Ема како ти е возбудата тебе што си во исчекување дупло? Те фаќа малце паника дека 2бебиња? Колкави се сега малите штом ти рекле во 32 можеш да ги очекуваш?
Почнувам да се плашам..во четвртокот имав контрола високиот ми беше 140 и ми рекоа да следам секој ден 7 пати ако измерам 140 одма во болница и еве од тогаш пратам цело време си е 140. 37+1 сме
Обавезно на лекар.Пријателка се породи пред некој месец.Имаше висок притисок и пиеше лекарства.Да идеш утре на лекар.
Пред недела дена на трет скрининг, 1140гр. едната, 1060гр. другата. Близначиња до 2 кила и нешто се раѓаат, толку се... ќе пркнат поише за месец дена, еве месец и нешо нека е.. Најубаво е да и поседат во природен инкубатор кај мама ама ако решиле да излегуваат, после 32ра ќе се развиени и спремни за тоа. Така др. Петрова ми кажа кога бевме на скрининг. Во 32ра здравје Боже ќе одам пак, па тогаш и цтг ќе треба да се почне да се следи... Сум возбудена и тоа многу, по цел ден сум преокупирана што како ќе биде, знам само дека приоритет ми е да се облечени, да има на што да спијат, да се наранети и то ... се друго отом потом... Секако помош ќе треба, за почеток златна мајка ќе ми се најде, мужево исто ќе мора да свикнува и помага и тој, свекрва исто имам душа жена, па со Господ напред ќе се снаоѓаме... белким ќе ме бива!!!!
Ќе те бива зошто да не, се тоа само иде, ќе видиш одма ќе знаеш што да правиш само без паника Па да, колку што знам спремно е бебе за надвор околу 32,33,недела. Дај боже да си поседат малце подолго, да попливаат уште. Ангажирај таму све живо и диво, ич не му ја мисли
Се надевам лепотица ја знаеш ти ситуацијава се имаме пишувано што како ама сепак страв ми е.сега и зборувам за да ја спремам а здравје кога ќе се породам ќе ја терам да ми помага за да имаме повеќе време да играме за нас ако го заспиеме бебето итн.таа пред да наполни три години по сопствена желба побара да спие сама и да и направиме детска соба ама сега сака со нас да спие и вика нема место за бебето во спалнава затоа само јас ќе спијам така.нон стоп и зборувам во моментот во ред ме слуша добро вика ама после некое време пак истото ќе го фрлам ќе го избркам и така. Баш супер сите си се спремивте јас уште абер немам хахха ајде си викам само има време ќе поткупам уште нешто ама времево брзо поминува
Да кралица се така постапувам уште од сега со многу зборување баш вчера во маркет и кажував какви памперси ќе купуваме и двете гледавме и така морам да ја вклучувам во се за да не почуствува воопшто дека е запоставена
и мене ме испаничи. не сум чула за таква појава досега но веднаш оди на лекар. Инаку да се пофалам денес се изнашетав. Возбудена сум утре треба рано да станам ќе одам до скопје на скрининг ќе си го видам бебко на 4д. Па од возбуда оди заспиј да те видам.
Јас, да те породат итно треба да ти биде 180, мене така ми рекоа. Мене ми дадоа терапија метилдопа на 150 и до некаде ми е стабилизиран. Јас ако кренам над 130, одма ме боли глава, го осеќам. Ама обавезно на лекар за терапија. А отекуваш?
Кога ми е над 130 срцево ми чука забрзано друго ништо, не отекувам, ќе побарам утре терапија ако ми дадат
Јас бев и на нефро, носев холтер, и покажа низок притисок и ддимери ми дадоа да испитам и тоа беше ок, и на крај на клиника ми кажаа ако качеш 140 диазепам, 150 метилдопа по потреба. Јас само еднаш се напив. Е сега почнав да идам кај гин што ќе ме пораѓа дека сум 37, а плус почнав често да качувам и ми рече да си ги пијам до пораѓај овие за притисок. Многу е битно да ти го види протокот на крв на папочната, од тоа знае да биде покачениот притисок. За отекување те прашав, јас и тоа испитував да не имам протеини у мокрача, заради преекламисија, ама и тоа испадна ок.
А во која недела се проверува проток на крв на папочната? И јас сум 37. Прва бременост појма немам ништо фала многу
Па мислам дека е по потреба, ако мисли дека има некој проблем, барем јас така приметив. Инаку е тоа е доплер, кога те гледа на ехо, го гледа и тоа со самото ехо.
Здраво женички мешиња како сте? Неколку пати отварам читам и никако да пишам, многу ми фалите ама немам многу време да седам тука. Неможам да дочитам што се има ново гледам кај некои почнала еуфоријата за спремање и се присекам како ми беше и мене, дефинитивно најубавиот период од бременоста, спремањето за бебка Ви посакувам на сите брзо да ви мине времето до денот Д а тој пак најбрзо нека помине и што поскоро да се гушкате со малите душички, со нив ке заборавите се и бременост и пораѓај и се, само ке чекате да поминат неколку саати од последниот оброк за пак да се разбудат и да ве погледнат со тие преслатки очиња Поздрав од нас мешиња, време е за мама да дремне малку
Ај и јас да пишам малце на темава со мешиња. 12+4 денес, некако бавно ми поминуваат неделиве. Едвај чекам утре да си го видам бебо, прв скрининг, возбудена сум многу можда и ќе кажат шо е. Туку вчера прв пат осетив едно тупкање од внатре, т.е 2 пати на исто место, од десно на висина на папокот. Маж ми вика не бе рано е, можда така ти се чини. Ама не бе, знам какво е чувството, сигурно беше то. Првото некаде 17-18 недела мислам го осетив. После си го загледав мешево, абе пркнало ко топче ми е. Добро имам и салце од претходно ама не е битно, меше си имам пораснато. Едвај чекам да се вратиме да им кажам на сите. Иначе и јас не се пазам многу кога малово цело време е со мене си бара да го кревам, за пресоблекување мора да се наведнам, ручек, алишта, да средам, цело време сум активна. Ама фала богу немам мака со лошење сега, па не ми е проблем. Туку шо сум смотана, наместо да си земам и фолна и витамини, јас само фолна, не израчунав дека до 18 недела сме овде. И сега ко ќе ја допијам фолнава ќе немам. Шо знам шо да земам дан не ми се погодат. Ај небитно. Да одам да спремам ручек за малово дур спие, поздрав.
Лепотица моја како сте како е бебуш?немој да не заборавиш уште малку имаме до крај биди ни подршка ве гушкам