Јас по којзнае кој пат одам на цтг, во среда треба да одам, а сум многу настината, пијам чаеви парацетамол витамин Ц, се јавувам на болница, си ја кажувам состојбата оти настината а денес баш влегов во 37 г.н. Им велам море луѓе вака и вака ми е состојбата, настината сум, а и онака ме зезате цело време за породување, си имам јас нормални болки ајде што уште се чека?! Нема логика, докторот ми ја извади и постелката пошто ептен зрела, бебето карлично свртено, дојди денес за царски дојди утре, и одам јас така секој ден со торбица и чекам да ме породат. Ај да немам болки да чекаат, си одам на цтг покажува високи контракции, ми уклучуваат систем за намалување на болките и ЧЕКААТ, а што кој ги знае. Дали утре да се јавам и да им објаснам уште еднаш што и како ми е состојбата, не можам да издржам физички ме исцрпија! Не се чувствувам добро постојано сум со контракции цела недела, три дена константно силни болки што не е нормално, одам на лекар не сум била отворена ми велат и ме враќаат. А што морам да се отворам и онака ми е кажано за со царски. Ве молам за совет што да правам, уште утре да си прашам ако не ќе го фаќам Скопје. На овие или не им се работи или има нешто што не сакаат да ми кажат. Поздрав до сите, многу гушки и бакнежи, со лесно на тие што допрва треба да се породат, да им се живи дечињата на тие што станаа мамички!
Ти ја извадил постелката? Прв пат слушам вакво нешто. Јас да сум на твое место уште одма ќе си го фатам Скопје, одма. Ти посакувам среќа и со лесно да си се породиш и да си го гушкаш бебенцето поскоро
Аааа штом било тоа лекот се активираме вечер. И ајде веќе нека фатат оние вистинските болки. Јас сум веќе речиси 4 цм отворена, бев до матичниот неможев да издржам на ГАК сум дури во четврток, ама јас се надевам дека нема да чекаме до четврток. Не ми се оди без болки ќе ме задржат на патолошка, а таму е смрт. Подобро ми е дома, па кога ќе реши верверко тогаш нека излегува. Whitecloud дојди си ти во Скопје, па ајде може ќе се дружиме.
како тоа ти ја извадил постелката?? не ми е јасно.. а штом ќе те прават царски зошто да чекаш болките да те фатат не ми е јасно... какви бе доктори се тие секојразлично кажува... не знам мила најдобро да си одеш ск или пак се јави кажи им ја ситуиацијата дека си за царски и дека нема потреба да чекаш болки
Вечер го активирам муж ми не можам веке,од среда влегуваме во 39 а на синко не му текнува да излезе. Бев на цтг, топ е се ми вика дојди дури на термин ако немаш болки претходно затоа вечерва сите на работа па ајде побрзо да се породиме и да јадеме мекици. А како може без постелка, прв пат слушам нешто вакво??? батерфлај издржи срцка па наскоро ке се гушкате, земи со потопла вода истуширај се кај препоните и стомакот..со лесно
Ако не сум бремена редовно ве читам ептен ми сте интересни и одвај чекам да го осетам тој благослов само се по ред... Батерфлај ти ќе се дружиш со бебуш од утре како што гледам Само со лесно да ви е на сите и да ви се здрави и живи! А некој од бт ако има,чекам мекици!!
Како тоа ти ја извадил постелката?????? Јас за ова првпат слушам. Ти најарно уште вечерва спремај се и право за Скопје,не чекај веќе да не се доведе во опасност и твојот и животот на твоето бебе.
Во право си може мислеше на чепот. Ама како и да е нека си дојде во Скопје,незнам за кој град станува збор ама од таквата негрижа во другте градови колку жени си настрадаа.
мамицки само храбро се ке среди да знајте него казете дали за цтг треба упат од матицен гинеколог или како ја неам појма кога бев у 29 недела на контрола у дрзавна докторот ми каза од 33 недела да поцнам со цтг засто сум дијабетес инаку сеа сум 31 недела и казав на докторкава моја она ништо само ми даде упат за кардиолог и толку инаку кога сме кај кардиолозиве бев на преглед поради тахихардијата сто ја имам ми даде IZOPTIN од 80 мг да пијам по едно днево дали некоја од вас имала ваков проблем со срце и со овие апцинја зас бас се збунив
Dobro utro i od nas , nie sme dobri bebuska rotira , malku bevme rastrcani od sabajle mu pravev utrinska gimnastika na bebus, zasto tato zaboravil alarmot da ni go ukluci , ama bitno stignavme na vreme na rabota. Pozdrav od nas PS izvinete na latinica od mobilen pisuvam
Луѓенца, абе од збунетост не знам што пишувам чепот ми го извадија, да ми извините моја грешка, ми рекоа утре да одам за царски. Здравје ако даде Господ ќе се гушкам со малечкото за скоро време. На сите што во скоро време им е терминот со лесно!
добар дене од нас еве денес убав сончев ден расположение е подобро за разликаод вечер таква нервоза ме фати што бебушката цела вечер силно чукаше душичка на мама,се обидував да не мислам да не се нервирам ама ете некогаш се случува. се надевам бебуш е добро бидејки вечер силно чукаше,мило мое поради мама и тоа немирно,сонце на мама. денес денов почна на подобро се надевам ке заврши така,и нетот ми го пуштија од денес така почесто ке се дружиме со фемина и има доста што немам прочитано кај бебе е па мора да се учиме што и како со бебуш кога ке си го имам во раце ааааах ве читам и се радувам со тие што терминот им е блиску набрзо ке се гушкате со милите сонценца е па нели кога и вашиот термин е близу значи тука е и мојот ајде со лесно на тие што набрзо ке се породат
Здраво мамички како сте? Јас сум добра. Од тоа во петокот што се исплашив решив вчера да си појдам кај гинекологот да си се прегледам. И бев вчера докторката ме прегледуваше скоро 45 минути. Тоа што малку сум прокрварила било тоа што сега овој период овој трети месец се оформувала плацентата и 5 милиметри не била споена со матката била разделена 5 милиметри, но докторката ми рече дека воопшто не е страшно ништо и дека ќе се доофроми до крајот на оваа или наредна недела. Битно ми олесна. Бебето е супер одлично, 4 сантиметри сме. Бојжа работа, оформени рачињата се, ноџињата, носето, ушите се е оформено и се е во најдобар ред. Ме гледаше на 3д ли беше 4д ли беше поим немам ама битно го видов тоа мало суштество што е во мене како до мене да беше. Мрдаше со рацете, со рацете го криеше лицето па се тегнеше Божја работа. Како тоа мало човече мрдаше. Супер поминавме и ми рече докторката да продолжам да ги ставам Утрогестанот навечер пред спиење од други апчиња или други работи нема потреба, ми рече да одмарам да седам да уживам и така правам. Поздрав девојки и имајте убав сончев ден.
Прекрасен сончев ден,таман за пазарење.Од сабајле го однесов бато во градинка,јас на работа па прошетавме малку со мм.Се изнакупував за бебушка Си купивме цел комплет алиштенциња,пешкир за бебушка,боди,пантолончиња,холахопчиња,чорапчиња...Ммммммм ми се исполни душата со топлина Почнувам веќе да си бројам уште колку недели ми остануваат... Поздрав и ви посакувам пријатен ден