Оооо колку сладолед си изнајадовме оваа зима лепотица јас и ти повеќе и од цермат што може да произведе хаххахха јас ова со шеќеров го прескокнав хахха успев да го убедам гинекологов да не испитувам скриен шеќер ама за тотхемава незнам петок сум на преглед ќе му речам давај друго повраќам пак неможам вака до крај
Јас си правам чај од коприва,му ставам витамин Ц од 1000ка и кога ќе се излади скроз ја ставам тотхемата и со цевче го пијам чајот.Ок ми е така.Вкусно е и не тера на повраќање.Пробај ќе видиш.
? имам вакцина примано ама искрено не знам дали сум боледувала. Баш ќе ја прашам мајка. Значи имам стекнато имунитет или...?? А исто и во претходната бременост си ја најдов книшката пишуваше кај рубеола IgM + и ако некој може да разбере и да прочита кај наодот од последниот пап тест.... Има нешто или не? Докторот ништо не ми кажа. Да имало нешто ќе кажеше ќе дадеше терапија
Вака така у мени ќе те стават у некоја кафана “ коктел за анемични со цефка - цврцни ме на екс” @Emma2 како ги затепа по список. Ам ако треба и од овде листа да ти пуштам провери ги И @Ive13 конечно пиша нешто. Те забораив @Happyinlove што јадеше задни месец, кажи ја тајната? Само со лесно, кај и да е нема уште многу.
Душа, не сакам ни да замислам какво е чувството да не смееш благо. Ама ајде немаш уште многу, после пораѓај уште на бокс вади ишлерите и замези си Е жолчка ама јас сум смешки со јајцата, јадам, ама ми прават гасови и опасно по живот е да си ми во близина...дури и кучево бега од под ќебе тогаш
Тука сум лепотица читам се ама и на работа дека одам и поретко пишувам до гужви сме сега.како си ти како е малата лепотица?бакнежи до двете
Убо, убаи сме. Ам ајде доста ти е работење, оди одмори си дома. Јас да ве допратам до јуни и свечено да ја напуштам темава. Прво да ве приберам сите доле во темите да не е досадно
@FreeMind ееее тајната за мојот успех што моето бебе е поголемо се состои од јадење чоколада (и останато благо) од средина на 8ми месец па до крај, и уз пут по некој нервен труднички излив дека мажот те изневерува
Така мила додека да се породиме јас @Emma2 @srekice @Happyinlove и остали немој да ти текне да не напуштиш
Ам @Happyinlove готова е ене чека пред породилна со чоколадото, @srekice си цврцка лимонче, а @Emma2 ред им праи милана со стап во рака. Само ти иве одиш на работа друго е се преварантки што би рекле старите. Ние кога бевме бремени кошеви товаравме, е бабо мене уште кош ми фалеше се друго имав )
Абе ти си си среди работа, те боли цеф Мене ми дојде таквото на гзот и морам експресно да му ја мислам... жено ми рекоа за месец дена можам комотно да ги очекувам Скренав, нишо неам од инвентар, а почнав и да се туфкам околу првично избраниот доктор Се на се, врвка ми е, не ме ј*би Седи она за сеир да ни фаќа, знам ја Ама во Мајчински за секоја ситница ќе и се обесувам, ќе и вратам Нека седи сеа, нека крка семки/кикирики Ај бацка до малечката, и гушка силна до мама! Хахаха леле ја вчера помислив да не ме вара замисли... кај моите сум деновиве, нешо ВЦто го праиме.и ми вика отидов до кај братми на пиво едно... беше вечер, а претходно дојде да се видиме...не спомна нигде дека ќе оди... се подзамислив малце, највише пошо пред некој го бев лом напраила јер ми се споија жички мички, викам да не сум му прекипела па да сака издувавање Жени бе
То сигурно само здравје со лесно да си се породиме и во мајчински ќе и досадуваме туку вие што ми правите?почна да се спремаш купуваш нешто?јас само две три работи ако имам земено а и многу имам од Бисера па ќе видам здравје.погалими го мешето со моите краличиња
Алиштенца изнакупив срце, уште инвентарот ми остана, уште не се паднати конечни одлуки ама ќе мора да се убрза, лета времево, уште месец и нешо имам, чим поминам 32ра ми рекоа може да затропаат за искачање во секој момент..а јас еве 29та ја ситнам...добри се, левава ми лудува по цел ден, шета во својата половина од една на друга страна и се шо може од акробации си праи, а десната е помирна, само ќе се јави за поздрав и толку Бисерче спремна ли? За мама знам дека е, си има искуство се ќе постигне Ве гушкам! Ќе да е, да видам дал ќе ми се повтори
Значи и порано може да се породиш па да со близнаци е така.супер баш ми е мило се ајде се ќе биде.Бисера е многу љубоморна не знам што ќе правам и зборувам колку можам ама страв ме фаќа што и како ќе биде.знам дека е нормално да се љубоморни ама сепак ми е страв да не се поставам погрешно па дополнително да и се зголеми љубомората.здравје додека да се роди па ќе видам што како
Да знаеш колку само ве чекам па и скроз да ми се обесиш! Сега ќе потрчкаш по инветар низ веб странициве, тоа и не е битно. Гледај докторот да го погодиш.
На Костадинов од Систина е голема веројатноста да падне изборот... да ти бил наш човек, не сум знаела јас а ни мојов извор кој мислел дека е само хирург во Систина а он да ти правел и царски .. здравје, изгледа он ќе биде... Инвентар отприлика знам што сакам и веќе имам таксано, само да се купи треба! Е уште козметика ќе остане за почеток на бебулињава, и за мене уште една спаваќа резервна + папуча ( само свое си е свое) .. и така! ... Финишот е пред нас, Боже како летна времево!
Ајде мајчински инстинкт ќе ти каже најдобро! Нема да погрешиш знам, ќе ја вклучуваш во се, ќе и направиш како игра и ќе почне полека да свикнува на новиот член. Душа мила, осеќа дека треба да те дели! Ќе биде се во ред! Паметни дечиња ќе ни бидат..
Имам проблем.. Можеби некој ј се соочил со истиот... 5 месец по поаѓај, 3 менструација помината, се ок .. Немам млеко, освен по неколку капки на стисок... Но приметив 2 недели наназад ми тече и крв од едната пупка и измешано млеко лигаво жолтеникаво и кафеаво.. . Градите не ме болат и не се топли ни тврди... Многу се измолзував до 3 месец со стисок што повеќе да извлечам млеко, ... Ке одам на доктор но сум во паника .
Ај да се пријавам и јас денес конечно седнав. Кејфови сум, средував фиоки за бебушот Почнувам да сум нестрплива вака кога ги гледам работите @Ive13 мила немој да се секираш, т е разбирам потполно, само што моево е помало, нема да има уште 3 год. Знам дека и тој ќе е љубоморен верувај истиот страв го делам со тебе, но јас мислам доволно внимание на поголемото и малце помош и се ќе биде како што треба, а и лето ќе е здравје, прошетки со тато, баба, дедо, и ќе му врви времето, полесно ќе се привикне, убаво зима шо нема да е немаш што да го залажеш.