Ако веруваш вчера во задник скроз доле го осетив како напон кога мрдна, не се потресувај така ми е цело време доле ме шиба. А зошто да те плаши, таа положба е нормална веќе.
Кај мене како на филм беше Од краен термин 16 јануари дојдов на 26 декември а на господинот искочи на 14 декември 3400 се роди можам да замислам колку ќе беше до крај да го носев. Јас не бев ни полна 36 недела.
Јас ги пијам Пре Мама и сум мн задоволна. Не ми предизвикуваат гадење, а крвта ми е одлична, дополнително зимам само магнезиум. Језда никогаш не сум ни имала проблеми со крвта, иако сум 40 кила со се кревет и сите ме праат анемична
Епа такви ќе купам сега.Ни јас немав проблем со крвта ама од две контроли една по друга серумското железо од 32 на 15.5 и на последна 5.5 ми спадна.Ептен ми се спушти и морам сега да го средам
Штикли во бременост не се препорачуваат заради можност да свиткаме зглоб,истегнеме мускул или да не паднеме, што всушност може да се случи на секој...
Офф и јас очекував дека ќе ми падне, ама пу пу пу да не се урочам под 22 не ми се симнало. Бајаги нагло ти паднало тебе. Пробај ги и појачај на исхрана, сигурно веќе знаеш што е богато со железо да не ти набројувам Едит: внесувај и поише вит ц, помага да се сврзе железото
Јас месо само кога ќе ме натера мм, во принцип не сум љубител на месо, сега па ич не го можам. Ме фаќа на цака не го јадеш за тебе, за бебка е, па така неволно со пола уста ќе си лапнам. Ама затоа ненаситна сум за сладолед. Цел живот да собереш немам изедено сладплет колку последниве две недели. Можам цела кутија да изедам, мм со сила ми ја тегне кутијата од раце, па уште и лута сум зашто не ми дава цела да ја изедам
Девојки искуство со хемороиди во бременоста? Немам крварењеама голема болка при седење и сл.. кај ми искочија сега, баш за викенд..
Лед во кесе стави,седни на wc шоља и држи,ке ти се здрви од ладното задникот но издржи 5 мин. И доколку не те болат при туширање со по ладна вода притискај нежно навнатре за да си се врати.
И јас си правев до @Ive13 сладолед и се кркаше у големи количини ама ми најдоа скриен шеќер и плус анемична.Е сеа сладолед само гледати не пипати , ма никаков шеќер.Денот ми поминува со ред органско црно чоколадо Ми иде да седнам кај апче ,се да изедам и излози да им излижам од што кризирам на моменти,ама несмеам. Месо црвено мора да внесуваш и жолчки за да се врзе железото.Ајде ништо страшно,сега за у торбица покрај кутија цигари,лименка пиво ,ќе си стаам и 3 кутии ишлери
сега баш ја отворам мајчината книшка. има во една графа пишано серолошки анализи и прво е пишано torvh инфекции. во наод пишува рубеола и уште нешто не можам баш да го разберам (ако може од телефон ке ти пратам слика во лп) значи дека сум боледувала од рубеола?