Стално, а прошетам малце се некој ме мери Нормално е икањето, и моево е исто. А за стрии мене ме чешаше се и мачкав се и сешто и од десна страна кај шо тегне повеќе имам стрии
мене со првото не ми минуваше времето. Дома седев ништо не работев,цркав шта да ти причам сега... Додека трепнам уште 4 месеци има до пораѓај
Добро утро мешиња како сте?јас сум подобра денес ме приклучија на цтг и го слушнавме термитчево бурна и весела ноќ на гинекологија Охрид две бебиња ни дојдоа на свет а еве уште едно си чека ред јас чекам уште една инфузија и така па најверојатно утре ќе ме пуштат дома.ве гушкам
добро утро/добар ден женички,за кого како.јас сега малку кафе па испијам на екс пошто колку може да се ужива мераклиски со кафе... за тоа ќе требаше да станам во 7 сатот. бебче да е здраво и живо мислам дека ко ќе дојде време само ќе си излезе вака во тишина на раат можам да си направам економски план за подготовки за велигден пошто еве го ближи. потоа и списоче за бебушко пошто додека трепнеш ќе летне времето. бидете ми поздравени и имајте пријатен ден
Да може, мене грлото ми беше ренде :/ матичната само сируп и чаеви од бел слез ми рече дека можам да пијам не штети
Добар ден Марчи и тебе. Па убо си го почнала денот еве и јас те дружм со кафенце. Списоче имам напраено од минатиот месец и за бебка и за дома, шо бришам (ко ќе го купам) шо дополнително си допишувам шо ќе ми текни отпосле. Убав ден имај си.
Буквало исто се :/ особено таа болка бо срамната коска мн ме нервира едвај станувам од кревет значи :// ама ајде уште малку остана па се тешам после ќе се гушкаме со бебушка која недела си иначе?
Дајте ми списоче на мене. Не знам од кај да почнам,ми изгледа како да нема да можам се да средам.Хаос ми е
Абе каква порака, пуштите списоче овде, на многу ни треба. Добар ден труднички убави Мешиња растат? Јас мислам многу голема сум како за 6ти. Може буце ќе биде моево. Најверојатно ќе е, оти и мама и тато не се за жалење. Со душа го чекам вториот скрининг, чекам гинеколог да се јави. Мака мачам со запек. Па јадев киви сеа.. Друго ново нема.. ако пишете списоче, да препишеме и да организираме шопинг.
Жени, мојов матичен ништо не ми спомна а јас заборавив да прашам. Нели имам читано овде дека од 36 недела треба да се оди на ЦТГ таму кај што мислам да се пораѓам? Ми кажа дека сега упати нема, дека кога ќе дојде време за раѓање да си отидам кај што ќе се пораѓам. Ама не ми текна за ЦТГ да прашам дали треба претходно да се оди. Вие како правевте?
Мила моментално твојот "омилен" боро е сношти беше мимоза оваа недела се тие двајца а друга од скопје на една недела се менувале
Здраво мешиња и од мене. Денес подоцна се активирам на форумот, зачистував низ дома ама кога сум паднала, среќа стомакот не го удрив. Ногата многу лошо ја превиткав. Се мачкав со масло за стрии, изгледа ми прсна на ламинат, не видов. Одвај на нозе се исправив. Еве сега лежам и малку ми се намали болката. И ова да ве прашам дали е дозволено да се поправаат заби во бременост? Вчера ми се скрши, не ме боли ама ми е страв така да го чувам.
Ллеле ајде арно не си паднала на стомак, битно си добра. Јас ги поправам. Одам после 3 месец и еве веќе 4 имам напраено и пак ќе одам. Бебка трга калциум од забите, а и таква ми е коската мене лесно ми се расипуваат морам да одам. Мојот стоматолог ми рече дека можи, нормално си е тоа, никаква причина нема зошто не би. Оди слободно, мислење од мене