Ти ќе му набавиш на муж ти пушкомитраљез.Пошто се две да може да постигне човекот И купи му нешто меко за на тераса,да не го болат колениците од клечење
Јас овие ги пијам од 17 недела .. тогаш ми ги препорачаа. А сега сум 29 недела и 4 ден... Ги прашав кои магнезиум да земам од која фирма , специјалистот ми рече било кои.. отидов во аптека и вработените таму ми ги дадоа овие демек ко најдобри. Кој знае дал е така, јас голтам по две на ден па шо биде нека биде
Па добро познатото здрвување на стомак од една страна за кое сите прашуваат наназад сега е поизразено и почесто, и мене во гради ме стега, како грутка, тежина... Јас за половина не ама морам да се потпрам некако господ знае како кога мажми не е до мене да ми подаде рака Бебе ика постојано, посебно кога пијам вода и се нервира, само прета
Значи она повремено ,незнам како да го опишам ,сечење хоризонтално во пределот под градите е тоа уствари јас мислев желудник ме боли па пијам к.вода тоа сега почна да ми се дешава недела ,две Јас дома ќе се породам гледам јас,жива неписмена сум значи
Многу се радувам кога ќе го отворам форумов и има материјали за читање за со прво кафе, најслатко ми е така кафето Морам да ви кажам колку си се смеев ноќеска. Си се тркалам низ кревет, саатот 4 и кусур, јас абер немам од заспивање. Кога од еднаш осеќам некоја чудна болка на стомак, како тегнење на кожа, како печење, нз да опишам. Се допирам и осеќам тврдо. Кревам пижамата и гледам остро џумче. Беба избацила некој лакт ли, колено ли... го погалив џумчето и почна да ми се шета по стомак. И така едно 10 минути се тегнеше и ми го деформираше мешето и се изнагаливме. Колку најубаво чувство еве ја сега како куцам, пак збеснува и прави акробации Ве гушкам мешковци и сите по еднаш погалете ги мешињата од мене
Што подразбирате под тоа да не креваме тешко? Може глупо прашање, посебно за оние што веке имаат по едно дете дома па мора да го кренат во раце, но ме интересира, дали да се ограничуваме на некоја килажа од 1,2,3,5 или ? Некако премногу стресно ми делува кога ке погледнам дека сум кренала шише од 1,5 л или тежина од 3, па после си се окривувам и филм правам
Па не ми е под гради туку под папок од десно, цело бебе се грчи таму, притисок, тежина, така некако е
Не би можело да наштети шише од литар, 2,3. Јас го кревам синми одвреме на време(15кг) за во хранилка и сл. Ама сега поретко зошто стомак ми смета. Знам дека не е во ред но што се мора се мора а и телото ми е претходно навикнато на него. Немој да мислите дека поткревање стол да го преместиш може да ви наштети како сестрами што мисли, таа игла не крева, претеризам е тоа.
да се исповедам јас тука. Бев денес на контрола. Бебче одлично мрда ли мрда. Од минатиот понеделник па до ден денес (11 ден) не запре со мрдање првото ми беше мрзливо ова машала,нема да го собира за некој месец. Денес ми го кажаа и полот. Мужле. Второ па мушко а многу сакав женска засега е добро. Понеделник сум на втор скрининг таму сигурно ќе дознаам дали е машко или женско. ( се надевам на погрешна прогноза од матичниов )