@ Добро утро сонциња Време никакво надвор,ама расположениево може да биде на нивоу ,кој го врти времето Инаку неможам пак да спијам навечер,пак онаа глупа болка во колковите ,т.е коските и грчеви во листови. На вртење ме боли под желудник,да не имам кила ме затега и болка осеќам додека се завртам Инаку сите што сте пред мене @Happyinlove ,@Ive13 , one and only ,Dear @Emma2 и кој уште заборавив нек се тагне,слободно пораѓајте се таман ќе ви досаѓам со прашања после што и како Мене страв ме фати како ќе чувам бебе,што ќе му правам
Мене одма ми летна времево Ќе видиш ке го сака бебето најмногу на свет, таа е сега исплашена за вниманието да нема помалку за нејзе, но штом ќе види дека не е така ќе се смени. Исто вака една брачеда, ќе ти го фрлам, ќе го отепам, па еве од кога се роди се неразделни.
Ќе му правиш што ќе побара, да видиш како ќе знаеш Абе ќе не вртат како вртелешка, ќе правиш се за негово добро, е тоа ќе правиш А за желудникот може тропа таму ако е малце повисоко, на нареден преглед спомни да те видат, не верувам дека е страшно.
Тука сме лепотица да не ми се грижиш воопшто @Happyinlove @Adeline се еден месец пред нас а и @Emma2 со близначињата ќе биде пред нас така да ќе имаме искуство.јас и ти по термин два дена сме разлика само здравје се ке биде во најдобар ред
Труднички возбудени а? Како поминува времето и мене страв ме фаќа, па гледам да не мислам на пораѓајот. Вчера другарка се породи, ми јавија од МК. Светов побогат за уште едно девојченце. Мене вториот скрининг ќе ми биде нешто подоцна.. доктор вели да не се секирам за тоа. Му верувам. Бебе е се поактивно и конечно го чувствувам малку погоре од вообичаено, претходно го чувствував само ниско долу. Оваа недела дена пак ми се вратија гадењата. Пак повраќав. Маж истражувал на интернет и убеден е дека се чувствувам лошо оти преминувам во нов месец од бременоста. Јас на толку гуглање, никаде не дојдов до таква информација. Иначе ми се појави и чешање долу. Од надвор само, ама доктор вика секоја инфекција почнува од внатре, без разлика како ја осеќам. Ми даде крема да мачкам, ако не ми помине да одам да ми препише вагиналети. Работата е што кога не мислам на тоа, можам да не се почешам и цел ден, ама затоа кога ќе ми текне на тоа, одма ме зачешува. Па на моменти стварно не знам дали ми е до психа и си имам сама нешто увртено во главава или стварно ме чеша.. Може да му наштети на бебето?! И сеа оти само мислам и премислувам.. што ако ми е до психа повеќе, а побарам вагиналети за секој случај.. пак, може да наштетат вагиналетите во таков случај?
22 недела од денес и се ме бооооли Препони,кичма,грчеви во нозе. Како раштрафена сум а тек што ме чека. Не знам веќе дали ми одговара да лежам повеќе или да движам. А и така до 4ти без лифт ми е патешествие Времево крш, па ќе дремеме дома денес Ај гушки.
Оооо @srekice каков страв па едвај чекам да се запознаеме со син ми страшни ми беа сите недели до сега,сега не се плашам не читам,не прашувам знам дека само по себе си иде инстинктот мајка не се учи да се биде,се станува. @Мариаа. Да се движиш сега највише,барем јас се движев и бев активна второ и трето тромесечие прво го прележав. Али од вчера вејќе почнаа болки кај мене во зглобови на стапаала,раце многу стежнува и како непријатни бодежи во стомак при движење абееее Не се жалам вишее
Многу често се јавува чешање во бременоста, мачкај крем надворешно и со прстот нанеси и внатрешно околу отворот. Ако не, земи си вагиналети, немаш штета од нив, само да ги ставаш со прсти, не со апликатор.
Ве читам сите но немам моментално многу време за на форумот. @***Bony*** мила уживајте си со бебка! Верувам дека среќата е неопишлива. Полека и ние се спремаме, алишта и други работи. Но сакав да ве прашам дома што користите за убав свеж мирис да има?? Сите оние спрејови се со хемикалии. Нормално проветрување, ама друг начин?Сакам убо да ми мириса и сега и бебка ко ќе биди со нас.
Добар ден и од мене мешиња Како сте ми? На работа дремам , немаме мн работа како си заседнав ми доаѓа да заспијам. Надвор врне, тмурно баш за спиење е.. Јас од утре 13 недела мене па многу брзо ми поминуваат деновиве , неделиве да ви кажам. Инаку сега од утре сум уште во 3ти месец или 4ти сум ? збунувачка ми е неделава , во кој месец спаѓа се мислам Ми се јави пред малку гинекологот резултатите од приската се одлични , ајде помина и ова За 12тина дена ќе одам со ќерка ми во Македонија ќе бидеме таму за Велигден околу 2 недели одвај чекам да ви кажам Имајте убав ден
Мешиња, помош! На работа се појавија мали сипаници, и почнав да паничам. Од дома работам сега, ама сепак имав контакт со една од болните. Инаку сум 33та недела и немам прележано сипаници, ни мали ни големи. Вакцинирана сум уште како дете. Има некоја искуство да сподели ако била трудна и добила сипаници?
Женички а витаминиве дебелеат?сите ми викаат дека мн ке ме здебелат витсмините и уште едно прашање после 28мата недела на колку време одевте на контрола?
Да мила среката е нешто што со зборови тешко може да се опише, несакам да спијам сакам постојано да ја гледам ми фали ако не ја видам или ако некој ми ја земе малку ми велат одмори ние ке ја чуваме а јас неможам око да склопам без неа забегав дефинитивно За мирис мила верувај цел стан мириса на бебе од облека до постелнина од нејзините креми шампончиња, од детергентот за алишта од се проветрување правиме на секоја соба затоа што секаде ја шетам и тоа е доволно верувај нема потреба од освежувачи
Еднаш имавме слична ситуација со трудница кај нас на работа и и кажале дека штом не е на почеток од бременоста нема ризик, незнам колку е точно како инфо знам само
Хелоу мешковци Јас денес бев на контрола. Се радував ќе искочам од дома, ќе ме фати малце сонце и нормално мораше да врне. Баксуз невиден сум Бебка немирна, во сонда маваше боксови, едвај и измери откуцаи на срце. Кило сто и нешто грама сме, расте сонце мајкино Ме прати на трансфузиологија, малку сумљива и беше постелката па да видиме дали ќе треба клексани или ќе си продолжам со аспирин само. Молам Бога да не треба, само уште клексани ми фалат Ме напна една баба додека чекав таму на шалтер. Абе да се испика преку ред у стомак ми влезе. Ја погледнав во стил кој ти е проблемот и ми вика девојче може да ме пуштиш стара сум нозе не ме држат. А јас едвај стојам, топло внатре нема воздух, стомак до заби... и ми се спои некоја жичка, хормоните плус, кога сум и спискала таму во сред чекална, во три лепе ја отерав. Изгледа не очекуваше таква реакција, се стаписа. И не ми е криво. Без осет се стварно! Ве гушкам
Фала мила. Не се сомневам дека ќе бидам иста како тебе... Залепена до малечката. Ллеле одвај чекам в раце да си ја држам. Сега почна поќе да се чувствува, а и кога сме со татко и заедно клоца цело време. Душичка, знам дека не осеќа кога сме двата и и збораме и ни враќа и таа. А за то да во право си, ќе мириса најубо тогаш. Убав ден миличка. Надвор ладно во душата топло.
Ц Ц. Ц ме изиритира со случката и морав да пишам. Ги разбирам дека се стари ама мора ли да ги сожалуваме за се?? Мислам најреално нормално ќе пуштиш постара бабичка пред тебе кога си во нормална состојба, но бремена ли?? Знаат бе тие колку на трудниците им е потешко, а плус и да не чекаме во гужва во контакт со поќе луѓе може има и болни, настинати .. Ајде свашта Арно и си кажала! Gooo girl
Секогаш сум имала многу почит према постари. Така сум воспитана. И во автобус отстапувам место, и преку ред пуштам, и помагам на улица, и имам во обзир дека се стари и се тоа... ама се си има граници. Абе женана ми го откачи стомакот. Буквално ми влезе во стомак. И упорно се пика, па уште мртва ладна вика стара сум пушти ме, а ме гледа трудна. А јас по природа сум мн толерантна и мн трпам, ама ако ми пукне филм толку е. Сигурно било интересно од страна за гледање аххах
Тетка ми фати сипаници мислам околу 30 недела. Малку потешко и беше додека поминат но со бебето се си беше во ред, здрава права, ене ја момичка 9 години. Не плаши се, мислам дека само почести контроли правеше и до крај истера.
Ти благодарам, се надевам дека се ќе биде во ред. Планирам уште денес да идам во Авицена и да направам испитување на крв, барем да знам на што сум...