ако ти дадам јас списоче ќе си речеш леле мајко е баш сабајле ќе сликам па ќе ставам тука па пазатете а и јас сакам да го видам твоето списоче. да не сум заборавила нешто да си пишам. праќај во лп.
@marchi-cool @ocicka2014 Мешиња коментарите се префрлени во темата Што се е потребно за новороденче? Таму го има моето списоче и плус на други мешиња шо дополнуваа исто. @ocicka2014 и мене термин ми е Јули Ако ви треба нешто пишете ми дополнително кога сакате. I'm here to help
и ти да не патиш од несоница? леле мене колку ми се спиеше првите 3 месеци... леле сега колку ич не ми се спие...
Само да ве поздравам женчиња Главоболки ужасни имам.Дали од времево дали од многу спиење,ама ужасни се
Бев во Авицена, ми испитаа IGG i IGM и испаднаа и двете нереактивни, што значи дека немам активна реакција на сипаници, но и дека немам имунитет за неа. Ме чуди дека вакцинирана се како што треба а вакви резултати. Планирам после бременоста пак да се вакцинирам, за секој случај за второ бебе да не се паничам како сега. Да дотуркам уште малце без да фатам, па после ќе најдам чаре.
Нее, јас спијам како топ, ама кога ќе ме разбуди малиов си мислам а со две?! Нема ич спиење, јас сум многу нервозна ако ме разбуди некој
И ние од Чарли имаме земено креветче, преубаво е. Додуша подарок од золва ми. За еден ден достава ни направија, продавницата е во тетово, ние во Скопје. Го наместија за 10 минути. Добивме креветче со 4 фиоки, предна рамка се спушта и крева, душек, постелнина, и мрежа за од инсекти. Плус, креветчето мозе да се нишка или не, по желба. Ние потоа си купивме и шкафче од таму за 4000 денари. Ги закачив ако сакате да ги видите
12 саати ,со прекин дур испратам муж на работа.Ме мрзи за у тоалет да станам.Си викам ако ми пукне водењак у спиење дур се расонам јас смешки ќе биде. Никад послатко не сум спиела,ни после трета смена
Море да можам и 15 ќе ги преспијам, ама неможам кемка ова малово, покрисе отскријсе А за водењак не се секирај имаш време од кога ќе пукне да поспиеш уште малце
Истото го имаме за синко, скроз исто, 2 и пол год е уште си спие во него, додека беше бебе го нишкав Сега купивме монтажно, со плус за пресоблекување такви тракатанци, играчки
Да ве поздравам девојки. Јас пак неколку ноќи многу лошо спијам. Се само се здрвувам, колковите ме болат, не можам да се наместам а тек понатаму што ќе се случува. И жештини ненормални ме фаќаат, скоро цела ноќ непокриена сум. Сакам на грб да си легнам, ама ете не било добро на грб да се лежи.
веројатно од времето е, а и од самата бременост може ...вчера дека беше облачно такво никакво мене нискиот притисок ми се качи, и едно време ми се споија со високиот за кратко и правец на лекар отидов, чим стигнав ко ништо да не било... дури ти се смејат ништо не ти е, супер ти е притисокот ми вика, луд ќе те направат, а јас си го мерев дома ...и денес некако ми е мутаво да речам