Здраво, јас сум 19гн, во вторникот бев на контрола и тогаш ми закажаа за скрининг на 22 април. Тогаш ке бидам 21гн и 6 дена,мислам дека е во ред бидејќи др.од ивф ми договараше кога да биде.
Ај да ја размрдаме темава и јас да си кажам Едвај чекам да дојде утре,имам закажано кај др, да го видам тоа мало црвче терам 13та недела, докторката ми рече брисеви ќе зема,а пап имам правено октомври-ноември па не ми спомна дали ќе треба. Следната недела сум на клиника за приска. Инаку сум ослабела уште 2кг. До сега вкупно 5. Баш ме интересира дали бебето напредува како што треба,малку ме загрижува слабеењево. Сега дури ме собираат панталоните што ми беа тесни,во нозе дури ми се широки а мешко едвај ѕирка. До која недела се пијат Фемибион 1 дали знаете? Имам уште за 2 недели, значи некаде 15та ќе ми завршат,дали ќе продолжам со 1 или со 2,не ми е јасно.. Уште си повраќам наутро,ама барем имам апетит и јадам, претходно ништо во уста не ми се ставаше, се со сила. Настинкава полека си заминува,уште кашлањево да престане, мислам дека се предозирав со лимони овие 10 дена
Имењачке, обично фемибион 1, е за прво тромесечие, двојката е од второ па натаму...но верувам дека нема никаква штета ако некој ден продолжиш и во второ од фем.1, но сепак јас би се придржувала до тоа двојката да си ја почнеш. Пап и мене не ми земаа претпоставувам не треба по онаа логика ако се бил ок, дека се прави еднаш годишно... јас последно правев во Август 2018, сега само останатите брисеви ми ги земаа... Ајде со лесно утре блазеси ти, јас ова вториот скрининг ко вечност ми се гледа, месец и 10 дена ми се фаќа од минатиот преглед до нареден, некако премногу ми изгледа
Оооооо друштво се активиравме пак Да ве поздравам и јас. Бевме на втор скрининг и се испадна добро. Си го изнагледав мажлето мое Од среќа и радост си купив по некое фенси боди како за почеток Имам и јас едно прашање. Прв пат до сега мерев цервикс и испадна 43мм.Ок е за 21 недела? Барав и тука имавте пишувано порано,ама неможев да најдам
Супер ти е цервиксот. Мене во 20+0 ми беше 36, па рекоа дека е добро. Инаку само јас ли направив скрининг 2 во 20+0 недела, гледам сите правите 21,22? Оти мене ми рекоа од 18та може да се прави и јас да побрзам да не ми биде мисла
Да, најбитно е да се здрави и живи. Не се гледаше кај мене во 12та недела, затоа докторот рече 50% женско 50% машко Ќе се види на другите прегледи. Јас и многу не сакам да знам после спонтаниот што го имав, сеедно ми е за полот. Инаку првото дете ми е машко и за него во 16та недела ми кажаа. Каков магнезиум користиш, дали во шумливи таблети или директ?
Леле што убаво раздвижување на форумов од сабајле Јас до сега кома комерц. Дошол мм од работа да ме провери и да види да не ми треба нешто, јас не сум го ни осетила. Ми зборел да ме разбуди, не сум реагирала и ме оставил да спијам Да ви се пожалам пак малце, досадна сум ама ќе ми олесни на душичкава... Не ми е веќе толку тешко што сум цело време во кревет, изгледа се помирив дека нема мрдање. Ама, последниве денови мн ми паѓа тешко што не можам да прошетам да купам нешто за беба. Си имав речено пред 7ми месец не купувам ништо, ради тоа што мо се случи минатиот пат. Имам количка од претходната бременост и креветче (и тие се кај моите ). Друго ништо. А толку ми е голем меракот да искочам да изнакупувам фустанчиња, чорапчиња, бодиња, тракаташки на моменти ме фаќа паника, си викам што ако реши да искача порано, па јас немам ни во што да ја облечам... Како ќе се опремам? Ќе треба да ја пуштам мајка ми по продавници и да пуштиме камери да гледам што ми се свиѓа Од друга страна, вчера бев на конзилијарно. Цервикс ист, беба расте. 1009 грама. Кило шеќер на мајка Ве гушкам сите, извинете на негативноста, ама морав да си се олеснам
Амааа ти си за стап голем ,најголем и тоа со боцки човек да те натепа. Кај ќе одиш да пазаруваш ,ајде списоче тамо на муж ти напрај му и пушти го.Ќе се снајде ,за прво време ќе имаш,нешто ќе ти донесат.После времето ќе биде убаво и со бебуш заедно на шетање и шопинг.
Лошо е кога имаш мн време за размислување, а немаш попаметна работа..да почнам да пишувам тука се што ми се врти низ глава стварно ќе ми дојдеш на врата со стап. Пример, пред некој ден ми текна што ако ми пукне водењак, секојдневната улошка упие и јас не приметам. Пошто нели 2 капки вода се тоа сама на себе си се смеам на моменти Знам дека има решение и дека се ќе биде океј, не сум прва со ваква мака, дај Боже да сум последна. Спремам јас списоче, сва среќа што денес се можеш онлајн да си видиш, уште да се смилуваат да пуштат овие од фонд пари на сметка за боледување и ги пуштам мм и мајка ми во шопинг Кога сме веќе кај тоа, има некој број од фонд кај што може да се провери зошто нема исплата? За јануари, пола месец бев под фонд и ми пуштија за пола, за фебруари уште нема ништо...
Побарај во темата боледување во бременост, Мартка ми имаше пишано еден тел.таму завршив работа, кај мене беше спорен предметот, благодарение на таа што се јави успеав да разберам каде е грешката за да средиме.
@tetoviranta , а зошто не можеш да пазаруваш ти мора да лежиш или? Не сум во тек извини. Од кој месец почнувате со купување и подготовки? Читам седми месец ама мене страв ме фаќа нели може и седми месец да се породиш, ами ништо ако немаш купено што тогаш? Миле паника
02 5103 029 или 02 5103 018 Мила пробај на овие броеви,кажуваш матичен број твој и ќе ти кажат зошто немаш исплата.Секое добро.
Се јавив, ми рекоа пуштен е предметот за исплата деновиве ќе имам на сметка. Фала ти најмн Чудно како не си прочитала до сега, само си се жалам јас да на строго мирување сум, нема мрдање од кревет освен до вц. Па забегувам малце со паметов Секој различно купува. Јас ради лошо претходно искуство не сакав ништо да купам пред 7ми, ама ме снајде лежењево па се зезнав..
Аиии филмови си праиш?! Браво бе маче ,само мислам да си земеш водоотпорен чаршав за на кревет зашто кага ќе ти пукне водењак не е баш три капки вода ,ќе го направиш душекот лом Барем мојот филм е со такво сценарио,и плус нешто за у кола да земам да не мора хемиско и нови навлаки на мм да му купувам Што е за купување јас се земам, мм сакал се стокмено да ми било да не брзал после
Јас одам кај Златко Палчевски од почеток на бременоста, паралелно и кај матичната. Задоволна сум од него и кај него ќе се пораѓам здравје.
Хахах спремно ми е мене за во кола, имам од оние подметачи за пресоблакање за една употреба (за кучето ги купуваме, ако ја фати зорт а нема кој да ја прошета), такво ќе си подметнам под газ ми падна на памет и што ако ми пукне на пат накај вц па кучето почне да ја пие течноста земи од пазар мушама на метро стај ја под чаршав, греота е душекот видиш паметен маж ти, зашто после он да се мачи, кога можеш сега ти Што убаво си ме насмеала денес, ме расположи, баш си среќиче
хахаха,луди сте. Да ,среќиче е баш среќиче и јас ја обожавам Немој да не заборавите после нас тука што ќе правиме без поддршка. Мене Август ми се гледа мнооогу далеку