Е сега ме замисли,минатиот пат кога ја прашав др ко да ми спомна во 20 и некоја недела дека се прави... Него не ми е јасно со тежинава на бебево, секаде пишува до кај 20 грама во оваа недела, кај мене е 60? Нешто погрешно е мерено во збунка сум? Рече дека е одлично,не спомна понапред поназад со неделите
и мене матичниот ми ги препиша. Минатата бременост ми даде магнезиум директ 375 ( ваљда ова се мг) ама последните 3 месеци. Сега многу порано ми даде магнезиум. И прегназон досега пиев сега ми ги смени во прегназон комплит. И тие исто 60 биле. Добро е ќе тераме подолго време со нив @Софија 88 една моја пријателка бремена 4ти-5ти месец дома варосуваше средуваа спратот и уште плочки од надвор носеше,сега вистина треба да се подзапазува ама па сега ако сме трудни не сме болни и сакати. можно е,во втората бременост порано се осеќаат движењата. Јас прв пат од 10тата недела осетив. Чудно е за опишување тоа чуство. Само мене во долниот дел ми беа тие движења. Сега последниве 12 дена авал да му е не мирува. Во 5ти месец а за во 8ми не ни можам да замислам ќе се научи ќе се научи. Ко ќе се роди и подпорасне ко ќе почне да беснее и те како ќе се научи леле женоо... Абе како??? јас со 5.5 железо што во историјата тоа најниско ми било мислев дека ќе умрам. Да не можам на нозе да стојам се само лежев,башка што имам низок притисок тоа ме доутепуваше. Ем лежев ем пак ми се вртеше. а што се испитува со тоа торч?
@marchi-cool Кратенка е од повеќе болести/инфекции и со ова испитување се гледа дали имаш антитела-си била заболена во минатото или си во моментот. Не сум сигурна доколку си позитивна во моментот дали се прима некоја терапија. Јас кога ја имав биохемиската гинекологот рече да добиеш една менструација и ќе направиме испитување, ама јас добив бебе на следната менструација па не го направивме и затоа сега прашувам
За торч има поделени мислења, од поново време е препорака за редовен преглед во бременост, мојата матична ме пушти,а др.од ивф ми рече не се замарај ако има нешто и без него ке се покаже, терапија нема избор што да се даде. За првото дете не правев, правев пред 9 години после спонтан. Така да не се оптеретувај многу со него.
Јас имам прашање за оние со дете, кои живеат сами, и може да се случи во тек на ноќта да добиеме болки, што со детето? Дали кај нас постои опција во болнициве и ако има во кои, пр. да се остави таму детето да седи, игра, спие додека мајката е на бокс?
Во Македонија мислам дека не постои таква опција, ке мора да имате некој на кој ке му се јавите кога ке дојде тој момент за да го причува другото детенце.
Јас си се разгалив ептен да ти кажам. Потешко од 3кг немам кренато. После еден спонтан не планирам сила да покажувам во бременост. И за ништо не се замарам, туку си правам како мене ми одговара и си одмарам повеќе. Е сега здравје наредна бременост сигурно нема да е вака со мало дете, ама сега кога можам зошто да не. Чувај си се колку што можеш повеке.
Мене како најдобри витамини ми ги препорачаа прегназон, тие ги пијам и добри се.. не ствараат потешкотии на желудникот... во комбинација со магнезум.. специјалистот ми рече плус магнезиум да земам... и сега за сега ми се покажаа како одлична двојка .. за во иднина ќе видиме ... инаку цената на прегназон е 900 ден но имаш за два месеци (60 капсули по 1 на ден)..
И јас пијам прегназон, супер се. Имаат во нив се што треба и железото цел живот ми е под граница, сега супер. После 12 недела треба да се пие прегназон комплит зошто имало во тоа плус омега. Каков магнезиум пиете? Прашак во кесичка или таблети?
Магнезиум таблетки... од 17 недела ми ги дадоа овие ко демек најдобри .. до ден денес ги пијам... (задутре влегувам во 30гн)
Се чуствувам евентуално ахахахаха шала на страна јас можеби ќе бидам една од ретките што тетминот ни за малце нема да си го дочека,нешто како @monik55 . Вчера бев на контрола по циклус 34+4 а според ехо 36+6 буцко 2900гр. цтг ми правеа мирно беше. На 16ти повторно сум па можно е царскиот да се закаже официјално. И така од 13ти мај краен термин се симнав на 29ти април од што сум нестрплива. И плацента зрее,се понаша синко мој како голем,и ми кажаа не тераш до термин хепи . Али балон сум секој ден се поголем и поголем стомак имам
Девојки, бебе го осеќам многу доле, незнам како фа објаснам, ко да притиска баш под линијата до кај што растат влакна. Од вчера многу притисок ми прави па и ме заболува. На последен преглед беше со главчето надоле па тоа дополнително ме плаши. И е преактивно за разлика од други денови. Инаку 30 недела сум. Незнам дали да одам на дежурен или што да правам..
@cinderella5 исто сме ти и јас.И јас ја осеќам така по некој пат во денот,изгледа како да притиска на бешика ама ќе легнам и ќе се помести ама додека седам и стојам притиска. @beba@meba Исто пијам прегназон од старт ама последниве 4 дена повраќам штом ги испијам.Мора да барам замена. Иначе се изненадив тотхемата колку ми е вкусна Пие ли некој Пре-мама? Какви се или да не купувам ништо и така пијам тотхема,метилирана,магнезиум ,калциум, В6 и В12
Сакам да тркнам до Чаир ама дан ми се испонашаат незнам што да кажам. Мене притисоков константен ми е и ме боли, затоа ми е страв...