и мене ми беше вака, прво афти ми се појавија внатре во устата по недела дена баш истово што го опиша и ми помина само од себе, не отидов на лекар...за афтите гаргарав жалфија и одма ми поминаа...сигурно од намален имунитет ни е или евентуално нешто сме јаделе што не било добро измиено.
Софи кај мене речиси постојано беа 14 леукоцитите и не примав ништо не се секирај ништо не е нормално е да се покачени Аделинче не да болеа како скапани ми беа па ми требаше полека да се вртам на грб за да се опуштат па да можам да станам, со лесно мила Ах бре Иве ахх како си сега се опорави ли? Ајде издржи уште малку се гледа крајот на овој период а и почетокот на најубавиот
Смешна случка..вчера одам во Систина, се пријавувам на шалтер за прием кај еден доктор со кој усно имав договорено средба .. си се сместувам во чекална, ама стомаков луѓе машала ама стварно ми е голем... по некое време доаѓа сестрата кај шо се пријавив:" Ја се извинувам, за трудница се работи или"? Викам:"Ме зезаш"? Не, не ве зезам, сериозно прашувам. Викам стомаков не ми го глеаш? И се насмеа, и пак, Ве молам да не се зафркаваме дали сте трудница и која недела сте ако сте? .... абе фатив да се смеам, срцка беше, и одговорив најнормално
Бел слез може ли да се конзумира во бременост? аптекарката ми го продаде со Не би требало да штети А морам да смирам кашлица, сува, па со секрети, незнам ова хаос моево, ме држи...посебно на спиење, т.е пред спиење...
Емка сигурно си ко манакенка. Според реакциите на мед.сестра. И тоа со близначиња. Бравооо мила. Колку кила имаш ?
Бел слез некој вика дека може некој не.. вака за кашлица смирување земи сируп од исландски лишај... тој мене ми помогна многу.. во аптека ми го препорачаа ми рекоа дека е добар и дека во бременост може да се користи.. плус ми рече дека треба да пијам проанги бејби со прополис .. така пиев и мн ми се намали кашлањето.. исто и на нет најдов како да направам дома сируп за искашлување.. и тоа го направив, го користев... сега од што ми помина не знам ама битно сите се на прородна база..
Емка манекенка Браво мори жено Бел слез мислам не смее бејби прополис ти е права ствар. Мене само тоа ми помогна,и тоа спрејот,директ на грло да шприцаш.
Ох ти благодарам зошто почнсв да паничам. Прееска си помислив да не е спуштено бебето што толку болат?
Аа мислиш нема небремени со стомаци големи? Добро што не ти испаднало обратно, да ти речат бремена си а не си
@Ive13 што е ова што читам? Пак ли? Аа тебе те бендисал некој доктор остај таа работа Шала на страна, како си сега?
Има посебно испитување за сипаници. Ти ако немаш симптоми дека имаш сипаници, може бебето во стомак да фати. Многу е ретко, но се случува. Прашај го матичниот обавезно , ќе знае да те упати. Јас знам за случај во кој бебето фати сипаници во стомак , мајката беше вакцинирана. Бебето се роди здраво (сега е големо момче), ама ја следеа во бременост повеќе од вообичаено.
Фала ти најмногу иако и тој сирупот ми го нудеше ама некако чудна ми дојде состојката дека првпат слушам за нешо такво и викам да не екпериментирам, ама еве чим викаш помага, ќе го пробам и него! Хахаха и тоа шо викаш
Мене па ме нервира следново, зошто труднициве(нас) не гледаат како марсовци?! Абе младо, старо, женско, машко.. Будали се? Стомак не виделе? И тоа те мерат, боже боже. . Без срам
Тука сум лепотици сега примам пак инфузија.добра сум немам повраќано од сабајле.ми го нема лепотанот доктор незнам кога е на смена.
Женички како сте ми? Јас следната недела влегувам во девети и одвај чекам да помине да ви кажам. Киселини, болки во десно ребро, болки во срамна коска, отоци, ми притиска бебе на бешика некогаш мислам ќе се помочам. Згора на се стомак ме чеша се плашам дека ќе се појават стрии (до сега уште немам на стомак). И ме загрижува што многу често ика бебево мое. По 3-4 пати во денот го осеќам. Не знам дали е нормално. И кажав на матичната и ништо не ми искоментира.
Пробај... мене ми помогна.. две недели кашлав и тоа мн силно и длабоко.. добив воспаление на стомачни мускули од напон при кашлање.. во градите како да имав моторна пила која без престан брмчеше... уво ми се затна... со користење на тој сируп во комбинација со проанги бејби ми се намали кашлањето и "моторната пила" ја изгуби јачината.. после матичната ми рече да земам алмацин капсули затоа што грлото ми било црвено... и ете сега се е ок.. не кашлам и полека полека воспалението на стомачните мускули исчезнува бидејќи се масирам со руска водичка... убава вечер.. пробај со сирупот и ќе осетиш подобрување..