Честитки за новите мамички. За оние кои се породиле, за оние кои ја добија најубавата вест, а исто и еден благослов од нас за сите кои ја очекуваат таа најубава вест во животот . Ние само што ја завршуваме 33та недела и полека се ближиме кон целта да се гушкаме со бајрачето . Малку и тој помина еден кризен период, не дека му беше нешто, ама лекари како лекари и тоа му е изгледа денес најважна работа, само да те извадат од памет. Малиот си е во ред, напреден за своите недели, ама сепак нешто нив изгледа им недостига. Најпрво со новиот т.н. систем. Закажуваат термин за контрола на 25ти декември и тоа со отворена историја во гинекологија на одделение ( и тоа за боцкање и вадење на крв од вена) . Едвај се разбравме некако, кога нов шок, потребна била уште една терапија. Не ќе беше се тоа шок, да не дознавме дека таа терапија не требало да се применува по 34-35 недела, а ние ќе ја поминеме и 37та недела . Имено со таа терапија ќе настане преразредување на крвта и ќе биде доста тешко за породувањето, доколку не дај Боже настане некој проблем, па возможно е да настане искрварување. Ете тоа е нашето „прекрасно„ здравство. Само понекогаш им се чудам дали сите учеле од исти книги, или се работи за нови изданија ?! Навистина нема да си одговорам .
Добровечер драги мешиња,како сте,еве јас на кратко да ве дзирнам,ние сме супер,растеме ...ова ми беше најомилената тема,ама сега иако веќе не припаѓам тука,ке ве читаме редовно и што можам со моето искуство ќе си помагаме а и заедно ќе се радуваме на периодите што следат... Serafima мила ајде и вие броите ситно,уште малку ќе си се гушкате со малиот принц,кога летнаа неделите нели? Инаку тоа со докторите а и со термините јас го пројдов веќе,катастрофа се,ништо не е како што треба,мене до последно докторите ми викаа вишок плодова вода,бебето крупно машала над 3 ипол кг ејј до последно,буквално сите доктори,па кога на бокс ми рекоа 2 800кг не ми се веруваше,среќа што бев природно породена и свесна,па со свои очи го видов тоа,инаку ќе мислев ми го смениле бебето ..затоа мила само позитивно,како и што си ми,не верувај на се многу многу,зашто добро знаеш како што е Господ никој не е,со лесно мила и на сите вие што сте при крај,како што спомнав претходно,само позитивни бидете,обавезно правилно дишење и соработка со бабицата и докторите и се ќе биде во ред
поздрав до сите вас,уживајте со мешињата [/quote] да знајш те мислев мило ми е ова што го читам за бебенцето те гушкам и сега галкај си го мешето[/quote] ти благодарам мила видов дека си пишала за мојот пост ти посакувам и тебе се најубаво
жени ја пак ко кафеавко на уловчето и ко се забришав ко густо да не речам американско желе до кога бе вака.... мене колку чепа ми паѓаат
Ти не појде на пораѓај? И за ова имам читано Спојлер (јас пола бременост, од 5ти месец наваму го поминав на интернет и се изначитав за се и сешто, и искрено не е нешто што ви го препорачувам. Вистина се дознаваат многу работи ама и многу работи ти влекуваат во мозок и после како да си ги бараш тие лоши симптоми иако ги немаш) , понекогаш се случува на два пати да ти падне чепот. Ти викам бре, шетни со мажето низ град, па дома на нешто лутко и зачинето па малце дружење и спрамна си да одиш. Денес баш читав дека еден куп жени во деновите пред терминот имале секс и на некои и после неколку саати им пукнал водењакот а некои почекале и до наредниот ден
Добро вечер на сите по една недела пауза немав интернет... Инаку и ние сме си со болкички стомачето почна почесто да се стега а доле како игличкида осекјам повекје од претходно бебушко фаламу на Господ крупничок е ,сега чекаме болки да ме фатата вечерва осеќам жештина некоја јака а стомакот секои 10-15 минути како камче ми се прави па ке видиме што спрема едвај чекам бебушко да ни дојде не ми се верува колку брзо пројдоа девет месеци хихихи до сите
мајче се извинувам , незнаев како се мери кај вас...јас имам дијабетичар во моја околина па ми падна чудно со ова меркиве....инаку моја препорака ти е да си земаш инсулин...ем си го штитиш црниот дроб ем тебе и на бебето ќе ви биде подобро со инсулинот ќе можеш и да си каснеш повеќе немора строго да се придржуваш кон диетата која во овој случај тебе и не ти е препорачлива.. ајде мајче ќе биде се во ред
Дечки ве немав дружено некоја недела па не можев да се навраќам назад и да ги читам сите постови и новости за тоа време ама им честитам на новите мамички кои дознале за најубавата вест во животот или на оние кои веќе се породиле (ако има такви,а верувам има бидејќи бевте скоро сите во последните недели) Ние со бебушко сме добри. На последниот преглед пред неколку дена, ни кажаа дека дефинитивно е машко Пресреќна сум. Се било во ред, а веќе почнав и интензивно да ги чувствувам движењата иако уште нема убаво клоцнато. За тоа ќе почекам неколку недели. Докторката уште рече и дека малку е поголемо отколку што треба,а јас незнам што точно тоа значи,а и докторкава ќути како заливена кога ќе и побараш да ти објасни нешто, и тоа малку ме загрижи,ама се надевам дека ќе биде се во ред. Дека ништо и не ми преостанува освен да се надевам,ете до толку се непрофесионални кај нас, треба од сајтови и статии и страници по интернетов да дознавам што се случува со моето бебе,оваа уста не отвара дури ни должина ни тежина да каже, треба со клешта да и ги вадиш зборовите. Како и да е мамички, бидете ми поздравени и добри заедно со вашите мешковци, па се ќе ни помине кога ќе си ги гушнеме за прв пат
Хеј девојки, да ви посакам убава недела...јас сум супер. Празнично расположена, малку ми е мака кога ќе ми текне дека утре полагам и треба да учам, ама тоа е ќе помине. Инаку бебушко е многу немирен,тоа е чудо едно, лумпува овие 2 дена. И едвај чекам да го видам за 10 дена на контролата.
добар ден женски гледам сите расположени ако бидете така.. јас синоќа се утепав од мочање буквално на секој пола саат одев да мочам и кога станав у 4 ти сабајле до 7.30 око не склопив де на една де на друга страна...и се разбудив во 11.. може да се каже дека сум свежа.. бев на општ лекар да ме преслуша да не имам нешто на градите дека многу кашлам ама се е во ред и ми препиша ХЕРБИОН сируп.. имали некоја користено во поодминатите месеци сирупи.. искрено немам намера да го земам.. ќе се доливам со чај ама ме интересира ваше мислење.. позззз
Здраво женски и од мене. Супер сме со бејби еве сега ќе се спремаме ќе излегуваме да се подновиме малку некои ситници и ќе пиеме кафе со другарките па утре ќе одиме кај доктораката да се видиме дали сме Ок, колку сме пораснати, да се сликниме и така. Едвај чекам да дојде утре па ќе пишам во соодветната тема колку сме пораснати од минатиот преглед.
Beautiful-Princess обавезно ангажирај го мојов заврши работа од 00 и 30 сум со болки, ама не редивни, 1 прст отворена, дури 2 часа по ред ми се на пола саат болките до кога како ке видиме ... ама како ми е страв ... од сабајле ми беа почести на 7-8 мин, па после поретки на 40 мин,сеа на пола саат,ама како што поминува времето се се поболни и поболни.
хахах ајде бегај да раѓаш до вчера ги бараше болките сега страв.. нема страв... ајде нека ти е со лесноо и чекаме мекициии
гледам некои се спремат за гишкање со бебушките ние со мојата мала си се топлиме по дома и чајче и тв си одмораме,во среда имаме контрола па ке се зирниме малце,само се да биде добро со бебушка а ние ке го надминеме и најтешкото само да нашите бебушки бидат здрави и живи,потоа сите среќни,задоволни и радосни ви посакувам убавини
АМА неписмени се овие од фондот за здравство одам да сменам презиме на електронската картичка и кога таа ја прашувам и ми вика дај ми ја картичката еве ти пополни го ова и дај ми ја.Откако и ја дадов она ми вика сега треба барање да поднесеш од поново за картичка и да побараш сини картони. Еден саат чекав за сини и тој ме избаци од таму иако 3 пати му реков дека сум трудна ми требаат сини картони а картичката за оставив за промена на презиме. И фрлив книшка и се од нервоза. Додека уплаќав 250ден. се враќам тие затворено е. Епа сите по ред идете упм. И сега утре одам да поднесам и кој знае кога ќе ми ја дадат, значи неписмени се и незнаат да работат, јас се заебав што извадив ама морав оти ќе ми треба за во мај а и некогаш ќе мора да ја сменам. Ми кажаа а и сите документи ми се со ново презиме и ми кажаа дека ќе ми прават проблем при пораѓај па затоа отидов да ја сменам.