев во Преддијабетична состојба. Бев кај Цвета Динева и ми препиша диета која стварно ми помогна да не развијам дијабет. Главно се состоеше од супи, брокула, целер, цимет пиев во прав и ленено семе.И вежбав секој ден во теретана. Така да и пред бременост и во бременост ако се пази на исхрана и движење се доведува шеќерот во нормала.Поздрав
Хелоо лејдис Само да пратам поздрав до сите и да си се пожалам некој ред за тоа дек почнува да стежнува работата. Стомак секој ден се поголем,бебе си ужива јас едвај чекам петок преглед и да започнам со пери пеглај Имам и отоци најчесто навечер во нозе али нормално,се движам колку можам ноо брзо се уморувам. Тотхемата не ми одговараат деф железото не мрда од 5ка,а и хемоглобинот ми е 9.5. А јадам секој 3 ден спанаќ плус ама заборавам да сркнам мед со семе од коприва. Ве ситее
Ке прашував јас кога ке почнувате со перење и пеглање.. Мислам време е, за една недела полни 36нед па да си бидеме спремни @Adeline и ти си тука некаде.. ехх си лета времето
Читав низ темава дека со висок диоптер не дозволуваат природно пораѓање, се препорачува царски рез. Јас имам диоптер над 5 на едно око и над 6 на друго око. Исто така татко ми правеше операции на двете очи за одлепена ретина. Јас сметам дека можеби најсигурна варијанта е царски рез, но сепак дали има шанса за природно? Би направила и очен преглед пред пораѓање. Има некоја од вас вакво искуство да сподели?
Јас деновиве да докупам алишта за бебе, прво ситниците ги купив јас нопак Битно детергент и омекнувач имам, шампонче, кремче, пелени, цуцли, шишенце, па дури и хидроген и прашак за папоче имам Уште некои шпикозни, бодиња ми останаа.
Здраво труднички Одамна не сум наминала. 2 недели во мајка МаЌедоња ми летнаа многу брзо. Конечно се прибравме со маж назад. Изнакупив партали за бебето. Нешто сликав, повеќе не сликав. Се е пратено кај свеки на чување. Вчера на контрола, бебе е супер. Следно втор скрининг. Овде железо ми немаат испитано од 3 месец. А доктор ми зголеми дневна доза. Ништо ново на југ. Се надевам сте добри и бебиња мрткаат и прткаат. Моево секој ден се повеќе претка, ама уште не можам да почувствувам убаво на раката, кога ја ставам на стомак... Сум се здебелила само 1 кило откако сум трудна wooohooo а фактот што се здебелив 10 пред да останам трудна ќе го игнорирам сеа за сеа. Гушки и бацки
Јас имав баш тој период 18-19недела ама некаде под ребрата на десна страна, искрено не знам од што и дали е нормално заборавив да прашам кога бев на контрола во 23та недела ама се беше во ред, најубаво консултирај си се со матичен
Добар ден мешиња како сте ми денеска денес бев на преглед , бебе си пораснало 6 цм си спиеше , не беше мн активно , потоа дури се разбуди правев приска , ме гледаше на ехо , ми зема крв и резултатите ќе бидат готови во понеделник на ехото се се покажа одлично. Му спомнавме да види за полот , гледаше , гледаше , ама ништо не се виде измеѓу нозе ми рече дека во мај ќе знаеме со сигурност. Со страв се качив на вагата - ама овој месец 500 грама сум покачила што е супер денес сум 12+1 пред некој ден грчеви почнаа да ме фаќаат на нозете и ми препиша магнезиум да пијам имајте убав ден
Jас мислам дека се зедовме ама пак ке фали нешто сигурно Ти сигурно и од баткото имаш нешто Инаку за предходниот муабет ке легнам ама како да се опуштам секое ковче ме врти
Мене за полот во 12та недела докторот на шала ми рече 50-50. Уште е рано и да ми кажи сега не ми е верно. И јас цел ден сум грчеви во нозете, дали дека се движев повеќе не знам. Магнезиум немам уште почнато, си велам да не е рано. За првата бременост после 20та недела почнав да пијам.
За првото дете уште 12-13 недела ми имаше кажано најверојатно е женско и потоа се потврди. Сега ништо не кажа а сите ме убедуваа дека најверојатно ќе ми каже при овој преглед , ама ништо. Не е важно , само да е се во ред Тебе што ти кажаа за полот сега? Кажи на преглед кога ќе идеш дека имаш грчеви па можеби ќе ти дадат нешто да пиеш , знам како е, многу болии
Еве ме и мене, одамна немам пишано. На работа - дома и времето лета за ништо немам време. Ве читам се спремате полека ние креветчето уште не сме го офарбале, а не пак алишта да перам некако се чуствувам како да ме гази времето и ништо нема да стасам. Ќе паничам на крај, секогаш сум таква Туку да ве прашам земаат ли матичниве брисеви на втора смена??? Ако ми земе утре вечер ќе стои ли тоа до петок наутро, оти обично јас сама си го носам на микробиологија, а тоа не работи втора смена мислам.
Па да имам, скоро необлечени работи ама малце ми се. Треба да докупам уште Абе си имаш право на посебни желби во оваа состојба, што би те опуштило побарајму Најбитно најди комотна поза зошто ќе се изнервираш како јас прееска му викам ајде да се породам да поминат 40тина дена да не мислам дал ќе ме смачкаш
Хелоу мешиња. Ние со ќерката тераме 19 кон 20 недела. Сеуште не ме удира, само неколку пати имам сетено како нежно касање од рипчиња. Супер се чувствувам. Да си прашам за во Плодност Битола за втор скрининг колку дена пред 21 недела да си закажам? Да не е рано сега или што предлагате?
Добро утро мешиња.Нешто слаба темава ни стана.Се породиа големите и се стиша дружбата Не ти е рано да закажеш,боље со време да ти е мирна главата.Ја барем се сакам со време да ми е средено и наредено. Моево штрумфче лупа,штипа ,буричка по стомакот.Силна е бааѓи ама за сега е културен цимер